Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да мислат и да веруваат во што сакаат, и да ја практикуваат својата вероисповест, доколку со тоа не спречуваат други луѓе да ги уживаат своите права. Родителите треба да им даваат насоки на своите деца по овие прашања."
Член 14, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Младински Совет Прилеп

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 


адреса: Кире Ристески 11а - 7500 Прилеп   
телефон/факс: 048 523 390;
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  
Web: www.ycp.org.mk

 


 

Младински Совет Прилеп (МСП) е основана во 1999 како младинска невладина организација во Прилеп, фокусирана на Пелагонискиот регион во Македонија. МСП, преку вклучување на младите луѓе се стреми да го изгради нивниот капацитетот на одржлив начин.

Младински Совет Прилеп постојано покажува квалитет со широк спектар во областа на младинската работа. Младински Совет Прилеп, заедно со Младински Совет Охрид и ХОПС, ја основаа Коалиција на младински организации СЕГА, водечката национална група на младински организации во Македонија.

Младински Совет Прилеп е единствена невладина организација во регионот, која може да мобилизира голем број млади луѓе. МСП не само што дава услуги и можности за младите луѓе и волонтерите, туку активно се обидува да ги вклучи во процесите на донесување одлуки во организацијата. МСП се стреми да влијае позитивно на младите луѓе и како организација да создава млади лидери со давање можности на младите да ги изградат своите капацитети и да бидат поконкурентни во општеството.

На кратко, Младински Совет Прилеп работи за младите со младите.

Визија

Младински Совет Прилеп е одржлива водечка организација на локално и регионално ниво, сигурен партнер во креирањето и спроведувањето на младинската политика, заедно со сите клучни заинтересирани страни. Нашата работа како видлива и призната организација се заснова на демократски вредности овозможувајќи на младите да бидат креативни и активни граѓани

Мисија

Младински Совет Прилеп ги поддржува младите луѓе во учеството во демократските процеси, овозможувајќи им да прераснат во активни граѓани.

ВРЕДНОСТИ И ПРИНЦИП НА РАБОТА                 

- Младински Пристап
- Волонтерство
- Креативност
- Транспарентност
- Одговорност
- Интеркултурна атмосфера
- Посветеност на вработените
- Доверба во успехот на организацијата
- Родова рамноправност
- Пријателство
- Демократска вредности

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

Стратешка Цел 1

Поддршка на младите луѓе во регионот

Младински Совет Прилеп има за цел да им помогне на младите да го развијат својот целосен потенцијал. Во моментот младите луѓе во регионот се соочуваат со недостаток на можности да се развиваат на професионално социјално и културно ниво. 

Младински Совет Прилеп нуди професионални активности, обуки, работилници и други можности за да младите луѓе од регионот се подобрат професионално. Младински Совет Прилеп  обезбедува младински пријателски простор,  организира социјални настани каде младите се дружат и се среќавват со други млади. Во прилог Младински Совет Прилеп  ги промовира и културните вредности во заедницата овозможувајќи им на младите луѓе да се изразат себеси. Младински Совет Прилеп и како УНЕСКО клуб ги штити културните вредности помеѓу младите преку разни активности во согласност со приоритетите на УНЕСКО.

Стратешка цел 2

Зголемување на учеството на младите во заедниците

Младински Совет Прилеп работи на зголемување на ефективноста на постоечките форми на учество на младите преку подобрување на младинските тела за учество во средните училишта и студентските сојузи на факултетите. Во исто време, Младински Совет Прилеп промовира и развива нови механизми за младинско учество, вклучувајќи Локални Младински Совети и Младински Парламенти. Младински Совет Прилеп има за цел да ги вклучи младите  во сите фази на активности за развој на заедницата,  од планирање до спроведувањето и евалуација.

Стратешка цел 3

Да ја приближиме Европа до младите

Младински Совет Прилеп како организација со меѓународно искуство во организирање на младински размени, меѓународни обуки и семинари и нудејќи можности за ЕВС настојува да ги информира младите луѓе за можностите за мобилност. Ова  не само што дава можности за младите луѓе од Македонија да патуваат во странство, но, исто така, им дава шанса на младите Европејци да ја доживеат Македонската култура како Волонтери преку Европскиот Волонтерски Сервис. 

Последно освежено на Четврток, 26 Јануари 2012 15:06

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30