Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да мислат и да веруваат во што сакаат, и да ја практикуваат својата вероисповест, доколку со тоа не спречуваат други луѓе да ги уживаат своите права. Родителите треба да им даваат насоки на своите деца по овие прашања."
Член 14, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

E+ KA2 YIW for Youth

КОАЛИЦИЈА СЕГА ГО ОДРЖА ВЕБИНАРОТ „МЛАДИНСКО ИНФОРМАТИВНИ МЕТОДИ ЗА РАБОТА СО МЛАДИ ВО СИТУАЦИЈА НА НЕЕТ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Коалиција на младински организации СЕГА на 30 октомври 2018 година, го одржа online вебинарот на тема „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ“. ToT вебинарот беше наменет за преставници на младински организации, младински работници и млади од цела Европа каде детално се преставија практични Младинско информативни методи за работа со млади во НЕЕТ ситуација.

Овој вебинар е дел од серијата на активнбости во рамките на проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади" кој го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на Р. Македонија преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.


Цeлта на Вебинарот е да се зајакнат капацитетите на младинските организации, младинските работници и другите засегнати страни, да се обезбеди поттикнување на социјалното вклучување на младите во ситуација на NEET, промовирање и зголемување на достапноста на професионално советување и насоки прилагодени на потребите на социјално исклучените млади луѓе во сите фази од нивниот живот. Преку овој вебинар младинските работници се запознаа со нови пристапи во информирање на младите во НЕЕТ ситуација.

На вебинарот говореа екперти од Македонија, Хрватска и Полска:

-       Г-дин Зоран Илиески говореше на темата „Младинско Информативни методи“

-       Г-а Јелена Бателич говореше на темата „Методи за директна работа со млади во НЕЕТ ситуација“

-       Г-дин Томаж Моледа говореше на темата „Иновативни алатки и техники за информирање на младите“.

За сите заинтересирани кои сакаат да го следат вебинарот, истиот е достапен на следниот линк:

Превенцијата треба да биде приоритет со цел да се избегне зголемување на бројот на млади луѓе кои би биле во ситуација на НЕЕТ и да го разбијат интергенерацискиот циклус на социјална исклученост. Потребен е проактивен пристап на младинските организации од цела Европа да обезбедат рана интервенција за да се избегне младите луѓе да се најдат во ситуација на НЕЕТ.

Проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади"има за цел да се зголеми квалитетот на младинската работа во адресирањето на потребите на NEET во Европа како и да се воведе и примени иновативен пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството. Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на Р. Македонија преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.



 

ПРИРАЧНИК „МЕТОДИ ЗА МЛАДИНСКО ИНФОРМИРАЊЕ НА МЛАДИ ВО СИТУАЦИЈА НА НЕЕТ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Прирачникот „Методи за младинско инфомрирање на млади во ситуација на НЕЕТ “ е резултат на Интелектуалниот производ од проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на младите во НЕЕТ ситуација“ кој го спроведува Коалиција на младински организации  СЕГА, во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска.

Оваа алатка е дизајнирана да обезбеди знаења за иновативни методи, алатки и техники за информирање на младите луѓе, со посебен фокус на младите во ситуација на НЕЕТ. Исто така, Прирачникот има за цел да им служи на младинските работници и младинските информативни работници во Европа како вреден ресурс во нивната секојдневна работа со младите во ситуација на NEET.

Прирачникот се состои од три клучни теми: Методи за младинско информирање, Методи за директна работа со младите во состојба на NEET и Иновативни алатки и техники за информирање на младите луѓе.

Врз основа на теоријата и праксата, Прирачникот преставува преглед на европските практики во информирањето на младите и работењето со младите во ситуација на НЕЕТ. Дополнително, во Прирачникот се дадени информации за најновите трендови во он-лајн и оф-лајн методи кои треба да се применат во младинската работа.

Силно веруваме дека овој Прирачник ќе послужи како извор за учење, но исто така и како водич за развивање на долгорочни стратегии за спречување на младите луѓе да се најдат со ситуација на НЕЕТ, а уште повеќе веруваме дека алатката ќе придонесе за зголемување на квалитетот на младинската работа во решавањето на потребите на НЕЕТ во Европа.

Прирачникот е достапен на следниот линк:

 

Прирачникот за Методи за информирање на млади во ситуација на НЕЕТ е резултат на Интелектуалниот производ од проектот „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ“ со (реф број 2017-1-MK01- KA205-035354), поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на програмата Еразмус +, клучна акција 2 - стратешки партнерства во областа на младите.

 

Последен повик за учество на вебинар „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ “

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта


Кога: денес, 30 октомври, со почеток во 11:00 часот!
Колку ќе трае? Час и половина!
Цена за учество? БЕСПЛАТНО!
Како да се регистирам? Кликни тука: https://epi.clickmeeting.com/neet/register
На кој јазик ќе биде вебинарот? Овој вебинар ќе се одржи на англиски јазик.

*Овој вебинар ќе се одржи онлајн.

Коалиција на младински организации СЕГА Ве поканува да учествувате на вебинар на тема „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ“. ToT вебинарот е наменет за преставници на младински организации, младински работници и млади од цела Европа каде детално ќе се престават практични Младинско информативни методи за работа со млади во НЕЕТ ситуација.

Превенцијата треба да биде приоритет со цел да се избегне зголемување на бројот на млади луѓе кои би биле во ситуација на НЕЕТ и да го разбијат интергенерацискиот циклус на социјална исклученост. Потребен е проактивен пристап на младинските организации од цела Европа да обезбедат рана интервенција за да се избегне младите луѓе да се најдат во ситуација на НЕЕТ.

Со зајакнување на капацитетот на младинските организации, младинските работници и другите засегнати страни, ќе се обезбедиме поттикнување на социјалното вклучување на младите во ситуација на NEET, промовирање и зголемување на достапноста на професионално советување и насоки прилагодени на потребите на социјално исклучените млади луѓе во сите фази од нивниот живот. Преку овој вебинар младинските работници ќе се запознаат со новиот пристап во информирање на младите во НЕЕТ ситуација.

 

Проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади" има за цел да се зголеми квалитетот на младинската работа во адресирањето на потребите на NEET во Европа како и да се воведе и примени иновативен пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството. Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.

Последно освежено на Вторник, 30 Октомври 2018 09:35

 

ИЗВЕШТАЈ: „УЛОГАТА НА МЛАДИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИСКИ СЕРВИСИ ВО СОЦИЈАЛНАТА ИНКЛУЗИЈА НА МЛАДИТЕ ВО NEET СИТУАЦИЈА“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

        

 

Извештајот за состојбата на NEET - искуството на ЕУ, специфичностите за Македонија и Хрватска ги презентира податоците собрани преку процес на сеопфатна работа и истражување за младите за состојбата на НЕЕТ на ниво на ЕУ и состојбите на терен во Македонија и Хрватска (регионот на Ријека). Извештајот е клучен резултат во рамките на проектот "Младински информативни центри оспособени за NEET" кофинансирани од програмата Еразмус+ на Европската унија, Клучна акција 2: Соработка за иновации и размена на добри практики, Стратешки партнерства во областа на младите, Стратешки партнерства за поддршка на иновациите.

Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА (Македонија), Удруга - Регионален инфо центар за млади Ријека - УМКИ (Хрватска) и Асоцијацијата - образование преку интернет (Полска).

Извештајот дава корисни информации за следните аспекти на состојбата со NEET групата:

-        Статистички податоци за NEET на ниво на ЕУ, Македонија и Хрватска;

-        Податоци за образованието и вработувањето на младите и специфичностите на NEET групата во врска со ова;

-        Анализа на владините политики за NEET групата, како и на постоечки мерки за решавање на потребите поврзани со образование, обука и вработување на младите во NEET групата;

-        Презентација и анализа на важноста на информирањето на младите, како и различни модели за воспоставување на младински информативни услуги на национално и локално ниво;

-        Податоци и наоди од спроведеното теренско истражување на 600 млади кои се дел од NEET групата како во Македонија така и во Хрватска (регион Ријека);

Младите во ситуација на NEET во двете земји се соочуваат со недостаток на конкретни владини мерки кои ќе ги задоволат нивните потреби за обука, образование и вработување. Постојат некои постоечки мерки кои понатаму треба да се прилагодуваат на потребите на оваа група. Младинските организации во двете земји би можеле да преземат проактивен пристап кон владините институции, да развијат и прилагодат разни младински информациски модели како веб-страници, портали, младински картички, младински саеми итн. кои би им служеле на младите во ситуација на NEET. Посебно внимание треба да се посвети на жените во групата NEET и мерките треба да се прилагодат на нив со цел да се мотивира оваа група активно да бараат вработување и образование. Податоците на терен за оваа група не може да се генерализираат, односно да се однесуваат на сите млади од NEET групата во двете земји. Ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се дефинираат различните пристапи кон оваа група во различни региони на земјите. За почеток, проектот може се фокусира на развој на онлајн алатки за да овозможи пристап на младите од NEET групата до информации како што се веб-сајтови, мобилни апликации итн. Друга можност што се препорачува и се бара од младите во NEET групата во двете земји се активности за вмрежување и споделување со врсници, но исто така и со претставници на службите за вработување, бизнис секторот и владините институции.

На следниот линк можете да го прочитате прирачникот изработен во рамките на овој проект насловен како: „Улогата на младинските информативни сервиси во социјалната инклузија на младите кои се во NEET ситуација“.

Последно освежено на Четврток, 23 Август 2018 14:48

 

Водич со најдобри практики „Youth Information Workers fit for Youth"

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Valuable resource for youth information workers containing methods and best practices of youth information work in Europe, a product of the strategic partnership between SEGA, UMKI and ERYICA.

Почитувани читатели,

Овој Водич за најдобри практики во Младинската информативна работа - Guide for best practices “Youth information workers fit for youth!” - преставува вреден ресурс за младинските информативни работници и е резултат на проектот за стратешко партнерство “Youth information workers fit for youth!”, 2016-2-MK01-KA205-021756 помеѓу СЕГА, UMKI и ERYICA. 

Водичот содржи бројни методи за on-line и off-line информирање и примери за најдобри практики на младинската информативна работа во Европа.

Целта на овој прирачник е да обезбеди информации за младинските информативни работници во Европа, преку споделување на знаење и ресурси за различни методи и техники за младинско информирање. Покрај тоа, во овој водич се прикажани различни искуства и најдобри практики на младинските информативни центри во Европа.

Проектот “Youth information workers fit for youth!” е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија, преку Еразмус + Програмата, Клучна акција 2 - Стратешко партнерство - Поддршка за размена на добри практики.

 

Уживајте во читањето,


Партнери во проектот СЕГА, UMKI и ERYCA

Последно освежено на Четврток, 27 Април 2017 14:33

 

Страница 1 од 3

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30