Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

ОКТОМВРИ 2017 | ПОВИК ЗА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на 18та по ред интеркултурна размена во детското село Песталоци во  Троген, Швајцарија.

Коалиција СЕГА, во рамки на проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” спроведува Интеркултурни размени во детското село Песталоци кои се посебна програма на која учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Интеркултурната размена во детското село Песталоци-Троген, Швајцарија ќе се реализира во периодот од 17 октомври – 31 октомври 2017 година (исклучувајќи ги деновите за патување).  

По завршувањето на интеркултурната размена учесниците имаат одговорност задолжително да се вклучат во имплементација на работилници за детски права наменети за децата од различните генерации од училиштето и активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.

Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2000/2001
  • Ученици од СОУ “Ибрахим Темо” – Струга, Гимназија “Добри Даскалов” - Кавадарци, Гимназија “Јосип Броз Тито” - Битола, СОУ “Здравко Чочковски” -Дебар, ОСТУ “Гостивар” - Гостивар
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 17.04.2018 година

  • Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
  • Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории - ученици кои живеат во рурални средини, ученици од семејства кои се корисници на социјална помош/детски додаток, деца без родители, припадници на различни етнички групи, итн.
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
  • Кандидати/ки кои се во меѓусебни роднински врски или во блиски роднински врски со супервизорот или вработени во училиштето нема да бидат приоретизирани.

Коалиција на младински организации СЕГА ги поканува сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за учество да се пријават со пополнување на електронска пријава за учество на веб страната на Коалиција СЕГА www.sega.org.mk најдоцна до 10 септември 2017 година.

Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ОВАА РАЗМЕНА!


Koalicioni i organizatave rinore - SEGA shpall thirrje për pjesmarrje në shkëmbimin ndërkulturor në fshatin e fëimijëve pestaloci Trogen, Zvicër

Periudha e shkëmbimit :17.10.-31.10.2017

Data e nisjes : 16.10.2017

Data e kthimit: 01.11.2017

Projekti:“Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“

QëllimiPjesëmarrësit do të fitojnë njohuri dhe shkathtësi  në lidhje me të drejtat e fëmijëve, me parimet e dialogut dhe komunikimit ndërkulturor, anti-diskriminimit, mirëkuptimit të ndërsjellë, respektimin  dhe tolerancën në mes kulturave të ndryshme.

Përgjegjësitë pas shkëmbimit të realzuar: Përfshirje e obliguar e pjesmarrësve në implementimin e aktiviteteve nga planet akcionale të do të krijohen gjatë  shkëmbimit dhe të cilat janë drejtpërdrejtë të ndërlidhura me aktivitetet e projektit “Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“.

Kriteret për pjesmarrje:

  • Datëlindja: 2000/2001
  • Nxënës nga SOU Ibrahim Temo- Struga, SOU Zdravko Chochkovski –Debar,  Gim.Dobri Daskalov – Kavadarci, Gim. Josip Broz Tito-Bitola, OSTU Gostivar- Gostivar.
  • Përparësi do të kenë nxënësit të cilët janë përfshirë në në projektin “Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“ (përfshirje në modeli Fëmija Avokat dhe /ose Organizatën e nxënësve).
  • Dokument të vlefshëm udhëtimi ( Pashaportë) me afat  vlefshmërie jo më  pare se data 17.04.2018
  • Kandidatë/e që më pare nuk kanë marrë pjesë në Shkëmbim kulturor në Fshatin e Fëmijëve Pestaloci.
  • Përparësi gjatë përzgjedhjes do të kenë kadidatët/tet nga  kategoritë e nxënësve të rrezikuar (nxënës që jetojnë në mjediset rurale, pjesëtarët e grupeve të ndryshme etnike, fëmijë nga familjet me të ardhura të ulëta,  e tjerë.)
  • Aplikantët që janë në lidhje familjare ose në marrëdhënie të ngushta me mbikëqyrësit ose punonjësit e shkollës nuk do të kenë prioritet

Koalicioni i organizatave rinore SEGA fton të gjitha palëve të interesuara kriteret e përshtatshmërisë të aplikojnë duke plotësuar një kërkesë elektronike për pjesëmarrje në faqen e internetit e SEGA www.sega.org.mk më vonë se 10.09.2017.

Kandidatët potencialë do të kontaktohen dhe ftohen për intervistë.

Nëse keni pyetje ose keni nevojë për informata shtesë ju lutem kontaktoni email Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

KLIKONI KËTU PËR TU IDENTIFIKUAR NË KËTË SHKËMBIM

Последно освежено на Петок, 01 Септември 2017 14:37

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30