Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"На децата со било каков вид на пречки во развојот треба да им се пружи посебна грижа и подршка за да можат да водат независен живот."
Член 23, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Follow - up активности од Летен Камп 2018 во Детското село Песталоци - Троген, Швајцарија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

 

 

Leten Kamp 2018

На ден 18.09.2018 (вторник) во Прилеп се одржаа последните две од планираните четири работилници од follow-up активностите на учесниците од Летниот камп 2018 во Детското село Песталоци, во Троген – Швајцарија.

Оваа година, кампот се одржа од 09.07.2018 – 21.07.2018 година. На кампот учествуваа вкупно 160 учесници, од 9 различни земји. Од Македонија, 18 учесници беа од средните училишта од Прилеп и Скопје. Во текот на Летниот Камп, учесниците се здобија со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓу – културниот дијалог и комуникација, анти – дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури. Задача на сите учесници беше по завршувањето на кампот, да ги спроведат акциските планови кои ги подготвија во текот на кампот во нивните училишта, со цел на своите врсници да им го пренесат своето знаење за темите кои ги обработуваа во текот на кампот, а истовремено и да се потсетат на убавите моменти поминати во текот на работилниците.

Учесниците од Прилеп, заедно со тим лидерите и супервизорите одржаа четири работилници, од кои три во СОУ “Мирче Ацев” и една во СОУ “Ѓорче Петров”, на која присуствуваа вкупно 85 ученици. Работилниците беа поврзани со темите: конфликт, идентитет, дискриминација и полова еднаквост. Во текот на работилниците беа применувани методите, техниките и вештините кои учесниците ги стекнаа во текот на кампот и им приредија одлични игри и активности на своите врсници, како што се: медитација, игри за размрдување, активности за поттикнување на меѓусебната комуникација и дијалог, како и игри кои иницираа заедничко барање решенија и креативно размислување.

Летниот камп е дел од проектот: “Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија”, кој Коалиција СЕГА го спроведува со поддршка на Детската Фондација Песталоци.

Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018

 Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018 Leten Kamp 2018

Последно освежено на Четврток, 20 Септември 2018 12:46

 

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30