Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да кажат што мислат. Кога возрасните носат одлуки кои ги засегаат, децата имаат право нивните мислења да се земаат предвид."
Член 12, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

K3 YWPD

НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЕТИЧКИ КОДЕКС ЗА МЛАДИНСКИ РАБОТНИК

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

                                

   

Коалиција на младински организации СЕГА во периодот од 16 - 19 мај 2018 година, во хотел Бисер, Струга, ја реализира Националната работилница за Креирање на Етички Кодекс за Младински Работници. На настанот учество зедоа 45 учесници (млади на возраст од 15 - 30 години и донесувачи на одлуки).

Овој настан беше креиран со цел да се воспостави комуникација помеѓу младите и донесувачите на одлуки со цел подобрување на младинската работа и младинското учество во Македонија преку професијата Младински работник.

Како краен резултат на проектот ќе биде подготвен „Етички Код за Младински работник. Подготвениот финален документ СЕГА официјално ќе го поднесе до Влада на Р.Македонија, Министерство за образование и наука, Биро за Развој на образование, Центарот за стручно образование, Министерство за труд и социјална политика, факултети и училишта, како и до Локалните Самоуправи.

Националната работилница е дел од проектот „Младински работници за младите“.  Целта на овој проект е да се влијае на младинското учество во демократскиот живот преку унапредување на улогата на Младинскиот Работник. Пристапот кој го предлагаме се базира на  препознавање на улогата Младински работник како посебна професија, како и развивање на “Етички Код за Младински работници” преку кој ќе се стандардизираат професионалните вештини, знаења и способности на младинските работници во услугите кои тие ги обезбедуваат за младите.

Проектот е поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата ЕРАЗМУС+, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

                                             

              

 

 

 

 

                                          

 

Придонес на Коалиција СЕГА во дефинирањето на младинската работа во Македонија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади објавува го спроведува проектот „Развој на политика за Младинска работа”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). 

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Краен продукт на проектот беше позицискиот документ Придонес на Коалиција СЕГА во дефинирањето на младинската работа во Македонија кој беше доставен до Агенцијата за млади и спрот на Р. М.

Погледнете го документот на следниов линк.

Последно освежено на Понеделник, 24 Јули 2017 13:48

 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади објавува повик за учество на Национална Работилница за креирање на Документ со Препораки за Признавање на Младинската Работа. Овој настан е во состав на проектот „Развој на политика за Младинска работа”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Во првата фаза на проектот беше организирана Национална Конференција „Како до признавање на младинската работа во Р. Македонија“ со носители на одлуки на национално ниво. Следуваа локални дискусии во 10 градови (Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Тетово, Скопје, Штип, Кавадарци и Струмица) на кои се прибираа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции во однос на чекорите.

Целта на настанот е да се дефинираат клучни препораки за признавање на младинската работа преку примената на методот на Структурен Дијалог, односно заеднички консултативни средби на младите и институциите по однос на младинските политики. Според тоа, Коалиција СЕГА ќе ги сподели работните материјали од локалните дискусии со учесниците како влезни материјали за главните активности на настанот.

За учество на овој настан ќе бидат селектирани 30 претставници на средношколски, студентски и младински организации, како и Совети на млади и 15 претставници на локални и национални институции. Работилницата ќе се одржи во периодот од 15 – 18 ноември 2016 година во Струга. Техничките детали за работилницата околу сместувањето и патните трошоци ќе бидат споделени дополнително со  селектирани учесници.

Сите заинтересирани за учество во оваа работилница треба да достават пополнета Апликација и номинација од матичната организација на следната адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it со назнака „Апликација за учество на работилница“.

Краен рок за испраќање на апликации е 09 ноември 2016 година. Непотполните и ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат.  

Селектираните учесници на работилницата ќе бидат известени најдоцна до 11 ноември 2016 година.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте со:

Моника И. Кантарџиоска
Раководител на програма

Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Тел:     +389 77 762 767; +389 48 429 390

 

ПРЕЗЕМЕТЕ: Апликација за учество на Национална Работилница

Последно освежено на Вторник, 01 Ноември 2016 17:12

 

ИНТЕГРИРАЊЕ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА ВО СИСТЕМОТ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенцијата за млади и спорт ја одржаа национална работилницата  „Како до признавање на младинската работа во Р. Македонија“ во Скопје. На Конференцијата учествуваа претставници на Центарот за образование на возрасни, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и други релевантни институции, како и претставници на граѓанскиот сектор, меѓу кои и Советот за младинска работа и Младински Културен Центар – Битола.

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Заклучоци од Конференцијата за признавањето на младинската работа во Македонија:

  • Отворање на процес на консултација со соодветни социјални актери (државни институции, локална самоуправа, граѓански организации) и млади луѓе
  • Институционализација на младинската работа и одредување на ниво на сетификација
  • Развивање на стандарди
  • Меѓуинститунционална/меѓуминистерска соработка за валоризација на сертификатите (правилник во МОН  за работа во образовни институции)
  • Акредитирање на потенцијални испорачувачи на обука на младински работници

На конференцијата учесниците имаа можност да слушнат за европските практики во регулирањето и признавањето на младинската работа како и да дефинираат клучни чекори како младинската работа да биде признаена и во Македонија.

Зоран Илиески - извршен директор на Коалиција СЕГА .„Неопходно е интегрирање на младинската работа во системот на доживотно учење и обезбедување на квалитет на оние кои секојдневно работат со деца и млади. Многу важна е покажаната спремност на институциите за следење на европските практики и изнаоѓање на модел за препознавање на работата со млади како професија“.

Конференцијата се организираше во состав на проектот „Развој на политика за Младинска работа”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). 


Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2016 15:49

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30