Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Образованието треба целосно да го развие карактерот и талентите на детето. Тоа треба да ги поттикнува децата да ги почитуваат своите родители, својата култура како и другите култури."
Член 29, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

USAID CEP

Коалиција СЕГА одржа Панел дискусија на тема „Младите и медиумите“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција СЕГА одржа Панел дискусија на тема „Младите и медиумите“

 

Младите не се доволно застапени во националните медиуми. Тие, главно, се информираат од социјалните мрежи, а помалку од телевизијата, радиото и печатените медиуми. Ова беше констатирано на Панел-дискусијата „Младите и медиумите“, која се одржа на 22.06.2018 година, во просториите на Европски универзитет РМ во организација на Kоалиција на младински организации СЕГА во рамки на Неделата на граѓански организации поддржана од УСАИД.

             

Еден од најпознатите македонски млади јутјубери, Марко Марковиќ, кој има 95.000 следбеници, вели дека недостатокот на содржини за млади е една од главните причини поради кои тие се почесто го користат интернетот и социјалните мрежи како извор на информации, а ги отфрлаат традиционалните медиуми како телевизијата, и особено радиото и весниците.
– Забележувам дека Јутјуб и за себе и за младите во моментов е главен извор на забава кај младите од 5 до 20 години. Најголемата причина што овие социјални мрежи доминираат и она отуѓување на младите од традиционалните медиуми сметам дека се должи на повеќе фактори, како што се брзината на информациите… Наутро некој ќе стане и во пижами ги има најновите информации на својот телефон што можеби се случиле во странство, кај нас, истакна Марковиќ на панел дискусија “Младите и медиумите„.
Ставањето видеа на Јутјуб од страна на младите во Македонија, како што кажа тој, се развило во последните две години, иако во светски рамки тоа било популарно десетина години.
Од страна на панелистите беше констатирано дека покрај тоа што младите не се доволно застапени во медиумите, загрижува и фактот што не постои речиси никаков интерес од нивна страна да се вклучат и да соработуваат со медиумите.
Весна Миќиќ-Божиновска, главен и одговорен уредник на дневниот весник “Вечер„, рече дека податоците кои се пласираат во весниците се проверени и сигурни за разлика од оние кои се пласираат на интернет.
– Состојбата со печатените медиуми е лоша, а наши најголеми непријатели се социјалните мрежи, Фејсбук, Твитер… Точно дека весниците повеќе ги читаат постарите, но се трудиме да понудиме и содржини кои ќе бидат интересни за младите. Најчесто младите повеќе ги интересираат текстовите кои се поврзани со скандали, отколку економски анализи или политички теми, истакна главниот уредник на дневниот весник “Вечер”, Весна Миќиќ-Божиновска.
Таа додава дека дневниот весник “Вечер„ секогаш се труди да понуди содржини кои ќе бидат интересни за читање и утредента во што и успева.
Според истражувањата кои ги спроведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дури 47 отсто од граѓаните сметаат дека во телевизиските програми многу ретко се зборува за проблемите на младите од 15 до 29 години или, пак, тие учествуваат во програмите, и многу ретко се претставуваат како активни или заинтересирани граѓани.
Сашо Богдановски на денешната панел-дискусија рече дека младите претставуваат единствена категорија според возраста за која интернетот е најзначаен извор за информирање. Сите други возрасни групи најчесто се информираат од телевизијата. Младите, посочи тој, речиси никогаш не се информираат од печатот или од радиото.

Според професорката од Факултетот за правни науки на ЕУРМ, Викторија Кафенџиска, медиумите во голема мера влијаат врз младите, особено врз формирањето на јавното мислење. Оттука е неопходно да се слушне што младите сакаат да видат, да прочитаат и да слушнат.
– Митот околу старите и новите медиуми треба да биде разбиен. Секој медиум е порака и секој медиум влијае врз нивното и врз општото јавно мислење, истакна професорката Кафенџиска и додаде дека младите треба да бидат посебно внимателни кога постираат на интернет бидејќи тоа нивно мислење може да биде злоупотребено.
На панел-дискусијата се дискутираше за застапеноста на содржини наменети за млади на националните телевизии и радиостаници, вестите и забавните содржини за млади, јазикот на кој тие содржини се споделуваат во јавност. Посебен дел од дискусијата беше посветен на предизвиците со кои се соочуваат младите на интернет, вклучувајќи закани по безбедноста, недостаток на приватност и изложеност на насилни содржини на интернет.

 

Отворен форум за граѓаните - Недела на граѓански организации

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

На 20.06.2018 година, во Прилеп (до градскиот саат), се реализира настан „Отворен форум со граѓаните“.Главната причина за реализација на самиот настан беше зајакнување на довербата помеѓу граѓаните и граѓанските организации, појаснување на улогата на граѓанските организации во нашето општество и да се зголеми угледот на граѓанските организации на локално и национално ниво.

Главните цели на настанот беа следните: 1) Да се промовираат постигнувањата на граѓанските организации кај локалните граѓани, интеракција со граѓаните, како и презентација на резултатите итн. 2) Реализација на Форум на националните и локални младите младински граѓански организации со цел да ја презентираат и дискутираат својата работа со локалните граѓани на следните теми: Отворено Владино партнерство; Улогата на граѓанските организации и вработување на младите; Улогата на граѓанските организации во Кариерното насочување и советување; Улогата на граѓанските организации во реформи во образованието; Граѓанско учество; Волонтирање и Младинско информирање.

Активностите се реализираат во рамките на Неделата на граѓанските организации која се имплементира во периодот од 18 - 23 јуни 2018 година со поддршка на УСАИД (Проектот за Граѓанско учество).

Следен настан во организација на Коалиција СЕГА во рамките на Неделата на граѓански организации е Панел дискусија на тема „Младите и медиумите“ кој ќе се реализира на 22.06.2018, во просториите на Европски Универзитет, во Скопје со почеток од 12:00 часот.

Последно освежено на Четврток, 21 Јуни 2018 12:01

 

Обука со теренски истражувачи за потребите на Индексот на младински развој Македонија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Денес, 19-ти април 2018 година, во хотелот Карпош во Скопје, Коалицијата на младински организации СЕГА организираше обука со теренски истражувачи за потребите на Индексот за младински развој Македонија во рамките на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“. Истиот е поддржан од проект на УСАИД за граѓанско учество.

Теренското прибирање на податоци ќе опфати анкетирање на млади лица од 15 – 29 години, интервјуа со институции и анализа на официјална документација. Истото ќе се спроведува во 20 градови вклучувајќи ги сите 8 плански региони во Република Македонија.

Последно освежено на Петок, 20 Април 2018 10:11

 

Денес во СЕГА се одржа обука на тема “Cyber Security”

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Денес, 11 април 2018 година, со почеток во 11:00 часот во просториите на Коалиција на младински организации СЕГА во Прилеп се одржа обука на тема “Cyber Security”.

Обуката беше со цел јакнење на капацитетите на вработените во Коалиција СЕГА и претставниците од организациите членки на СЕГА на темата безбедност на интернет.

На обуката присуствуваа 13 претставници од: Младински Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ Прилеп и Кавадарци, Коалиција на младински организации СЕГА, Младински Совет Прилеп, Волонтерски Центар Скопје, „Еколоџик“ Скопје и „Хуманост кон младите“ О. Долнени.

Обуката се спроведе во поддршка на USAID во рамки на програмата Civic Engagement Project (CEP).

Последно освежено на Среда, 11 Април 2018 14:39

 

КОАЛИЦИЈА СЕГА ЌЕ ПРИМЕНУВА ИНДЕКС ЗА МЛАДИНСКИ РАЗВОЈ МАКЕДОНИЈА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Денес, 4-ти април 2018 година, во хотелот АРКА во Скопје, Коалицијата на младински организации СЕГА официјално го промовира Индексот за младински развој Македонија во рамките на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“. Истиот е поддржан од проект на УСАИД за граѓанско учество.

Александар Цеков, надворешен консултант, истражувач во Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), истакна дека „Индексот за младински развој на Македонија е алатка која што е развиена со цел да прибере информации за положбата на младите во рамки на заедницата во која што живеат, како и да ги утврди предизвиците со кои што тие се соочуваат со цел да се идентификуваат прашањата од приоритетно значење за младите и врз основа на аргументирана анализа да се дадат препораки за нивно надминување преку процесот на креирање политики на локални ниво. Во тој поглед, анализата на податоците добиени со оваа алатка, ќе овозможат младите поактивно да се вклучат во креирањето на политики, како и во процесот на поставување на самата агенда за креирање политики од интерес на младите, со што самиот процес би бил попартиципативен и посензитивен за потребите на младите како на локално, така и на национално ниво. Понатаму, со оглед на тоа што Индексот е развиен врз база на Глобалниот индекс за младински развој (поддржан од Комонвелтот) истиот овозможува споредливост на резултатите, што пак дава можност за примена на добри практики во решавање на младинските прашања кои што се поттикнати од анализа на податоците добиени од Индексот”.

Последно освежено на Вторник, 10 Април 2018 13:06

 

Страница 1 од 2

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30