Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Образованието треба целосно да го развие карактерот и талентите на детето. Тоа треба да ги поттикнува децата да ги почитуваат своите родители, својата култура како и другите култури."
Член 29, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

ЛМС Бутел и Гази Баба

Обука за активно учество на млaдите во политичкиот и социјалниот живот

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во периодот од 24 – 26 април 2015, во Струга се одржа обука за локалната администрација од општините Гази Баба и Бутел за водење на процесот за изработка на локалните младински стратегии за двете општини. На обуката се дефинира методологијата за изработка на локалните младински стратегии согласно со прирачникот за креирање на локални младински стратегии, во издание на Коалиција СЕГА. Во рамките на проектот и активностите кои беа реализрани до сега, идентификувани се состојбите, потребите и приоритетите на младите во општините Гази Баба и Бутел, врз база на фокус групи со млади и анкети спроведени на репрезентативен примерок за двете општини.

Оваа обука се реализира во рамките на проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“ кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Интеркултура - Скопје и Волонтерски Центар Скопје, а со финансиска поддршка од Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија. Целта на проектот е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локални младински стратегии во општините Гази Баба и Бутел.

Последно освежено на Петок, 05 Јуни 2015 10:59

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНКЕТАРИ ЗА ОПШТИНИТЕ ГАЗИ БАБА И БУТЕЛ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНКЕТАРИ ЗА ОПШТИНИТЕ ГАЗИ БАБА И БУТЕЛ

Коалиција на младински организации СЕГА започна да го спроведува проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“ во партнерство со Интеркултура - Скопје и Волонтерски Центар Скопје, а со финансиска поддршка од Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија.

Целта на проектот е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локални младински стратегии во општините Гази Баба и Бутел.

Со цел да се обезбедат информации потребни за дефинирање на приоритетите и потребите на младите во општините Гази Баба и Бутел ќе биде спроведено истражување, на репрезентативен примерок. Процесот на истражување вклучува анкета со која ќе бидат опфатени млади луѓе на возраст од 15 до 30 години. Целни групи од истражувањето ќе бидат 200 анкетирани млади селектирани врз база на одредени критериуми.

За учество во оваа активност СЕГА има потреба од анкетари на возраст од 15 - 30 години за спроведување на анкетни прашалници во општина Гази Баба и општина Бутел.

Процесот на анкетирање треба да биде спроведен во периодот од 20 – 27 март 2015 година. За спроведеното анкетирање предвиден е соодветен надомест во бруто износ од 65,00 MKD по анкета.

Сите заинтересирани за учество во оваа активност (спроведување на анкетата) можат да се пријават со пополнување на Апликација (во прилог на овој повик) која треба да ја испратат на следната адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на факс: 048 429 390.

Краен рок за испраќање на апликациите е 18 март 2015 година.

Селектираните кандидати ќе бидат известени до 20 март 2015 година.

Заинтересираните апликанти за дополнителни информации можат да контактираат со:

Моника Илиоска Кантарџиоска
Асистент на програма
Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Тел:      +389 77 762 767
             +389 48 429  390

Преземете: Апликација за анкетари

Последно освежено на Петок, 05 Јуни 2015 10:56

 

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Коалиција СЕГА и Агенција за млади и спорт

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Денес, 03 март 2015 година во просториите на Агенција за млади и спорт се потпиша меморандум за соработка помеѓу Агенција за млади и спорт и Коалиција на младински организации СЕГА за успешна имплементација на проектот „Креирање на локални младински стратегии за општина Бутел и Гази Баба“.


Меморандумот за соработка го потпишаа директорот на АМС, Марјан Спасески и извршниот директор на СЕГА, Зоран Илиески, и истиот произлегува од долгогодишната соработка меѓу двете страни во процесите на креирање локални младински стратегии и совети во повеќе општини.

Постоењето на квалитетна младинска политика на локално ниво може да донесе вистински бенефиции и промени во секое општество. Еден од клучните процеси во креирањето на младинската политика е изготвувањето на локалните младински стратегии. Во оваа насока, неопходна е директна вклученост на младинските организации и особено на општините во процесите на создавање на локални младински совети и креирање на локални младински стратегии, зошто од овие мерки бенефит ќе извлечат не само младите луѓе, туку и самите општини” – истакна директорот Спасески и упати апел до градоначалниците и советите на општините поактивно да се зафатат со процесите на креирање на локални младински стратегии и совети.


Извршниот директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, Зоран Илиески потенцираше дека СЕГА во изминатиот период имаше одлична соработка со Агенцијата за млади и спорт, што резултираше со креирање на вкупно 13 локални младински стратегии во исто толку општини во државата.

Проектот ќе се спроведува во партнерство помеѓу Коалиција СЕГА, Агенција за млади и спорт и општините Гази Баба и Бутел, а е финансиран од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Македонија. Активностите ќе се спроведуваат до месец октомври 2015 година кога се очекува подготвените младински стратегии да се достават до Советите на општините Гази Баба и Бутел со цел нивно усвојување и спроведување.

Последно освежено на Петок, 05 Јуни 2015 12:00

 

ПРОЕКТ „КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СТРАТЕГИИ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Од 01 јануари 2015 година, Коалиција на младински организации СЕГА започна да го спроведува проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“ во партнерство со Интеркултура - Скопје и Волонтерски Центар Скопје а со финансиска поддршка од Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија. Целта на проектот е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локални младински стратегии во општините Гази Баба и Бутел.

Локалните Младински Стратегии за двете општини ќе се изготвуваат согласно методологијата утврдена со Прирачникот за креирање на Локални Младински Стратегии, во издание на Коалиција СЕГА. Методологијата предвидува идентификување на состојбите, потребите и приоритетите на младите во Гази Баба и Бутел, врз што ќе се темелат приоритетите и целните интервенции на самите стратегии.

Проектот ќе се спроведува во период од 10 месеци во општините Гази Баба и Бутел.

 

Последно освежено на Петок, 05 Јуни 2015 10:22

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30