Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Локални Младински Стратегии

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта
Локалнa Младинскa Стратегија на Град Скопје 

На 30 јануари 2014 година советниците на Советот на Град Скопје едногласно ја усвоија Локалната Младинска Стратегија на Град Скопје. Целта на оваа стратегија е да се подобри животот на младите луѓе во Град Скопје преку нивно активно вклучување во процесите на локално ниво. Стратегијата се состои од два клучни делови: пет годишна стратегија и акционен план. Двата документи во себе содржат активности за подобрување на животот на младите изразени во 8 области кои се идентификувани како приоритетни: Младинско информирање; Локална младинска работа; Младинско учество; Образование; Здравство и превенција; Квалитет на живеење; Младинско самовработување и Култура.

Стратегијата за млади на Град Скопје беше креирана во рамките на проектот „Учество на младите во креирањето на политики“, финансиран од Град Скопје и Регионот Долна Нормандија – Франција. 

 

ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ - македонски јазик 

ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ - албански јазик  

Проект „Креирање на Локални Младински Стратегии“ 

Во текот на 2010 и 2011 година Коалиција на младински организации СЕГА го спроведуваше проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“, со финансиска поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија, програмата CIVICA Mobilitas и 13 општини во Р. Македонија (Прилеп, Битола, Тетово, Штип, Илинден, Кисела Вода, Свети Николе, Кавадарци, Гевгелија, Радовиш, Дебар, Неготино и Велес). Целта на овој проект беше да се зголеми учеството на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на Локални Младински Стратегии.
Процесот на креирање на Локални Младински Стратегии опфати анализа на локалните потреби на младите од 13 општини преку анкета и фокус групи. Сите 13 предлог стратегии беа доставени до локалните општински совети од кои 12 поминаа на Совет. Само предлог Локалната Стратегија за Млади на о. Битола не беше прифатена од Советот на Општината.
На линковите подолу можете да ги преземете деветте усвоени стратегии како и предлог локалната младинска стратегија на о. Битола:

Последно освежено на Четврток, 13 Февруари 2014 13:20

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30