Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Отворена Врата

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ОТВОРЕНА ВРАТА ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(10.10.2017), во хотел Арка, се одржа Завршна Конференција на проектот: Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за младите од младите“ поддржан од Европската Унија преку втората грантова шема од компонентата ИПА4 со специфична намена за социјална инклузија.

На настанот беше презентирано Мултимедијално Издание од активностите на проектот и беа презентирани постигнувањата на проектот кон унапредување на вработливоста на социјално ранливите категории на млади.

Проектот „Отворена Врата – за младите од младите“ имаше за цел да се олесни социјалното вклучување на ранливите групи на млади луѓе преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на труд и подобрување на нивната вработливост преку градење на нивните вештини да се вклучат на пазарот на труд и нивна целосна интеграција во општеството.

„Со проектот се воспоставија 4 Младински Инфо Кариерни Центри во Прилеп, Битола, Штип и Скопје во кои тим од 20 обучувачи од центрите за социјална работа и граѓанските организации спроведоа обуки за кареирно советување и насочување на 126 млади приматели на социјална помош и млади кои се згрижени во јавни институции со примена на методологија на кариерно насочување и биланс на компетенции по приерот и искуствата од Р. Словачка и им беа изготвени индивидуални планови за личен кариерен развој.15 од нив го реализираа својот индивидуален кариерен план и го променија својот статус од приматели на социјална помош во вработени лица, од кои 2 се вработија кај истиот работодавач кај кој посетуваа практична обука во рамките на проектот.“ истакна г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција СЕГА и раководител на проектот.

Дополнително, со проектот беа изготвени 60 социјални карти за млади кои се згрижени во институции, и беше изготвена „Студиска анализа на потреби: социјално вклучување на ранливите групи преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на труд“.

Проектот „Отворена врата – за младите од младите“ се спроведуваше во период од 22 месеци во Прилеп, Битола, Штип и Скопје.

Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за млади од млади“ e финансиран од Европска Унија

 

Промоција на „Студиска анализа на потреби: Социјално вклучување на ранливите групи преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на трудот“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(07.09.2017) во хотел Карпош, Скопје, Колиција СЕГА ја промовираше „Студиската анализа на потреби: Социјално вклучување на ранливите групи преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на трудот“ како дел од активностите на проектот за подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата- за млади од млади“. Со овој проект се опфатени 80 лица, од Скопје, Битола, Прилеп, Штип, чии семејства се корисници на социјална помош.

- Тргнавме од фактот кој говори дека 4.000 млади се корисници на социјална помош. Ова е фрапантна бројка на лица кои никогаш не помислиле да се вклучат на пазарот на трудот. Баравме од каде да најдеме соодветно искуство кое е адекватно на нашето поднебје. Го применивме словачкиот модел, кој кај нив дава одлични резултати, од аспект на индивидуална поддршка. Дојдовме до научена лекција дека институциите и граѓанскиот сектор мора да креираат соодветни стратегии коишто ќе им помогнат на овие лица да се вработат, изјави Зоран Илиевски, извршен директор на Коалиција СЕГА.

Истражувањата на Коалицијата СЕГА покажале дека многу од младите луѓе се откажале по првото работно искуство, бидејќи увиделе дека немаат вештини за работното место. Тоа ги демотивирало да побараат нова работа.

- Имајќи предвид дека се работи за многу специфична целна група, овие млади луѓе се најчесто во затворени семејства кои долго време користат социјална помош и како такви никогаш немале можност да работат.

Со проектот овозможивме да ја промениме свеста кај овие млади луѓе, да станат свесни дека влегувањето во работниот живот, обезбедува не само материјални средства туку и можност за социјализација, и давање придонес и на државата, потенцираше Илиевски.

Инаку, 65 проценти од младите лица-социјални случаи, имаат завршено средно образование. Голем дел од нив се припадници на ромската етничка заедница. 

- Од истражувањето можам да кажам дека покрај што е клучно образованието за овие лица за да се вклучат на пазарот на трудот, многу е битно тие да се стекнат и со вештини. Но, исто така важно е Центрите за социјлана работа со овие млади луѓе да работат на дополнителна психолошка работа и мотивација, изјави Катерина Јовановска од Коалицијата СЕГА.

Проектот е финансиран од Европска Унија преку програмата Подобрување на социјалната инклузија, ИПА 4 компонента, Развој на човечки ресурси.


Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за млади од млади“ e финансиран од Европска Унија


 

И ВО БИТОЛА ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈА ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКАТА „БИЛАНС НА КОМПЕТЕНЦИИ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во просториите на Инфо Кариерниот Центар за млади во Битола, на 07 јуни 2017 година, беа доделени уверенија за успешно реализирана обука на учесниците од Битола. Тројца обучувачи спроведоа две четири дневни обуки за млади приматели на социјална помош. Обуките вклучуваа подготовка на „Биланс на компетенции“ за секој учесник се со цел подобрување на вработливоста на младите и овозможување на еднакви можности за пристап до пазарот на труд за младите од социјално ранливите групи.

Дел од учесниците на овие обуки ќе имаат можност да реализираат практична работа во бизнис секторот во Битола, а во насока на подобрување на нивните вештини и компетенции, стекнување на работно искуство и можност за вработување.

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата-За млади од млади“ во партнерство со невладината организација КАБА од Словачка и ЕАСП од Македонија во рамки на програмата „Подобрување на социјалната инклузија“, финансиран од Европска Унија, преку ИПА4 компонентата, Развој на човечки ресурси.


Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за млади од млади“ e финансиран од Европска Унија

Последно освежено на Среда, 21 Јуни 2017 21:56

 

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈА НА УЧЕСНИЦИ ЗА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНАТА ОБУКА „БИЛАНС НА КОМПЕТЕНЦИИ“ ВО ПРИЛЕП

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта


Четврток (25.05.2017), во Кариерниот Инфо центар во Прилеп, беа доделени уверенија за успешно реализирани обуки на учесниците од Прилеп. Обуките спроведени во февруари и март 2017 вклучуваа изготвување „Биланс на Компетенции“ со цел подобрување на вработливоста на младите и олеснување на социјалното вклучување на ранливите групи на млади луѓе преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на труд. 

Како втора фаза на проектот предвидено е на дел од учесниците на обуките да им се обезбеди практикантска работа во фирми од Прилеп, со цел да се стекнат со работно искуство и идно можно вработување.

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата-За млади од млади“ во партнерство со невладината организација КАБА од Словачка и ЕАСП од Македонија во рамки на програмата „Подобрување на социјалната инклузија“, финансиран од Европска Унија, преку ИПА4 компонентата, Развој на човечки ресурси.

Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за млади од млади“ e финансиран од Европска Унија

Последно освежено на Вторник, 20 Јуни 2017 11:45

 

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СОСТАНОК НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ПРОЕКТОТ „ОТВОРЕНА ВРАТА - ЗА МЛАДИ ОД МЛАДИ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за младите од младите“ од втората грантова шема од компонентата ИПА4 со специфична намена за социјална инклузија започна со имплементација од 15 декември 2015 година. Носител на проектот е Коалиција на младински организации СЕГА која го спроведува проектот во партнерство со ЦЕСОР и ЕАСП од Македонија и KAБA од Словачка во период од 20 месеци.

На 19 април 2017 година во Скопје, се одржа вториот состанок на Управниот Одбор на проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за млади од млади“. На состанокот се даде преглед на постигнувањата на проектот, како и презентација на наредни активности во рамките на проектот. Управниот Одбор го сочинуваат претставници од институции и организации кои ќе бидат вклучени директно или индиректно во спроведувањето на проектните активности, односно по еден претставник од: Министерството за труд и социјална политика на РМ, ЈУ Завод за социјални дејности, Меѓуопштинските Центри за социјална работа од Прилеп, Битола, Штип и Скопје, ЈУ Детски Дом „11ти Октомври“ - Скопје, ЈУ за згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение, и СОС Детско Село.

Основната цел на проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за младите од младите“ е да се олесни социјалното вклучување на ранливите групи на млади луѓе преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на труд. Исто така, со овој проект ќе се поддржи, охрабри и зголеми учеството на ранливите групи на млади на пазарот на труд преку подобрување на нивната вработливост, градење на нивните вештини да се вклучат на пазарот на труд и нивна целосна интеграција во општеството. Крајни корисници на овој проект се младите кои користат социјална помош и младите кои заради неповолни животни околности животот го минуваат згрижени во установи за социјална заштита преку кои треба да се обезбеди нивно вклучување во општеството и пред се на пазарот на труд.

Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за млади од млади“ е финансиран од Европска Унија

 

Страница 1 од 4

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30