Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

COHEIRS

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „COHEIRS“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГA и 17 други организации од Европа го спроведуваат проектот „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост“ (Civic Observers for Health and Environment: Initiative for Responsibility and Sustainability - COHEIRS) поддржан од програмата Europe for Citizens. Проектот се спроведува во 12 земји од Европа: Македонија, Франција, Италија, Хрватска, Романија, Бугарија, Малта, Словенија, Албанија, Шпанија, Словачка и Унгарија.

Целта на COHEIRS е да се поддржи активното учество на граѓаните во демократскиот живот на ЕУ, а поспецифично во имплементацијата на принципите за заштита, детално опишани во член 191 од Договорот за Функционирање на Европската Унија (ЕУ), преку воспоставување на граѓански панели со фокус на здравство и животна средина.

Како завршна активност на проектот беше реализирана финалната меѓународна работилница во Мезање - Италија, во периодот од 13 - 15 март 2014 година, на која учествуваа 60 меѓународни и 50 домашни учесници.

  

Целта на оваа работилница беше да се сумираат националните препораки кои партнер државите ги изготвија во широка консултација со граѓаните за теми поврзани со животната средина и здравјето на луѓето.

На оваа конференција се дефинираа генерални препораки кои можете да ги видeте на следниот ЛИНК.

Доколку сакате можете и вие да дадете придонес поддршка во оваа иницијатива преку посета на посочениот линк на веб страната.

Последно освежено на Вторник, 08 Април 2014 15:21

 

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „ЗДРАВА ИСХРАНА“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

(Прилеп, 25 декември 2013) Коалицијата на младински организации СЕГА како дел од проектот COHEIRS „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост",(“Civic Observers for Health and Environment: Initiative for Responsibility and Sustainability”) организираше панел дискусија на тема „Здрава Исхрана“ во просториите на Градската Библиотека Борка Талески во Прилеп.

Целта на оваа панел дискусија беше да се подигне свеста кај граѓаните а посебно кај младите за важноста од водење грижа за сопственото здравје преку здрави животни навики.  На оваа панел дискусија др. Слаџана Велков на присутните им ги презентираше предностите од здравата исхрана, и здравите животни навики. Дополнително, посебен акцент од нејзината презентација беше посветен на генетски модифицираната храна (ГМО) како и предностите од органското производство. Присутните имаа можност да дискутираат на темата и да добијат совети за подобрување на нивното здравје.

Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) го спроведува проектот COHEIRS во партнерство со 12 организации од Европа со средства од програмата Citizen for Europe на Советот на Европа. Во Македонија Коалиција на младински организации СЕГА ги спроведува проектните активности како партнер на проектот.

  

Последно освежено на Сабота, 28 Декември 2013 14:12

 

ЈАВНА ДИСКУСИЈА “ВЛИЈАНИЕТО НА ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА ХРАНА ВРЗ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ - МАКЕДОНИЈА ДА НЕ УВЕЗУВА ГМО ХРАНА“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

На 03 декември 2013 година во просториите на ЕУ ИНФО центарот во Скопје, СЕГА ја организираше завршната дискусија „Влијанието на генетски модифицираната храна врз младите луѓе“ како дел од проектот COHEIRS „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост”.

Извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески ги презентираше и останатите препораки од досегашните панел дискусии кои се во насока на поголема контрола врз храна и суровините кои се увезуваат. Покрај овие препораки, посочено е Македонија да не произведува ГМО храна, редовно да се тестираат семињата и семенските материјали кои се увезуваат, но ако се дозволи увоз на ГМО храна, истата да биде видливо обележана на надворешното пакување.

На дискусијата во Скопје свои излагања имаа проф. Д-р Зоран Поповски раководител на катедрата за биохемија генетско инженерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, асистент д-р Игор Есмеров од Факултетот за ветеринарнa медицина и д-р Слаѓана Велков.

Целта на панел дискусиите кои беа организирани во Скопје, Прилеп, Битола и Свети Николе е јавноста подетално и поопширно да се запознае со генетски модифицирана храна (ГМО), потоа да се појаснат поимите поврзани со ГМО храната, легислативата во Европската Унија и Македонија поврзана со ГМО, контролата на истата храна, како и евентуалните ризици и последици кои може да ги има врз здравјето на луѓето од користењето на генетски модифицираната храна.

   

Проектот „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост“ (Civic Observers for Health and Environment: Initiative for Responsibility and Sustainability COHEIRS) се спроведува во 12 земји од Европа меѓу кои е и Македонија и е поддржан од програмата Europe for Citizens, а го спроведуваат Асоцијација на агенции за локална демократија (ALDA) во партнерство со Коалицијата за младински организации СЕГА.

Последно освежено на Четврток, 05 Декември 2013 14:33

 

ЈАВНИ ТРИБИНИ НА ТЕМА „ВЛИЈАНИЕТО НА ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНАТА ХРАНА ВРЗ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ“ ВО ПРИЛЕП И СВ. НИКОЛЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Коалицијата на младински организации СЕГА како дел од проектот COHEIRS „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост",(“Civic Observers for Health and Environment: Initiative for Responsibility and Sustainability”) во Свети Николе и Прилеп започна со панел дискусиите „Влијанието на Генетски Модифицираната храна врз младите".

Целта на овие панел дискусии е јавноста подетално да се запознае со генетски модифицирана храна (ГМО), потоа да ги појасни поимите поврзани со ГМО, легислативата во Европската унија и Македонија поврзана со ГМО, контролата на истата храна како и евентуалните ризици и последици кои може да ги има врз здравјето на луѓето од користењето на генетски модифицираната храна.

На трибината во Свети Николе свои излагања и видувања имаа проф. д-р Зоран Поповски, раководител на катедрата за биохемија и генетско инженерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и д-р. Слаџана Велков. Додека на трибината во Прилеп, свои излагања и видувања имаа   Татјана Тасевска – Инжинер технолог, Ружица Јагуриноска - Инжинер агроном, Мартин Јошески - Доктор по ветеринарна медицина.

Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) го спроведува проектот COHEIRS во партнерство со 12 организации од Европа со средства од програмата Citizen for Europe на Советот на Европа. Во Македонија Коалиција на младински организации СЕГА ги спроведува проектните активности како партнер на проектот.

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:32

 

ГМО И ЗДРАВЈЕТО НА МЛАДИТЕ – ГРАЃАНСКИ ПАНЕЛИ ВО 4 ГРАДОВИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

Во рамките на проектот COHEIRS - „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост“ во јуни 2013 година беше организирана обука за мултипликатори во Брисел. Коалиција на младински организации СЕГА, како партнер на проектот, зеде  учество на оваа обука со 5 свои претставници. На обуката за мултипликатори тие се стекнаа со потребните знаења и вештини за спроведување на локалните тематски работилници предвидени со проектот.

Во периодот октомври – декември 2013 година обучените мултипликатори од Коалиција СЕГА, Форум на млади Битола, Волонтерски Центар Скопје, Организација на жени на Свети Николе, и ХОПС Скопје ќе организираат граѓански панели на тема „Влијанието на Генетски модифицираните организми врз здравјето на граѓаните, посебно врз младите луѓе“.

Граѓанските панели ќе се организираат во:

  • Свети Николе: 29 октомври и 19 ноември 2013 година
  • Прилеп: 30 октомври 2013 година
  • Битола: 06 ноември 2013 година
  • Скопје: 13 ноември, 20 ноември, 26 ноември и 3 декември 2013 година.

Доколку сте заинтересирани за учество на овие панели слободно можете да не контактирате на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и 048 429 390 или обратете се директно кај организациите вклучени во проектот (Форум на млади Битола, Волонтерски Центар Скопје, Организација на жени на Свети Николе, и ХОПС Скопје)

Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) го спроведува проектот COHEIRS во партнерство со 12 организации од Европа со средства од програмата Citizen for Europe на Советот на Европа. Во Македонија Коалиција на младински организации СЕГА ги спроведува проектните активности како партнер на проектот.

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:32

 

Страница 1 од 2

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30