Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Волонтерски Центар Скопје

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 


адреса: ул. Емил Зола 3-2/3 - 1000 Скопје
телефон: 02 2772 095
факс: 02 2772 095;02 2777 462   
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Web: www.vcs.org.mk

 

 


Волонтерски Центар Скопје е невладина организација формирана во 2005 година, од страна на поранешни ЕВС волонтери. Нашите главни активности вклучуваат промоција на волонтерството, неформалното образование, активно граѓанство и имплементација на законот за волонтерство во Република Македонија. Главната цел на Волонтерски Центар Скопје е поврзување на младите луѓе на еднакви основи, без оглед на нивниот национален, расен, религиски, политички и економски статус. Нашата организација исто така располага со акредитација за испраќање и примање на ЕВС волонтери, со референтен број 2009-SI-18 (ЕВС или Европски Волонтерски Сервис е дел од програмата на Млади во Акција, во покровителство на Европската Комисија), каде досега имаме испратено преку 70 млади лица на ЕВС во земјите од ЕУ и сме биле домаќини на повеќе од 150 ЕВС волонтери, од најразлични ЕУ земји, на краток или подолг престој.
Волонтерски Центар Скопје, исто така, во последните 3 години има добиено 15 проекти од страна на Европската Комисија: младински размени, тренинг курсеви и семинари, кои индиректно или директно беа поврзани со промоција на волонтерството и неформалното образование, меѓу кои веќе 6 години по ред организираме младинска размена по повод карневалот во Вевчани со 60 учесници од 10 различни земји.
Во периодот Февруари-Декември 2010 година, Волонтерски Центар Скопје беше носител на проектот Развој на Локална Младинска Стратегија за Општина Кисела Вода. Овој проект беше финансиран од страна на Швајцарската Агенција ЦИРА и реализиран во соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА и Агенцијата за спорт и млади на Република Македонија.
Во нареднава листа, се наведени и други позначајни настани и проекти, кои ВЦС ги има организирано или има земено учество:

    • Хуманитарен концерт за собирање на средства за домот за деца без родители 11ти Октомври;
  • Волонтерска соработка со дневните центри за деца на улица во Кисела Вода, Автокоманда и Шуто Оризари (располагаме со дозвола од Министерството за Труд и Социјална политика на Република Македонија);
    • Координатор на Скопското Биенале во Септември 2009 година, во организација на BJCEM;
  • Координатор на Младинскиот драмски фестивал Лица Без Маски, во 2010 и 2011 година, во соработка со Младинскиот Културен Центар од Скопје;
  • Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“ од јуни до декември 2011 година, во организација на Коалиција на младински организации СЕГА;
  • Други проекти од областа на промовирање на волонтерството и неформалното образование во рамките на програмата Млади во Акција:

Младински размени:

  • Youth for Culture – Back to Vevcani 2012/2011
  • Says YES to Rural Development/ 2011
  • Carnival as a tool for intercultural learning- Back to Vevcani / 2010
  • Shortcut to Happiness / 2010
  • Faces behind masks - Back to Vevchani 2010/ 2009
  • Met on the streets of Macedonia / 2009
  • Together in Vevchani / 2008

Тренинг курсеви:

  • Improve Social and Life Skills of Young People/ 2011
  • Teamwork Makes the Dream Work / 2010
  • Adventureship /2010
  • Art Inclusive / 2010
  • Intercultural learning from gender erspective/ 2009
  • Why Walk When You Can DANCE? / 2008
  • Активности за градење партнерства:
  • Better Cooperation- Better Europe/2011
  • Европски Волонтерски Сервис
  • VOICES /2009


За подетални информации, ве молиме да ни се обратите на горенаведените контакти.

Последно освежено на Среда, 22 Февруари 2012 11:10

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30