ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОЧЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОЧЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ

Коалицијата на младински организации СЕГА, за потребите од спроведување на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Детската фондација Песталоци, објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОЧЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОЕКТОТ

  ОПИС И ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци,  го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.

 Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3)  примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички. 

 ЦЕЛ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

За остварување на поставените цели, меѓу другото, проектот преку ангажирање на експерт, ќе спроведе Почетно истражување во избраните проектни основни и средни училишта. Експертот ќе биде ангажиран да креира соодветни методи и алатки за прибирање податоци во однос на знаењата и ставовите на учениците, наставниците, стручните соработници и управата во однос на постоењето насилство, решавање конфликти, ученичко учество, политики и практики за заштита на децата, во согласност со индикаторите дефинирани во Логичката Рамка на проектот. Исто така, родовата перспектива во ученичкото учество и заштитата од насилство врз децата треба да биде земена предвид при развивањето на методологијата. При креирањето методи и алатки, треба да се почитува пристапот на цело училиште (whole-school approach). Податоците од почетното истражување ќе се користат како ресурс за адаптирање на проектните интервенции како и за мерење на напредокот на проектот.

 ПОСТАПКА И ПРАВИЛА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, РОК И ИЗБОР

Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:

  • Професионална биографија (CV)
  • Примерок / активен линк од два изработени истражувачки продукти

 Краен рок за доставување на апликациите е 02 ноември 2023 година.

Преземете го целосниот Јавен Повик

 


Print   Email