Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на приватност. Законот треба да ги заштити од напади на нивниот начин на живот, нивното име, нивните семејства и нивните домови."
Член 15, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Home

Последен повик за учество на вебинар „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ “

  • PDF
  • Print
  • E-mail


Кога: денес, 30 октомври, со почеток во 11:00 часот!
Колку ќе трае? Час и половина!
Цена за учество? БЕСПЛАТНО!
Како да се регистирам? Кликни тука: https://epi.clickmeeting.com/neet/register
На кој јазик ќе биде вебинарот? Овој вебинар ќе се одржи на англиски јазик.

*Овој вебинар ќе се одржи онлајн.

Коалиција на младински организации СЕГА Ве поканува да учествувате на вебинар на тема „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ“. ToT вебинарот е наменет за преставници на младински организации, младински работници и млади од цела Европа каде детално ќе се престават практични Младинско информативни методи за работа со млади во НЕЕТ ситуација.

Превенцијата треба да биде приоритет со цел да се избегне зголемување на бројот на млади луѓе кои би биле во ситуација на НЕЕТ и да го разбијат интергенерацискиот циклус на социјална исклученост. Потребен е проактивен пристап на младинските организации од цела Европа да обезбедат рана интервенција за да се избегне младите луѓе да се најдат во ситуација на НЕЕТ.

Со зајакнување на капацитетот на младинските организации, младинските работници и другите засегнати страни, ќе се обезбедиме поттикнување на социјалното вклучување на младите во ситуација на NEET, промовирање и зголемување на достапноста на професионално советување и насоки прилагодени на потребите на социјално исклучените млади луѓе во сите фази од нивниот живот. Преку овој вебинар младинските работници ќе се запознаат со новиот пристап во информирање на младите во НЕЕТ ситуација.

 

Проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади" има за цел да се зголеми квалитетот на младинската работа во адресирањето на потребите на NEET во Европа како и да се воведе и примени иновативен пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството. Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.

Last Updated on Tuesday, 30 October 2018 09:35

 

ДЕКЕМВРИ | Повик за учество на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци - Троген, Швајцарија

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на 24та по ред интеркултурна размена во детското село Песталоци во  Троген, Швајцарија.

Коалиција СЕГА, во рамки на проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” спроведува Интеркултурни размени во детското село Песталоци кои се посебна програма на која учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Интеркултурната размена во детското село Песталоци-Троген, Швајцарија ќе се реализира во периодот од 05 – 19 декември 2018 година (исклучувајќи ги деновите за патување).  

По завршувањето на интеркултурната размена учесниците имаат одговорност задолжително да се вклучат во имплементација на работилници за детски права наменети за децата од различните генерации од училиштето и активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.

Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2001/2002
  • Ученици од ОСТУ “Гостивар” – Гостивар, СЕПУГС “Васил антевски Дрен” - Скопје, ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес, СОУ Гимназија "Добри Даскалов" - Кавадарци и СОУУД “Димитар Влахов” - Струмица
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 20.06.2019 година

  • Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
  • Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории - ученици кои живеат во рурални средини, ученици од семејства кои се корисници на социјална помош/детски додаток, деца без родители, припадници на различни етнички групи, итн.
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
  • Кандидати/ки кои се во меѓусебни роднински врски или во блиски роднински врски со супервизорот или вработени во училиштето нема да бидат приоретизирани.

Коалиција на младински организации СЕГА ги поканува сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за учество да се пријават со пополнување на електронска пријава за учество на веб страната на Коалиција СЕГА www.sega.org.mk најдоцна до 04 ноември 2018 година.

Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју. Заинтересираните кандидати треба да приложат потврда од примања на родителите не постара од 30 дена на увид на денот на одржување на интервјуто.

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на е-маил  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ОВАА РАЗМЕНА!


Koalicioni i organizatave rinore - SEGA shpall thirrje për pjesmarrje në shkëmbimin ndërkulturor në fshatin e fëimijëve pestaloci Trogen, Zvicër

Periudha e shkëmbimit : 05.12.-19.12.2018

Data e nisjes : 04.12.2018

Data e kthimit: 20.12.2018

Projekti:“Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“

QëllimiPjesëmarrësit do të fitojnë njohuri dhe shkathtësi  në lidhje me të drejtat e fëmijëve, me parimet e dialogut dhe komunikimit ndërkulturor, anti-diskriminimit, mirëkuptimit të ndërsjellë, respektimin  dhe tolerancën në mes kulturave të ndryshme.

Përgjegjësitë pas shkëmbimit të realzuar: Përfshirje e obliguar e pjesmarrësve në implementimin e aktiviteteve nga planet akcionale të do të krijohen gjatë  shkëmbimit dhe të cilat janë drejtpërdrejtë të ndërlidhura me aktivitetet e projektit “Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“.

Kriteret për pjesmarrje:

  • Datëlindja: 2001/2002
  • Nxënës nga OSTU Gostivar - Gostivar, SEPUGS Vasil Antevski Dren - Skopje, OSU Jovche Teslichkov - Veles, SOU Gim.Dobri Daskalov - Kavadarci, SOUUD Dimitar Vlahov -Strumica.
  • Përparësi do të kenë nxënësit të cilët janë përfshirë në në projektin “Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“ (përfshirje në modeli Fëmija Avokat dhe /ose Organizatën e nxënësve).
  • Dokument të vlefshëm udhëtimi ( Pashaportë) me afat  vlefshmërie jo më  pare se data 20.06.2019
  • Kandidatë/e që më pare nuk kanë marrë pjesë në Shkëmbim kulturor në Fshatin e Fëmijëve Pestaloci.
  • Përparësi gjatë përzgjedhjes do të kenë kadidatët/tet nga  kategoritë e nxënësve të rrezikuar (nxënës që jetojnë në mjediset rurale, pjesëtarët e grupeve të ndryshme etnike, fëmijë nga familjet me të ardhura të ulëta,  e tjerë.)
  • Aplikantët që janë në lidhje familjare ose në marrëdhënie të ngushta me mbikëqyrësit ose punonjësit e shkollës nuk do të kenë prioritet

Koalicioni i organizatave rinore SEGA fton të gjitha palëve të interesuara kriteret e përshtatshmërisë të aplikojnë duke plotësuar një kërkesë elektronike për pjesëmarrje në faqen e internetit e SEGA www.sega.org.mk më vonë se 04.11.2018.

Kandidatët potencialë do të kontaktohen dhe ftohen për intervistë. Kandidatët e interesuar duhet të dorzojnë vërtetim për të ardhurat e prindërve jo më e vjetër se 30 ditë.

Nëse keni pyetje ose keni nevojë për informata shtesë ju lutem kontaktoni email  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  

KLIKONI KËTU PËR TU IDENTIFIKUAR NË KËTË SHKËMBIM

Last Updated on Tuesday, 30 October 2018 16:09

 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЗИЦИСКИ ДОКУМЕНТ СО ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРА ИНТЕГРАЦИЈА НА НЕЕТ ГРУПАТА НА МЛАДИ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Интеграција на НЕЕТ групата на млади“. Проектот се спроведува со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на овој проект е подобрена интеграција на НЕЕТ групата на млади преку зголемена соработка на младинскиот сектор со различни институции на национално и локално ниво. Пристапот кој го предлагаме е стекнување на подобро разбирање на НЕЕТ групата на млади од страна на институциите и младинскиот сектор на национално и локално ниво. За таа цел Коалиција СЕГА објавува повик за учество на Национална работилница за креирање на Позициски документ со препораки за подобра интеграција на НЕЕТ групата на млади. Работилницата ќе се одржи во периодот од 14 – 17 ноември 2018 година во хотел Бисер, во Струга. За учество на овој настан ќе бидат селектирани млади и донесувачи на одлуки од релевантни институции во Р. Македонија. 

Се покануваат сите заинтересирани млади (претставници од средношколски, студентски и младински организации, млади волонтери, невработени млади, млади кои  спаѓаат во категоријата НЕЕТ) да ја пополнат апликацијата за учество на Националната работилница на следниот линк

Краен Рок за доставување на апликации е 01.11.2018 година.

Last Updated on Tuesday, 09 October 2018 11:43

 

Page 2 of 71

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

SEGA in media broadcasting

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

November 2018 December 2018 January 2019
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31