Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

ХОПС

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта


адреса: Капан Ан локал бр.3 - 1000 Скопје
телефон/факс: 02 3130 038; 02 3246 205; 02 3246 210
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Web: www.hops.org.mk

 

 

 


МИСИЈА

Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.

ВИЗИЈА

Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.

ХОПС - Опции за здрав живот е невладина, непрофитна и непартиска организација, која започна со работа како прв проект во Република Македонија за размена на опрема за инјектирање во 1997 година. Од тогаш има развиено програми за: намалување на штетите од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи болести, социјална реинтеграција и ресоцијализација на младите и други ранливи групи во Република Македонија.

со меѓународни агенции, ХОПС стана член и соработник во повеќе иницијативи во национални, а и регионални/меѓународни рамки:

  • Член на Национална мултисекторска комисија за ХИВ/СИДА превенција при Владата на Р.Македонија;
  • Член на Националната експертска група за превенција , третман и намалување на штети при Министерство за Здравство;
  • Член на Техничката работна група при Тематската група за ХИВ/СИДА при Обединети нации во Република Македонија;
  • Координатор на Работната група за намалување на штетите од употреба на дрога при Градското координативно тело за борба против дрогата во Скопје;
  • Еден од оснивачите на Коалицијата за намалување на штетите од употреба на дрога за Југоисточна Европа и организатор на Првата Конференција за намалување на штетите за Југоисточна Европа која се одржа во Скопје на 10-ти декември 1999 година;
  • Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;

ХОПС е добитник на Меѓународната награда за ХИВ/СИДА и човекови права за 2010 година, која ја доделуваат Канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА - (www.aidslaw.ca) и Хјуман Рајтс Воч - www.hrw.org.

Последно освежено на Четврток, 26 Јануари 2012 15:06

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30