Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

YMCA Битола

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 



адреса: Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42 - 7000 Битола
телефон/факс: 047 610 669
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
веб: www.ymcabitola.org.mk



ИМКА е интернационална, волонтерска, невладина, непрофитабилна, екуменска, младинска организација независна од политика и религија. ИМКА е распространета во 125 држави ширум светот и има над 45 000 000 членови. Во моментов ИМКА е една од најголемите младински организации во светот. Седиште на Светската Алијанса на ИМКА е Женева, Швајцарија, а на ИМКА Европа во Прага, Чешка. ИМКА Европа се состои од 40 движења (држави) и има над 6 800 локални асоцијации. ИМКА Европа се протега од Азорските Острови на запад до Новосибирск на исток и од Малта на југ до Поларниот Круг на север.

ИМКА преку своите програми цели кон целосна изградба на младиот човек (духовно, ментално и телесно). Свесноста за формирање на идните генерации како приспособливи, толерантни, луѓе кои ги разбираат и помагаат своите ближни, му дава на ИМКА силна мотивација да продолжи да го следи патот кој го започна пред повеќе од 150 години. Дека е на вистинскиот пат во сопствените обиди покажуваат бројните волонтери кои му се приклучуваат на Организацијата секоја година.

Во различни држави ИМКА е позната под различни имиња зависно од нивното говорно подрачје. Во Македонија и други држави во Југо-Источна Европа е позната како ИМКА. Симболот на ИМКА е црвениот рамностран триаголник со девизата "за здрав дух, ум и тело".

Поле на работа

ИМКА им служи на луѓе од различни возрасни групи, различни приходи, способности, раси и религии. Поврзани со единствена цел, секоја единка на ИМКА функционира независно, притоа одговарајќи на потребите на заедницата. ИМКА денес е вклучена во речиси сите области на општествениот, економскиот и културниот живот. Нејзината распространетост по целиот свет и овозможува во разни делови на светот да се фокусира на различни проблеми на луѓето што е специфичност исклучиво за ИМКА. Во овој контекст ќе наведеме дел од полињата во кои работи:

  • Еднакви права и можности за сите и градење за праведно човечко општество кое се базира на мир, љубов и толеранција;
  • Развивање на Христијанските вредности кај младите низ културата, спортот и рекреацијата и други програми ;
  • Развивање на личноста како целина (телесно, умствено и духовно);
  • Оспособување на младите за преземање на поголеми обврски, но и одговорности;
  • Заштита на правата на жените и децата;
  • Нудење на решенија за пороците кои се составен дел од современиот начин на живот;
  • Помош на стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби, бездомници и сл.;
  • Помош и работа со лица со хендикеп;
  • Солидарност со сиромашните, етнички, расно и религиозно угнетените;
  • Негување дијалог, разбирање и соживот помеѓу луѓето од различна вероисповед и идеологија како и посредување и помирување во конфликтни ситуации;
  • Зачувување на семејството како основна клетка на општеството;
  • Заштита на природните богатства и зачувување на здравата животна средина;
  • Борба против невработеноста и др.

Сево ова ИМКА движењето го реализира директно и непосредно преку своите членови.

Последно освежено на Петок, 26 Мај 2017 12:03

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30