Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"На децата со било каков вид на пречки во развојот треба да им се пружи посебна грижа и подршка за да можат да водат независен живот."
Член 23, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Home

ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЛАДИНСКИ И ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ НА СТРУКТУРЕН ДИЈАЛОГ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Во периодот од 05 – 07 октомври 2018, во хотел Амбиент, Струга се реализира обука за Структурен дијалог и подготовка на позициски документи. На обуката учество зедоа претставници на младински и граѓански организации кои делуваат на територијата на општина Гази Баба. Обуката се реализира во насока на унапредување на функционирањето на граѓанските организации согласно европските искуства и практики. Структурниот дијалог е инструмент преку кој се обезбедува дека мислењето на младите луѓе се земени во предвид, при дефинирањето на политиките поврзани со младите во рамките на ЕУ. Структурниот дијалог цели кон создавање на еднакви можности за младите луѓе во образованието и на пазарот на труд, како и кон промоција на активното граѓанство, социјалната вклученост и солидарноста меѓу младите луѓе.

Оваа обука е дел од активностите на проектот „Оспособување на младинските и граѓанските организации за примена на методот на структурен дијалог“ со поддршка на општина Гази Баба.

Last Updated on Tuesday, 09 October 2018 10:07

 

Follow - up активности од Летен Камп 2018 во Детското село Песталоци - Троген, Швајцарија

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 

 

 

Leten Kamp 2018

На ден 18.09.2018 (вторник) во Прилеп се одржаа последните две од планираните четири работилници од follow-up активностите на учесниците од Летниот камп 2018 во Детското село Песталоци, во Троген – Швајцарија.

Оваа година, кампот се одржа од 09.07.2018 – 21.07.2018 година. На кампот учествуваа вкупно 160 учесници, од 9 различни земји. Од Македонија, 18 учесници беа од средните училишта од Прилеп и Скопје. Во текот на Летниот Камп, учесниците се здобија со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓу – културниот дијалог и комуникација, анти – дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури. Задача на сите учесници беше по завршувањето на кампот, да ги спроведат акциските планови кои ги подготвија во текот на кампот во нивните училишта, со цел на своите врсници да им го пренесат своето знаење за темите кои ги обработуваа во текот на кампот, а истовремено и да се потсетат на убавите моменти поминати во текот на работилниците.

Учесниците од Прилеп, заедно со тим лидерите и супервизорите одржаа четири работилници, од кои три во СОУ “Мирче Ацев” и една во СОУ “Ѓорче Петров”, на која присуствуваа вкупно 85 ученици. Работилниците беа поврзани со темите: конфликт, идентитет, дискриминација и полова еднаквост. Во текот на работилниците беа применувани методите, техниките и вештините кои учесниците ги стекнаа во текот на кампот и им приредија одлични игри и активности на своите врсници, како што се: медитација, игри за размрдување, активности за поттикнување на меѓусебната комуникација и дијалог, како и игри кои иницираа заедничко барање решенија и креативно размислување.

Летниот камп е дел од проектот: “Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија”, кој Коалиција СЕГА го спроведува со поддршка на Детската Фондација Песталоци.

Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018

 Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018

Last Updated on Thursday, 20 September 2018 12:46

 

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА ГОДИШНА ПРОГРАМА НА МИРР

  • PDF
  • Print
  • E-mail

  

На 14 – 15 септември, 2018 година во хотел Амбиент, Струга Коалиција СЕГА одржа Работилница за подготовка на годишна програма за организацијата Младинска Иницијатива за Регионален Развој - МИРР.

Преставниците на МИРР подготвија годишна програма за 2019 година со цел да спроведуваат активности за млади на локално ниво со утврдени стратешки цели и план за работа.

Оваа активност е во рамките на проектот „Застапување на ГО за активно младинско учество" финансиран од програмата за мали грантови на Преда Плус кој има за цел зголемување на дијалогот помеѓу граѓанските организации, младите и донесувачите на одлуки во општина Кривогаштани. Проектот се спроведува во  партнерство со Здружение за рурален развој, Локална акциона група - Агро Лидер и Младинска иницијатива за регионален развој - МИРР  од општина Кривогаштани.

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот "Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот е финансиран од Европска Унија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK

  

Last Updated on Wednesday, 19 September 2018 10:40

 

Page 3 of 71

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

SEGA in media broadcasting

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30