Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Home

ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ДЕЛУВААТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА О. ГАЗИ БАБА СЕ ИЗЈАСНИЈА ЗА СВОИТЕ ИСКУСТВА И ПРЕДИЗВИЦИ ВО ЗАСТАПУВАЊЕТО НА НИВНИТЕ ЦЕЛНИ ГРУПИ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 

На ден 22.08.2018 година, во Скопје, во Големата сала за Совет на општина Гази Баба, Коалиција СЕГА реализира средба со граѓански и младински организации кои делуваат на територијата на општина Гази Баба.

Целта на оваа средба беше да се идентификуваат искуствата и предизвиците кои граѓанските организации ги имаат при застапувањето на потребите на нивните целни групи. Информациите кои се добија на оваа средба ќе се искористат во дизајнирање на следна активност, обука за структурен дијалог и подготовка на позициски документи, која ќе се реализира во периодот на октомври 2018 година.

Вклучените организации ќе имаат можност да ги зајакнат своите вештини и капацитети за примена на метод на структурен дијалог како и за пишување на позициски документи. Исто така заинтересираните организации кои делуваат на територијата на о. Гази Баба по завршувањето на обуката ќе имаат можност да добијат менторска поддршка од стручно лице – експерт од Коалиција СЕГА при планирање и развивање на методологија за структурен дијалог.

Овие активности е дел од проектот „Оспособување на младинските и граѓанските организации за примена на методот за структурен дијалог“, кој го спроведува Коалиција СЕГА со поддршка на о. Гази Баба. Проектот се реализира во период од 5 месеци, започнувајќи од јули 2018 година.

 

ИЗВЕШТАЈ: „УЛОГАТА НА МЛАДИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИСКИ СЕРВИСИ ВО СОЦИЈАЛНАТА ИНКЛУЗИЈА НА МЛАДИТЕ ВО NEET СИТУАЦИЈА“

  • PDF
  • Print
  • E-mail

        

 

Извештајот за состојбата на NEET - искуството на ЕУ, специфичностите за Македонија и Хрватска ги презентира податоците собрани преку процес на сеопфатна работа и истражување за младите за состојбата на НЕЕТ на ниво на ЕУ и состојбите на терен во Македонија и Хрватска (регионот на Ријека). Извештајот е клучен резултат во рамките на проектот "Младински информативни центри оспособени за NEET" кофинансирани од програмата Еразмус+ на Европската унија, Клучна акција 2: Соработка за иновации и размена на добри практики, Стратешки партнерства во областа на младите, Стратешки партнерства за поддршка на иновациите.

Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА (Македонија), Удруга - Регионален инфо центар за млади Ријека - УМКИ (Хрватска) и Асоцијацијата - образование преку интернет (Полска).

Извештајот дава корисни информации за следните аспекти на состојбата со NEET групата:

-        Статистички податоци за NEET на ниво на ЕУ, Македонија и Хрватска;

-        Податоци за образованието и вработувањето на младите и специфичностите на NEET групата во врска со ова;

-        Анализа на владините политики за NEET групата, како и на постоечки мерки за решавање на потребите поврзани со образование, обука и вработување на младите во NEET групата;

-        Презентација и анализа на важноста на информирањето на младите, како и различни модели за воспоставување на младински информативни услуги на национално и локално ниво;

-        Податоци и наоди од спроведеното теренско истражување на 600 млади кои се дел од NEET групата како во Македонија така и во Хрватска (регион Ријека);

Младите во ситуација на NEET во двете земји се соочуваат со недостаток на конкретни владини мерки кои ќе ги задоволат нивните потреби за обука, образование и вработување. Постојат некои постоечки мерки кои понатаму треба да се прилагодуваат на потребите на оваа група. Младинските организации во двете земји би можеле да преземат проактивен пристап кон владините институции, да развијат и прилагодат разни младински информациски модели како веб-страници, портали, младински картички, младински саеми итн. кои би им служеле на младите во ситуација на NEET. Посебно внимание треба да се посвети на жените во групата NEET и мерките треба да се прилагодат на нив со цел да се мотивира оваа група активно да бараат вработување и образование. Податоците на терен за оваа група не може да се генерализираат, односно да се однесуваат на сите млади од NEET групата во двете земји. Ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се дефинираат различните пристапи кон оваа група во различни региони на земјите. За почеток, проектот може се фокусира на развој на онлајн алатки за да овозможи пристап на младите од NEET групата до информации како што се веб-сајтови, мобилни апликации итн. Друга можност што се препорачува и се бара од младите во NEET групата во двете земји се активности за вмрежување и споделување со врсници, но исто така и со претставници на службите за вработување, бизнис секторот и владините институции.

На следниот линк можете да го прочитате прирачникот изработен во рамките на овој проект насловен како: „Улогата на младинските информативни сервиси во социјалната инклузија на младите кои се во NEET ситуација“.

Last Updated on Thursday, 23 August 2018 14:48

 

ОДРЖАНА ЛОКАЛНА ДИСКУСИЈА ЗА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ ВО С. ОБРШАНИ, КРИВОГАШТАНИ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 

 

На 20.08.2018 година во просториите на ООУ Јонче Смугрески во с. Обршани се одржа Локална дискусија со млади во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер.  
Целта на локалната дискусија беше да се се приберат мислењата на младите и граѓанските организации за нивните потреби на локално ниво и да се дадат препораки за нивна имплементација во соработка со донесувачите на одлуки т.е Општина Кривогаштани. Со локалните млади се разговараше на повеќе теми пред се за нивните потреби за младинско информирање, начините на кои можат да учествуваат во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, соработка со Совет на млади и со општина Кривогаштани, улогара на граѓанските организации на локално ниво и квалитетно користење на слободното време на младите преку активности.

Во рамките на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“, предвидени се три локални дискусии кои ќе се реализираат во општина Кривогаштани во партнерство со Здружение за рурален развој, Локална акциска група - Агро Лидер и Младинска иницијатива за регионален развој - МИРР од општина Кривогаштани.

Преку активностите на локално ниво ќе се постигне поголема посветеност и капацитет на граѓанските организации кои ги застапуваат младите со цел да им се овозможи можност за учество во процесот на донесување на одлуки важни за младите во општина Кривогаштани.

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот "Подобрување на активната вклученост на македонските граѓанскиорганизации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот е финансиран од ЕвропскаУнија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK.

 

Page 6 of 71

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

SEGA in media broadcasting

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30