Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на приватност. Законот треба да ги заштити од напади на нивниот начин на живот, нивното име, нивните семејства и нивните домови."
Член 15, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Локална Младинска Стратегија на Град Скопје

УСВОЕНА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

На 30 јануари 2014 година советниците на Советот на Град Скопје едногласно ја усвоија Локалната Младинска Стратегија на Град Скопје. Целта на оваа стратегија е да се подобри животот на младите луѓе во Град Скопје преку нивно активно вклучување во процесите на локално ниво. Стратегијата се состои од два клучни делови: пет годишна стратегија и акционен план. Двата документи во себе содржат активности за подобрување на животот на младите изразени во 8 области кои се идентификувани како приоритетни: Младинско информирање; Локална младинска работа; Младинско учество; Образование; Здравство и превенција; Квалитет на живеење; Младинско самовработување и Култура.

Стратегијата за млади на Град Скопје беше креирана во рамките на проектот „Учество на младите во креирањето на политики“, финансиран од Град Скопје и Регионот Долна Нормандија – Франција. 

 

ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ - македонски јазик 

 

 

ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ - албански јазик  

Последно освежено на Четврток, 13 Февруари 2014 13:01

 

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ДРАФТ СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ГРАД СКОПЈЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

На 08 октомври 2013 година во Големата сала на Советот на Град Скопје, се одржа јавна расправа за предлог-верзијата на Стратегијата за млади на Град Скопје, која што изминатата година ја изготвуваше Коалиција СЕГА.

На расправата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претставник на Агенцијата за млади и спорт, Зорица Стаменковска, како и извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески.

-Стратегијата се однесува за период од 2014 – 2018 година и содржи 8 приоритети: образование, младинско самовработување, локална младинска работа, култура, младинско учество, здравство и превенција и квалитет на живеење. Исто така, во документот вметнат е и Акционен План за првата година од спроведувањето на стратегијата. Очекуваме на некоја од следните седници Советот на Град Скопје да го усвои овој документ. Денешниот настан, претставува историски момент за младите луѓе од Град Скопје да истакнат што е добро а што треба да се подобри во овој документ, рече Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

- После една година од почетокот на процесот за креирање на стратегијата за Млади на Град Скопје, веќе ја имаме пред себе драфт верзијата на стратегијата која треба да ни ги даде насоките на идното дејствување за подобрување на позицијата на младите во Градот Скопје. Заедно со Коалицијата СЕГА, како изработувач на оваа стратегија, поминавме особено долг пат до оваа драфт верзија, се одржаа две конференции, едно испитување и еве дојдовме до крајот, да се направат последните корекции на предлог – стратегијата, документ кој за мене лично е од големо значење. Посебно ми е драго што во изготвувањето на овој документ учествуваа повеќе заинтересирани субјекти, а за што поголема партиципативност и транспарентност говори податокот дека во изминативе десетина дена предлог –стратегијата беше поставена на официјалниот сајт на Град Скопје со препорака до сите заинтересирани да ја прочитаат и да дадат свои коментари на истата. Тоа ќе биде и ваша денешна задача, да се дообликува овој важен документ, врз кој ја темелиме идната соработка со младите на град Скопје. Со оглед на важноста којашто ја имаат младите во едно општество, иницијативата за креирање на Локална стратегија за млади, јас како градоначалник без размислување ја прифатив, а и во мојата изборна програма младите заземаат посебно место, бидејќи сум убеден дека институциите треба по активно да се вклучат во решавање на проблемите и во поддршката на потребите на младите, во секој сегмент од општествениот живот, истакна градоначалникот Трајановски.

- Честитки до голем број на организации и институции кои се вклучија во процесот на изработка на овој документ, кој за брзо време треба да се претвори во практичен. Посебно ми значи тоа што целите на Локалната стратегија за млади се совпаѓаат со приоритетите од Националната Стратегија за млади. Агенција за млади и спорт се надева дека и останатите општини во Македонија ќе го следат примерот на Град Скопје и ќе подготват Локални стратегии, истакна Зорица Стаменковска - Агенција за млади и спорт.

Нацрт-верзијата на Локалната стратегија за млади на Град Скопје има за цел да се подобри општата состојба на животот на младите во Град Скопје. Работната верзија од оваа Стратегија помина низ три фази на изработка, иницијална Конференција за отпочнување на процесот на креирање на локална младинска политика во Град Скопје, одржана на 28.11.2012 година, потоа спроведување анкета за испитување на јавното мислење и анализа на ставовите на младите во Град Скопје, со цел да се истражат специфичните потреби на младите луѓе на ниво на Град Скопје, спроведена на репрезентативен примерок од 600-тини млади луѓе од 10 општини на територија на град Скопје и уште една Конференција на тема „Стратегија за млади на Град Скопје“ организирана на 12 јуни 2013 година.

Проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија на Град Скопје“ е финансиран од Град Скопје и Регионот Долна Нормандија.

 

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:23

 

ПОКАНА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ДРАФТ СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ГРАД СКОПЈЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

Коалиција на младински организации СЕГА, Град Скопје и Регионот Долна Нормандија Ве покануваат на Јавна расправа на 08 октомври од 10:00 - 13:00 h во салата на Советот на Град Скопје. Целта на овој настан е доставување на забелешки за Локалната Стратегија за Млади на Град Скопје за периодот 2014 - 2018 година.

Воедно, би Ве замолиле да ни ги доставите своите забелешки, коментари, конструктивни критики, предлози за Предлог стратегијата во писмена форма, најдоцна до 07 октомври на следниот e-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или да ги презентирате на самиот настан.

Текстот на предлог стратегијата можете да го превземете на следниот линк:

Предлог Стратегија за млади на Град Скопје

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:23

 

ПОДГОТОВКА НА ДРАФТ СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ГРАД СКОПЈЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

На 03 септември во просториите на НВО Центарот на Град Скопје - Младински Културен Центар се одржа состанок со фасилитаторите на работните групи за креирање на Локалната Младинска Стратегија на Град Скопје. На овој состанок детално беа разгледани Нацрт Акционите Планови од сите 8 приоритети на Стратегијата и беа дадени насоки за подобрување.

На крајот на месец септември, СЕГА во партнерство со Град Скопје и Регионот Долна Нормандија ќе организира Јавна расправа за Драфт Стратегијата за млади. Очекуваме во текот на месец октомври финалниот документ да го доставиме до Советот на Град Скопје со цел негово усвојување.

Проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија на Град Скопје“, финансиски е поддржан од Град Скопје и регионот Долна Нормандија.

 

Последно освежено на Вторник, 10 Септември 2013 11:34

 

КОНФЕРЕНЦИЈА „СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ГРАД СКОПЈЕ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

(Скопје, 12 јуни 2013 година) Денеска во просториите на Град Скопје се одржува Конференција на тема „Стратегија за млади на Град Скопје“. Оваа конференција е дел од проектот „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“, кој Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува со поддршка од Град Скопје и Регионот на Долна Нормандија.

Конференција има за цел да се придонесе кон креирање на Нацрт Стратегијата за млади на Град Скопје преку дефинирање на приоритетни насоки и цели. На оваа конференција и претходеше процес на утврдување на потребите на младите преку спроведување на анкетно истражување во десетте општини кои припаѓаат на Градот Скопје.

На официјалното отворање на Конференцијата воведен говор имаа г-ѓа Гордана Цекова, раководител на сектор млади во Агенција за млади и спорт на Р. Македонија, и г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Г-ѓа Цекова истакна дека Агенција за млади и спорт го поддржува креирањето на младински стратегии во општините. Воедно таа истакна дека 13 општини во Република Македонија веќе усвоиле вакви стратегии, и го поздрави процесот на креирање на Младинска Стратегија на Град Скопје кој треба да послужи како пример за другите општини на територијата на Град Скопје.

Г-дин Илиески ги информираше присутните за проектот и за процесот на утврдување на потребите на младите на Град Скопје. Тој смата дека општините треба да покажат грижа кон младата популација преку креирањето на ваква локална младинска стратегија.

Учесниците на Конференцијата во текот на денот преку 9 работни групи согласно утврдените приоритети ќе го дадат својот придонес во драфтирањето на Стратегијата.

Последно освежено на Среда, 12 Јуни 2013 12:39

 

Страница 1 од 3

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30