Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"На децата со било каков вид на пречки во развојот треба да им се пружи посебна грижа и подршка за да можат да водат независен живот."
Член 23, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Млади без граници

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИ БЕЗ ГРАНИЦИ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во рамките на проект „Млади без граници“ кој го имплементираше Коалицијата на младински организации СЕГА, во Струга се одржа завршната конференција на која младинските организации од Македонија и Албанија потпишаа Декларација за соработка. На конференцијата која се одржа во хотел Дрим, Струга, присуствуваа претставници на младински организации од Македонија и Албанија, како и претставници од локални и национални институции од двете држави.

Проектот „Млади без граници“ се реализираше во изминатите 12 месеци и негова цел беше да промовира ефективна соработка помеѓу младинските граѓански организации што треба да придонесе за продуктивен социјален развој во прекуграничниот регион помеѓу Македонија и Албанија. Преку проектот се овозможи младинските организации да се стекнат со знаења и вештини со кои ќе можат да развијат идеи во проекти во рамките на програмите на ЕУ. Исто така преку проектните активности младинските организации научија како да дејствуваат во партнерство со други граѓанските организации, како посилно да се залагаат за целните групи на локално ниво, како и да управуваат со заеднички локални иницијативи. Преку активностите кои беа спроведени им се овозможи во локалните заедници поголем социјален развој, особено во делот на подигање на свеста за статусот на младите како маргинализирана група во општеството.

Зоран Илиески – извршен директор на Коалицијата СЕГА: „Особено сум задоволен од овој проект бидејќи преку активностите кои беа имплементирани, младинските организации од Македонија и Албанија стекнаа знаења и доверба како подобро да соработуваат и ги реализираат своите идеи и проекти со цел подобрување на улогата на младите во општеството. Декларацијата за соработка која беше потпишана преку овој проект ме прави горд и среќен што младите се свесни за својата улога во општеството и знаењето на меѓусебната соработка.“

Г-дин Robert LIDDELL – Раководител на одделот за Политика & Правда и Локални проекти при ЕУ делегацијата во РМ - Во овој момент кога имаме висока стапка на невработеност, особено меѓу младите и кога постои голем ризик за одлив на мозоци, треба да се искористат сите програми на ЕУ кои стојат на располагање и да се развиваат се повеќе иницијативи како што оваа иницијатива. Ова е причината зошто се финансира овој проект, кој воспостави партнерства помеѓу младинските граѓанските организации на двете држави кои работат на младински прашања.

Еглантина Лула - Ако зборуваме за повиците за проекти од Европската Унија иза ИПА прекуграничните проекти би истакнала дека нема никакви пречки, границата не претставува пречка. Нашата соработка беше многу силна што навистина границата не беше никаква пречка.

Миле Димкоски – Младински совет Прилеп: Оваа соработка преставува шанса за нас младинските организации за креирање на нови партнерства, размена на искуства, и исто така преставува шанса да искористиме одредени позитивни искуства од Албанија и ги примениме во Македонија.

  

Овој проект е финансиран во рамките на програмата за прекугранична соработка со Албанија и ги промовира добрососедските односи, поттикнување на стабилноста, безбедноста и просперитетот, што е во заеднички интерес на двете земји, како и поттикнување на нивниот хармоничен, балансиран и одржлив развој

 

Завршната конференција е дел од проектот „Млади без граници“, финансиран од ИПА програмата за прекуграничната соработка со Албанија.

Последно освежено на Среда, 19 Март 2014 16:30

 

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО ВО АЛБАНИЈА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Во периодот од март 2013 - март 2014 година, Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Националниот Центар за Услуги во Заедницата од Албанија го имплементира проектот „Млади без граници“, кој е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија. Главната цел на овој проект е да промовира ефективна соработка помеѓу актерите во граѓанското општество кон продуктивен социјален развој во прекуграничниот регион помеѓу Македонија и Албанија. Во рамките на овој проект Националниот Центар за услуги во Заедницата (NCCS) и СЕГА, во периодот од јуни до декември 2013, спроведоа програма за градење на капацитети за младински граѓански организации. Програмата беше фокусирана на зајакнување на капацитетите на 10 организации од Албанија и Македонија преку обуки, консултативна поддршка и работилници, како и градење на партнерства помеѓу нив преку заеднички проектни идеи за идни ЕУ проекти.

Во рамките на овие активности СЕГА објавува Повик за Практиканти во НВОи од Албанија. Ќе бидат селектирани 2 практиканти. Практиканството ќе се одржува во периодот од 10 февруари до 10 март 2014.

Практиканството ќе се одвива во организацијата „Јас Жената - Une Gruaja” од Поградец и „ДОРКАС - Dorcas Aid International (DAI)“ во Корча, невладини организации кои учествуваат во овој проект.

    • „UNE Gruaja“ е невладина, неполитичка и не-религиозна организација, формирана во 2003 година. Нивната мисија е да ги оспособат, едуцираат и интегрираат жените и младите луѓе во социјалниот, културниот и политичкиот живот, како и да креираат еднакви можности за нив во регионот на Поградец – Корча. Визијата на „UNE Gruaja“ е успешна жена која делува во безбедна средина која вклучува родова еднаквост во законите, политиките и праксата. UNE Gruaja има долгогодишно искуство во имплементирање на активности кои се однесуваат на домашно насилство; зајакнување на лидерските способности на жената; добро владеење и граѓанско учество. Во изминатиот период, здружението имплементира проекти кои се фокусирани на зајакнување на имплементирањето на „Законот за мерки против Семејното насилство” преку зајакнување на информативните механизми на локално ниво.
    • “Dorcas Aid International“ (DAI) функционира во 18 држави низ целиот свет додека нејзината главната канцеларија се наоѓа во Холандија. Доркас (Dorcas) започнала со својата хуманитарна работа во Албанија, при крајот на 1991година. Канцеларијата на DAI Албанија е лоцирана во Корча, град кој се наоѓа во југо-источниот дел од Албанија. Оваа организација промовира самостојност преку развој, обезбедување на социјална грижа, и помош во итни ситуации. Доркас функционира преку финансирање на проекти на локалните партнери.  Доркас ги гради капацитетите на овие локални организации со цел да се постигне ефективна имплементација на хуманитарна работа, рехабилитација, развој и проекти за социјална грижа. Фокусот за намалување на сиромаштијата и пораст на самостојноста е на: Одржлива егзистенција; Здравствена грижа, Грижа за децата и нивен развој; Социјална грижа и Хуманитарна работа и Рехабилитација. Доркас исто така поддржува теми поврзани со човекови права, родова еднаквост и одржливост.

Главните критериуми за селекција на потенцијалните кандидати за четиринеделното практикантство се:

    • Кандидатите да бидат на возраст од 18 – 30 години
    • Да имаат волонтерско искуство во невладини организации – или сегашен член на НВО
    • Мотивација за практиканство
    • Активно познавање на англиски јазик
    • Одлични комуникациски вештини

Методологијата на практиканството ќе се базира на пристапот „учење преку работа“. Очекуваме дека практикантите ќе научат како функционира албанското граѓанско општество, ќе усвојат добри практики и ќе се соочат со предизвици во секојдневната работа на развојот на локалната заедница, методите за адресирање на локалните потреби од невладините организации. Исто така очекуваме практикантите да се сретнат со различна култура, перцепција на развој на заедницата вклучувајќи го социјалниот живот во рамките на друга држава.

Трошоците за патување и сместување ќе бидат покриени од партнерската организацијата на СЕГА, Националниот Центар за Услуги во Заедницата (NCCS). Дополнително практикантите ќе добијат одредена сума на паричен надоместок за периодот на практикантство.

Краен рок за аплицирање: 23 јануари, најдоцна до 16:00 часот.

Кандидатите треба да испратат CV и мотивационо писмо, во кое ќе објаснат зошто учеството во ова практиканство е важно за нив.

Кандидатите кои аплицирале ќе бидат известени за резултатите најдоцна до 27 Јануари 2014 година.

Задоцнетите и некомплетни апликации нема да се разгледуваат.

Потребните документи испратете ги на следната е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 Проектот „Млади без граници“ е финансиран од Европската Унија.

 

ДИЗАЈНИРАНИ ПАРТНЕРСКИ ПРОЕКТИ ПОМЕЃУ МЛАДИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

 Во периодот од 14 – 16 декември, во хотел Климетица во Охрид се одржа финалната работилница за развивање на заеднички проекти помеѓу организации од Македонија и Албанија, во состав на проектот „Млади без граници“ финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија Албанија. На оваа работилница, организациите ги утврдија нацрт верзиите на нивните заеднички проектни апликации кои ќе се финализираат во наредниот период. Во периодот од октомври – декември 2013 година, во состав на овој проект, беа организирани вкупно 4 работилници со учество на 5 организации од Македонија и 5 организации од Албанија на кои се дизајнираа апликациите користејќи ЕУ програми со фасилитација на Коалиција СЕГА и партнерската организација од Албанија, Националниот Центар за услуги во заедницата. Проектните апликации ќе бидат претставени пред засегнатите страни од Македонија и Албанија преку Конференција која ќе се одржи во Февруари 2014 година.

   

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 10:38

 

ОДРЖАНА ПРВАТА РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗВИВАЊЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Во периодот од 29 – 31 октомври 2013 година во Поградец, Албанија, успешно се спроведе првата работилница за развивање заеднички проекти помеѓу младински организации од Македонија и Албанија. На оваа работилница беа дефинирани партнерствата помеѓу организациите во согласност со своите капацитети и полиња на работа. Во наредниот период ќе се одржат уште 3 работилници на кои партнерските организации ќе развиваат ЕУ проектна апликација на дефинираните проектни идеи. Овие активности се во состав на проектот „Млади без граници“ кој што е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за Прекугранична Соработка Македонија – Албанија.

  

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:26

 

ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ ВО АЛБАНИЈА (IPA CBC)

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Коалиција СЕГА заедно со Националниот Центар за Услуги во Заедницата од Албанија организираа обука за Застапување и Лобирање во Корча, Албанија во периодот од 27 – 30 август 2013 година. На обуката учествуваа селектираните  организации од Македонија и Албанија со свои претставници.

Обуката беше интерактивна овозможувајќи групни вежби за креирање на кампањи за застапување, вклучувајќи дефинирање на публика, развивање на порака, акционен план за застапување и други методи на застапување.

Учесниците исто така имаа можност да посетат неколку организации кои што работат со млади од Елбасан, Корча и Поградец - Албанија и да се запознаат со нивните проекти и методи на работа со млади.

 

Оваа обука е дел од процесот на градење капацитети на младинските организации, и е во состав на проектот „Млади без граници“, поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за Прекугранична соработка на Македонија со Албанија.

images/Mladi_bez_granici/Lobbying_and_Advocacy/04.jpg

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:28

 

Страница 1 од 2

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30