Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на приватност. Законот треба да ги заштити од напади на нивниот начин на живот, нивното име, нивните семејства и нивните домови."
Член 15, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Давање можности за активно учење

КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ ПРЕСТОЈОТ НА СТРАНСКИТЕ ВОЛОНТЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА?

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во рамките на проектот „Давање на можности за активно учење“, Коалиција на младински организации СЕГА, на 10ти јануари 2012 година, организираше дискусија на тема: „Полесен пристап за престој на странските волонтери во Македонија“.                                                                                                                                                                                                     

На дискусијата, претставниците од невладините организации кои што работат со странски волонтери во Македонија, волонтери – странци во Македонија, Претставници од Министерство за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, разговараа околу процедурите за добивање на дозвола за престој на странските волонтери во Р. Македонија.

Исто така, претставниците на институциите на системот и претставниците на граѓанските организации покажаа интерес за соработка, и истакнаа дека веќе се направени промени во времетраењето на процедурата за регулирање на престојот, со воведување на електронски систем за проследување на документацијата со што се олеснува целата постапка, беше заклучено дека постои недоволна информираност и на организациите и на службениците за потребната документација, што создава дополнителни трошоци и време.

На оваа дискусија беа презентирани општите препораки и мерки што ќе овозможат полесен пристап за престој на странците во сите европски држави, креирани на состанокот во Романија помеѓу сите земји каде што се спроведува овој проект, што е и основна цел на овој проект. Истите, ќе бидат презентирани и пред Советот на Европа, од страна на АЛДА од Франција, со цел – промена на европската легислатива во полето на имиграција.

Проектот „Давање на можности за активно учење“ се спроведува во 7 земји: Франција, Бугарија, Македонија, Албанија, Грција, Романија и Италија, а е раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија од Франција (ALDA), имплементиран од страна на Коалиција на младински организации СЕГА и општина Берово во Македонија.

  

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:18

 

ИЗМЕНА НА ЗАКОНСКАТА ЛЕГИСЛАТИВА ЗА СТРАНЦИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(11 – 13.11.2011, Букурешт, Романија) Проектот, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, насловен како „Давање на можност за активно учење“, кој што се спроведува во 7 земји: Франција, Бугарија, Македонија, Албанија, Грција, Романија и Италија добива финализација .

Партнерите на овој проект во Букурешт ги презентираа финалните резултати од активностите во нивните локални средини со цел да се изгради стратегија за интегрирање на странците.

На работилницата учествуваа претставници од сите земји – партнери каде што се имплементира овој проект. Генералниот заклучок од овој проект е промена на законската регулатива која што го уредува движењето на странците, со цел да се достигне поуспешно интегрирање на странците во одредени земји. За таа цел претставниците на проектот ќе изработат финални заклучоци кои би биле доставени до институциите на ЕУ, како и до националните власти во горе споменатите земји.

Проектот „Давање на можност за активно учење“, е раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија од Франција (ALDA).

   

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:18

 

Едукација на новинари за интеграција на странци

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Прилеп, 28.10 2011) Коалиција на младински организации СЕГА во рамките на проектот Давање на можност за активно учење“, во Прилеп организираше едукативна работилница за новинари на тема: ,Странци во Македонија и нивно интегрирање во општествената заедница“, во која новинарите  беа запознаени со законитостите и терминологијата при пишување на стории поврзани со оваа категорија граѓани.

Новинарите се запознаа и со стратегијата за странци, со информативните сервиси на ЕУ кои даваат податоци за странци, но и со целиот процес на Коалиција СЕГА за идентификување на тешкотиите со кои странците во Македонија се соочуваат при интегрирањето во општествената заедница.

Во интерактивната работилница, новинарите преку примери од нивни лично изработени стории потврдија дека странците во Македонија кои имаат привремен престој се соочуваат со јазична бариера, но и со тешкотии при регулирање на здравствените и социјалните потреби, поради долгогодишното регулирање на нивниот престој. Новинарите го потенцираа затајувањето на институциите при регулирање на статусот на странците во РМ и ја нагласија потребата на законската регулатива во делот на образованието и вработувањето кога станува збор за интеграција на странците.

Следниот чекор на Коалиција СЕГА, за овој проект е информирање на граѓаните, при што е предвидено делење на флаери на плоштадот Методија Андонов Ченто и анкетирање на граѓаните, за тоа „колку тие знаат за интегрирањето на оваа категорија граѓани“.

Проектот „Давање на можност за активно учење е единствениот, ваков проект во Македонија, кој ја третира категоријата „странци“, кои имаат привремен престој во Македонија. Целта на проектот е социјална интеграција на странците во Македонија и надминување на тешкотиите со кои тие се среќаваат при регулирањето на нивниот престој. Овој проект се спроведува во 7 земји, Франција, Бугарија, Македонија, Албанија, Грција, Романија и Италија, а е раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) од Франција.

  

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:18

 

Едукација за новинари за интеграција на странци

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Прилеп, 27.10.2011) Коалиција на младински организации СЕГА организира едукативна работилница за новинари на тема „Странци во Македонија и нивно интегрирање во општествената заедница“ во хотел Кристал Палас, Прилеп со почеток во 11 часот. Оваа активност е во рамките на проектот „Давање на можност за активно учењекој се спроведува во 7 земји во Европа: Франција, Бугарија, Македонија, Албанија, Грција, Романија и Италија.

На оваа работилница новинарите ќе се запознаат со стратегијата за интеграција на странци, со информативните сервиси на ЕУ кои даваат релевантни податоци, но и со  истражувањето на Коалиција СЕГА за тешкотиите со кои што се соочуваат странците во Македонија при интегрирањето во општествената заедница. Исто така на овај настан ќе се зборува и за тоа кои институции се инволвирани за помош на странците, кои се странци во Р. Македонија, кои се правата и обврските на странците, постои ли разлика меѓу имигранти, мигранти и азиланти.

Проектот „Давање на можност за активно учењее единствениот ваков проект во Македонија, кој ја третира категоријата „странци“ со привремен и постојан престој во Македонија. Целта на проектот е социјална интеграција на странците во Македонија и надминување на тешкотиите со кои тие се среќаваат во регулирањето на нивниот престој.

Проектот е раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија од Франција, а финансиски поддржан од програмата Европа за Граѓаните.

Последно освежено на Понеделник, 12 Декември 2011 13:13

 

ТРИ ОСНОВНИ СЕГМЕНТИ НА ПРОБЛЕМИ НА СТРАНЦИТЕ ВО ЕВРОПА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Костур, Грција, 17/18/19-ти јуни, 2011,) Недостиг на интеркултурен дијалог, делување на политиката врз состојбата на странците и проблеми поврзани со администрацијата - се трите основни проблеми до кои се дојде до заклучок од страна на  партнерите  на проектот „Давање на можности за активно учење“.

Ова се генералните заклучоци за сите седум земји на средбата во Костур, соседна, Р. Грција,  на која учесници беа претставници на Коалиција на младински организации СЕГА и општина Берово, како претставници од Македонија, и претставници од земјите учеснички во овој европски проект за социјализација на странци: Франција, Бугарија,, Албанија, Грција, Романија и Италија.

Со цел да се подобри односот и постапката за регулирање на престојот на странците во овие земји, преку работилници, панел дискусии, отворени денови, договорено е да се работи на акцентирање на заклучоците од средбата, како следен чекор на проектот за социјална интеграција на странците.

На средбата, партнерите на проектот ги презентирана и досегашните спроведени активности за оваа проблематика која е присутна во сите Европски земји,  па и во Македонија, како и  методологијата, резултатите и афирмирањето на проектот меѓу странците и институциите.

Проектот „Давање на можности за активно учење“, раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија од Франција (ALDA) се спроведува веќе четири месеци во: Франција, Бугарија, Македонија, Албанија, Грција, Романија и Италија. Предлог препораките кои ќе произлезат од овој проект за подобра и поефикасна социјалната интеграција на странците, ќе им бидат доставени на претставници на ЕУ во месец ноември во Романија.

 

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:18

 

Страница 1 од 3

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30