Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на приватност. Законот треба да ги заштити од напади на нивниот начин на живот, нивното име, нивните семејства и нивните домови."
Член 15, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

К3 CEYEP

АКТУЕЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ НА ЕУ И Р.МАКЕДОНИЈА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалицијата на младински организации СЕГА, на 27.01.2017, во просториите на ЕУ инфо центарот, реализира дискусија поврзана со зголемување на вработувањата на младите луѓе. На дискусијата учествуваа претставници на младите, студенти, младински организации, претставници на Агенција за вработување на Македонија и Млади Инфо. Овој настан е дел од проектот “Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог) од програмата ЕРАСМУС+.

Целта на денешната дискусија беше да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку структурен дијалог со релевантните засегнати страни, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Слободанка Алексовска – раководител на Центар за вработување, Скопје: „ Младите се иднината во секое општество, а во иднината мора да се вложува. Токму затоа ние се грижиме за младите и реализираме многу мерки за нивно вработување, самовработување, практична работа, различни обуки и субвенции. Само преку последната законска можност МКД1 и 2 се реализира над 23 000 нови работни места од кои најмногу се млади лица.“

Зоран Илиески – извршен директор на Коалиција СЕГА: “Потребно е дополнување на системот на Агенција за Вработување на РМ во насока на следење на професионалниот и кариерниот развој на младите и усогласување на базите на податоци и нивно поврзување помеѓу Министерство за образование и наука со Агенција за Вработување на РМ.

 

ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕДМЕТ ВО УЧИЛИШТАТА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Претприемништвото да се воведе како задолжителен предмет во средните училишта со воведување на пракса и волонтирање во претприемачки компании е една од главните препораки кои произлегоа од завршната конференција “Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување” која се одржа во Струга од 21 - 24 мај 2015 година. Конференцијата ја реализираше Коалицијата на младински организации СЕГА поддржана ЕРАСМУС+ програмата преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност.

На конференцијата свои презентации имаа Урим Касапи од канцеларијата на УНДП во Македонија, Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика, како и Дарко Димитров од Националната агенција за Европски образовани програми и мобилност. Целта на проектот е преку активно вклучување на младите луѓе и младинските организации со структурен дијалог со релевантните засегнати страни, да се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Останатите препораки кои беа усвоени на конференцијата се воспоставување на критериуми за вработување во граѓански организации и нивно активно вклучување во мерките на Агенцијата за вработување, креирање и воспоставување на Младинска Гарантна шема во рок од 6 месеци за регистрирани невработени млади и млади кои предвремено го напуштиле образованието до 30 години според практиките од ЕУ, вклучувајќи пилотирање и план за финансирање, дополнување на системот на АВРМ во насока на следење на професионалниот и кариерниот развој на младите, како и учество во креирањето на образовни програми во сферите кои имаат дефицит на кадри за вработување. Овие препораки ќе бодат доставени до Министерството за труд и социјална политика. 

“Овие препораки треба да придонесат да се зголеми вработеноста на младите во приватните компании и да допринесе за развој на претприемништвото во Македонија. Исто така со овие препораки веруваме дека ќе се зголеми активното учество на младите и граѓанските организации во креирањето на јавните политики поврзани со вработување и со младите.“- вели Зоран Илиески – извршен директор на Коалиција СЕГА. 

Во рамки на проектот се одржаа 10 локални дебати во Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Скопје, Дебар, Тетово и Кавадарци на кои младите и останатите засегнати страни разговараа за мерките и можностите за подобрување за вработување на младите, ефектот од активните политики на Владата и Агенцијата за вработување на Македонија, и дадоа свои препораки за подобрување на процесот на вработување на младите во периодот по завршувањето на образовните процеси. На средбите кои беа оддржани се дискутираше и за активните мерки и алатки за младинско вработување на ЕУ, како добри практики кои би биле применливи во Македонија.

 

 

ВО ТЕК Е НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА „КРЕИРАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Струга, 21 – 24 мај 2015 година)Во тек е Националната работилница „Креирање на ефективни можности за младинско вработување“.

Во моментов г-дин Урим Касапи, канцеларија на UNDP, говори за искуствата на меѓународните организации за намалување на младинската невработеност во Македонија.

Работилницата вчера ја отворија г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на СЕГА, и г-дин Дарко Димитров, директор на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност.

Денес, учесниците беа воведени во концептот на Структурен Дијалог, и Младинските гаранциски шеми.

Следи презентација на г-дин Младен Фрчковски, советник во МТСП, на тема добри практики од мерките за младинско вработување.

Овој настан е во состав на проектот „Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАСМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на настанот е да се дефинираат клучни препораки за подобрување на политиките за младинско вработување преку примената на методот на Структурен Дијалог, односно заеднички консултативни средби на младите и институциите по однос на младинските политики.

Проектот има за цел да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните засегнати страни, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

  

Во првата фаза на проектот беа организирани локални дискусии во 10 градови во Република Македонија на кои се прибраа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции поврзани со областа вработување во однос на подобрување на општите состојби од различни аспекти во полето на младинското вработување.

Последно освежено на Понеделник, 08 Јуни 2015 14:29

 

Повик за учество на Национална Работилница за креирање на Документ со Препораки за Младинско Вработување (Position Paper)

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на Национална Работилница за креирање на Документ со Препораки за Младинско Вработување (Position Paper). Овој настан е во состав на проектот „Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАСМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на проектот е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните засегнати страни, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Во првата фаза на проектот беа организирани локални дискусии во 10 градови во Република Македонија на кои се прибраа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции поврзани со областа вработување во однос на подобрување на општите состојби од различни аспекти во полето на младинското вработување.

Целта на настанот е да се дефинираат клучни препораки за подобрување на политиките за младинско вработување преку примената на методот на Структурен Дијалог, односно заеднички консултативни средби на младите и институциите по однос на младинските политики. Според тоа, Коалиција СЕГА ќе ги сподели работните материјали од локалните дискусии со учесниците како влезни материјали за главните активности на настанот.

За учество на овој настан ќе бидат селектирани 30 претставници на младински организации и 15 претставници на локални и национални институции. Работилницата ќе се одржи во периодот од 21 – 24 мај 2015 година во Струга. Техничките детали за работилницата околу сместувањето и патните трошоци ќе бидат споделени дополнително со  селектирани учесници.

Сите заинтересирани за учество во оваа работилница треба да достават Апликација и номинација од матичната организација на следната адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   со назнака „Апликација за учество на работилница“.

Краен рок за испраќање на апликации е 13 мај 2015 година. Непотполните и ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат.  

Селектираните учесници на работилницата ќе бидат известени најдоцна до 15 мај 2015 година. 

Доколку Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте со: 

Томислав Гајтаноски
Раководител на проект
Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  
Тел:     +389 78 470 402; +389 48 429 390

Последно освежено на Петок, 05 Јуни 2015 11:53

 

Ефективни политики за зголемување на вработеноста кај младите

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта
  
Почитувани,
 
Коалицијата на младински организации СЕГА, во соработка и поддршка од Волонтерски Центар Скопје (ВЦС) на 16 април во Младински Културен Центар ја реализираше првата дискусија поврзани со зголемување на вработувањата на младите луѓе.  На дискусијата учествуваа претставници на младите, студенти, младински организации, претставници на Град Скопје, Агенција за вработување на Македонија, претставници од Министерство за труд и социјална политика, занаетчиските комори, и претставници на здруженијата на работодавачи. Оваа дебата е дел од проектот “Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог) од програмата ЕРАСМУС+.

Целта на проектот е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку структирен дијалог со релевантните засегнати страни, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Неколку клучни препораки кои произлегоа од првата дебата се:

·         Зајакнување на постоечките и имплементирање на нови превентивните мерки за поттикнување на вработувањето преку реформи во образовниот систем (основното, средното и високото образование).

·         Имплементирање на мерки за поттикнување и зајакнување на претприемничката свест и претприемничкио дух кај младите уште во многу рана фаза на нивниот персонален развој.

·          Учество на сите релевантни фактори од општеството (сите надлежни министерства, бизнис секторот, сојузот на синдикати, НВО секторот, здруженија на работодавачит, АВРМ, АМС и други) во креирањето на образовните програми

Како дел од активности за проектот, предвидени се одржување на уште 9 дискусии во Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Тетово и Кавадарци на кои ќе се разговара за мерките и можностите за подобрување за вработување на младите, ефектот од активните политики на Владата и Агенцијата за вработување на Македонија, со цел да се дадат препораки за подобрување на процесот на вработување на младите во периодот по завршувањето на образовните процеси. Исто така, ќе се дискутираат и активните мерки и алатки за младинско вработување на ЕУ, како добри практики кои би биле применливи во Македонија.

Зоран Илиески – извршен директор на Коалиција СЕГА: “Активностите кои ги спроведуваме во овој проект и дискусиите кои ги организираме треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми бројот на млади кои се вработуваат. Вклучувањето на сите засегнати јавности во структурен дијалог ја покажува нашата вистинска желба и потреба да се унапреди овој процес во кој ќе сите релевантни страни ќе дадат свој активен придонес.„

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 27 членки.

 

Последно освежено на Петок, 05 Јуни 2015 11:58

 

Страница 1 од 2

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30