Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"На децата со било каков вид на пречки во развојот треба да им се пружи посебна грижа и подршка за да можат да водат независен живот."
Член 23, Конвенција за правата на детето
 
 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

Младинско учество во политичките процеси

АНАЛИТИЧКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА МЛАДИТЕ И ИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во текот на март и април 2013 година, Коалиција СЕГА спроведе анализа на програмите на локалните политички партии од 8-те градови каде што проектот се спроведуваше. СЕГА направи споредба на предлозите на младите и изборните програми на политичките партии со цел да се увиди колку политичките партии имаат слух за реалните потреби на младите.  Анализата покажува дека иако повеќето политички програми имаат посебни поглавја за младите луѓе, тие само делумно кореспондираат со предлозите на младите луѓе кои што беа доставени до политичките партии на локално ниво. Оваа анализа беше доставена до политичките партии и граѓанските организации со цел да се користи како потсетник за потребите на младите кои се сеуште релевантни а исто така да служи и како алатка за мониторинг на спроведувањето на локалните политики за млади. Повеќе за оваа анализа можете да прочитате од Аналитичкиот извештај на следниов линк.

Последно освежено на Петок, 28 Јуни 2013 15:28

Радио Емисија „Младите и Изборите“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Прилеп, 13 март 2013) Денес со почеток во 11:00 часот Извршниот Директор на Коалиција на младински организации СЕГА, Зоран Илиески, гостува на on-line младинското радио ПУЛС на тема „Младите и Изборите“. 

Очекувањата на младите од политичките партии кои се содржани во публикацијата „Младински Решенија! Ефективни и Ефикасни предлози за подобрување на состојбата на младите на локално ниво“ ќе бидат во фокусот на оваа емисија. Коалиција СЕГА во текот на месец феврури ја достави оваа публикација до сите политички партии. 

Слушнете повеќе на следниов линк

Коалиција СЕГА во спработка со ПУЛС радио спроведува серијал на радио емисии на тема „Младите и Изборите“ во рамките на проектот „Поттикнување на младинското учество во полтичките процеси“.

МЛАДИТЕ СО СВОИ ОЧЕКУВАЊА ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во текот на ноември – декември 2012 година во состав на активностите од проектот „Поттикнување на младинското учество во политичките процеси“ беа организирани 32 фокус групи во 8 градови во Македонија: Прилеп, Охрид, Кавадарци, Тетово, Струмица, Куманово, Скопје и Штип. Целта на организирањето на овие фокус групи беше да ги утврдиме очекувањата на младите од политичките партии  на следните локални избори. Во секој од  селектираните градови беа спроведени по 4 фокус групи на следните теми: „Образование“, „Младинско невработеност“, „Младинско учество и младинско организирање“, и „Култура и младинско информирање“. Со спроведувањето на овие фокус групи опфативме 590 млади на возраст од 15 – 30 години.

Резултатите од фокус групите ќе бидат дел од документот – Писмо со препораки. Документот ќе даде една генерална слика за очекувањата за младите и нивните потреби кои треба да бидат третирани од политичарите на локално ниво.

Проектот “Поттикнување на младинското учество во политичките процеси“ СЕГА го спроведува со финансиска поддршка од Националниот Фонд за Демократија (NED – National Endowment for Democracy).

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:22

ПОТТИКНУВАЊЕ НА МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Од 01 октомври 2012 година Коалиција на младински организации СЕГА започна со реализација на проектот „Поттикнување на младинското учество во политичките процеси“. Целта на проектот е да ги промовира прашањата кои ги засегаат младите, како и да се охрабрат младите луѓе да учествуваат на наредните Локални Избори во Македонија.

Коалиција СЕГА во 8 градови (од сите 8 региони во Македонија) ќе организира фокус групи врз основа на што ќе подготви “policy brief” и ќе спроведе непартиска (Get out the vote) кампања за мотивирање на младите, која вклучува поставување на инфо штандови во осумте градови и делење на едукативни флаери, организирање на радио емисии и емитување на видео спот.

Проектот “Поттикнување на младинското учество во политичките процеси“ СЕГА го спроведува со финансиска поддршка од Националниот Фонд за Демократија (NED – National Endowment for Democracy).

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:22

Страница 1 од 2

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 
Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30