Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

КОАЛИЦИЈА СЕГА ГО ОДРЖА ВЕБИНАРОТ „МЛАДИНСКО ИНФОРМАТИВНИ МЕТОДИ ЗА РАБОТА СО МЛАДИ ВО СИТУАЦИЈА НА НЕЕТ“

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 

Коалиција на младински организации СЕГА на 30 октомври 2018 година, го одржа online вебинарот на тема „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ“. ToT вебинарот беше наменет за преставници на младински организации, младински работници и млади од цела Европа каде детално се преставија практични Младинско информативни методи за работа со млади во НЕЕТ ситуација.

Овој вебинар е дел од серијата на активнбости во рамките на проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади" кој го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на Р. Македонија преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.


Цeлта на Вебинарот е да се зајакнат капацитетите на младинските организации, младинските работници и другите засегнати страни, да се обезбеди поттикнување на социјалното вклучување на младите во ситуација на NEET, промовирање и зголемување на достапноста на професионално советување и насоки прилагодени на потребите на социјално исклучените млади луѓе во сите фази од нивниот живот. Преку овој вебинар младинските работници се запознаа со нови пристапи во информирање на младите во НЕЕТ ситуација.

На вебинарот говореа екперти од Македонија, Хрватска и Полска:

-       Г-дин Зоран Илиески говореше на темата „Младинско Информативни методи“

-       Г-а Јелена Бателич говореше на темата „Методи за директна работа со млади во НЕЕТ ситуација“

-       Г-дин Томаж Моледа говореше на темата „Иновативни алатки и техники за информирање на младите“.

За сите заинтересирани кои сакаат да го следат вебинарот, истиот е достапен на следниот линк:

Превенцијата треба да биде приоритет со цел да се избегне зголемување на бројот на млади луѓе кои би биле во ситуација на НЕЕТ и да го разбијат интергенерацискиот циклус на социјална исклученост. Потребен е проактивен пристап на младинските организации од цела Европа да обезбедат рана интервенција за да се избегне младите луѓе да се најдат во ситуација на НЕЕТ.

Проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади"има за цел да се зголеми квалитетот на младинската работа во адресирањето на потребите на NEET во Европа како и да се воведе и примени иновативен пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството. Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на Р. Македонија преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.



 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30