Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ИНФО КЛУБОТ ВО ШТИП

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Доколку имате желба да работите флексибилно и креативно, да работите со млади, имате визија за својот личен успех, сакате да стекните работни вештини, желба да покажете дека сте единствени, посветени, лојални, креативни, да организирате разни настани и да патувате, а сè со цел да ги информираме младите од Штип за можностите за вработување кои им се нудат, со внимание проследете го овој оглас заедно да креираме работни можности за сите!

Коалиција на младински организации СЕГА има потреба од ангажирање на 2 лица за работни позиции асистенти во ИНФО клубот Штип на пола работно време, за период од 6 месеци, со можност за продолжување. ИНФО клубот е лоциран во просториите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Главни одговорности на асистентите:

-           Анимирање на младите и организирање на информативни сесии (делење на флаери, поставување на постери, информирање лице в лице и сл.)

-           Организирање на информативни сесии и средби со бизнис заедницата во Штип, како и нивно водење и модерирање

-           Детално информирање на младите со Активните мерки за вработување при АВРМ

-           Присуство и активност на други локални настани на кои ќе се промовират услугите на Инфо клубот

-           Одржување на постојан контакт со останатите партнери, Центарот за вработување во Штип, УГД и УНДП

-           Одржување на проактивни релации со претставници на медиумите, со цел промовирање на работата на Инфо клубот

-           Спроведување на обуки на тема Биланс на компетенции и Кариерно насочување на студенти и средношколци во Штип

-           Организирање на Панел дискусии, саеми за вработување и други јавни настани

-           Пишување на извештај на неделна / месечна основа и доставување до координаторот на проектот од Коалиција СЕГА

-           Работно време на ИНФО Клубот е секој работен ден од 10-15 часот.

Потребни вештини:

-           Универзитетско образование или во завршни години на студии

-           Активно користење на MS Office

-           Одлични комуникациски и презентерски вештини

-           Искуство во организирање и спроведување на настани за млади (обуки, работилници, дискусии со млади, јавни настани) ќе се смета за предност

-           Креативност во пристапот, иницијативност, способност за работа во тим

-           Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување)

-           Одговорно извршување на поставените задачи

Што нудиме?

-           Целосна програма за јакнење на капацитетите на асистентите во Инфо клубот

-           Стекнување на одлични вештини за работа и одлично работно искуство

-           Месечен хонорар од 150$ за скратено работно време (5 часа дневно) во периодот од октомври 2018 до мај 2019 година

-           Можности за посета на национални и интернационални настани (семинари, обуки, конференции, младински размени)

Заинтересираните кандидати треба да достават:

-           Мотивационо писмо

-           Кратка биографија (CV)

Целосната документација да се достави најдоцна до 01 септември 2018 година на e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот.

Дополнителни информации на телефон 048 429 390, или на e-mail This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

September 2018 October 2018 November 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31