РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

Коалиција на младински организации СЕГА, заедно со своите локални волонтери одржа работилница на тема „Демократијата на секојдневниот живот” во Амфитеатарот на „Могила” во Паркот на Револуцијата - Прилеп.

Преку работилницата младите учесници ги надоградуваа своите знаења на темата преку едукативни и интерактивни вежби. Воедно се запознаа со работата на Сојузот на средношколци во Македонија од страна на актуелниот младински амбасадор од Прилеп, Ненад Кулески.
 
Работилницата беше организирана во рамки на солидарниот проект „Одржлива средина и ефективен развој за младите” кој е финансиски поддржан од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, преку Европски Солидарен Корпус.
 

#EuropeanYearOfYouth #SEED4YOUth 


Печати   Е-пошта