Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да кажат што мислат. Кога возрасните носат одлуки кои ги засегаат, децата имаат право нивните мислења да се земаат предвид."
Член 12, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

YIC fit to NEET

Одбележан Европскиот ден на Младинското информирање (17ти Април)

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

   

Овој настан е дел од проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади" кој го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со УМКИ од Хрватска и АЕИ од Полска. Партнер организациите работат на иновативен пристап во идентификување на модели на младинско информирање кој ќе одговара на потребите на младите од групата на NEET. (Млади во групата на NEET се лица на возраст од 15 – 30 години кои не се ниту во образовен процес, ниту во работен однос, ниту во процес на некаква обука).

Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција СЕГА: „Оваа конференција ќе донесе нови искуства и пракси за опфат на NEET групите на млади во Македонија со што Коалиција СЕГА сака да обезбеди значителен придонес во спроведувањето на Младинската гаранција во Македонија или мерките за поддршка на вработување на младите.

Процент од истражувањето:

Младите сакаат да се информираат Online. 91 %.од испитаниците имаат интернет пристап и сакаат да бидат информирани преку веб страни и социјалните мрежи. На 59% никој не им обезбедил информации за вработување, обука и образование.

Камил Станос, Општина Стараховице, Полска: „Силно верувам дека проектот што го спроведуваат невладините организации од Македонија, Хрватска и Полска е голем чекор кон подобрување на состојбата на младите луѓе на пазарот на трудот. Клучот е во тоа што тие започнаа со сеопфатна анализа на состојбата на групата на млади NEET, што е важно затоа што има многу малку веродостојни студии на оваа тема во нашите земји. Ова ќе овозможи развивање на специфични алатки прилагодени на потребите на младите луѓе кои ќе ги користат во иднина, како што се новите технологии. Во моментов работам во локалната администрација во еден од најдобрите проекти во Полска за социјална ревитализација, каде што младите се клучни партнери за нас. Сигурен сум дека препораките од овој проект ќе бидат корисни и за нас.“

Драгана Токович, Прокетен координатор од УМКИ, Хрватска: „Партнерската организација од Хрватска, Регионалниот инфоцентар за млади во Риека, исто така, спроведе анкета со која се покажа дека младите луѓе во ситуацијата со НЕЕТ се тешко достапна популација.

За жал, во Хрватска се соочуваме со заминување на младите луѓе од земјата токму поради потрага по работа. Постои јасна потреба да се воведи иновативен пристап кој ќе им обезбеди на младите од групата на NEETs кој ќе им обезбеди потребни информации и ќе ги зголемат нивните шанси за вработување и ќе останат да живеат во нивната земја.“

 

Проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади" има за цел да се зголеми квалитетот на младинската работа во адресирањето на потребите на NEET во Европа како и да се воведе и примени иновативен пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството. Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.

 

 

Повик за учество на конференција „Препознавање на потребите на групата на млади во НЕЕТ ситуација, преку политики за млади и младинско информирање“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Коалиција на младински организации СЕГА има за чест да Ве покани за учество на Конференција „Препознавање на потребите на групата на млади во НЕЕТ ситуација, преку политики за млади и младинско информирање“.

Овој настан е во состав на проектот „Младинските информативни центри  по мерка на потребите на НЕЕТ групата на млади" кој го спроведува Коалиција СЕГА во рамките на Еразмус + програмата, акција КА2 Стратешко партнерство со партнери од Хрватска и Полска, кои работат на иновативен пристап во идентификување на модели на младинско информирање, кое ќе одговара на потребите на младите од групата на НЕЕТ. (НЕЕТ - група на млади кои не се повеќе во образовниот систем, кои не работат и не се обучени да бараат работа).

Конференцијата „Препознавање на потребите на НЕЕТ групата на млади преку политиките за млади и младинско информирање“  ќе се одржи на 16 и 17 април, 2018 година во хотел Континентал во Скопје.

За учество на овој настан ќе бидат селектирани 50 учесници, млади и преставници од локални самоуправи и релевантни институции во Р. Македонија.

Се покануваат сите заинтересирани млади и преставници од локални самоуправи и релевантни институции да ја пополнат апликација за учество на Конферецијата. 

Кликнете овде за да започнете со пополнување на апликацијата за учество.

Краен рок за доставување на апликации е 10 април, 2018 година.

Последно освежено на Четврток, 22 Март 2018 15:31

 

КОАЛИЦИЈА СЕГА ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ "YOUTH INFORMATION CENTERS FIT TO NEET"

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Проектот „Младинските информативни центри  по мерка на потребите на NEET  групата на млади" го спроведува Коалиција СЕГА во рамките на Еразмус + програмата со партнери од Хрватска - УМКИ и Полска - ЕПИ, кои ќе работат на иновативен пристап во идентификување на модели на младинско информирање, кое ќе одговара на потребите на младите од групата на NEET. (NEET - група на млади кои не се повеќе во образовниот систем, кои не работат и не се обучени да бараат работа). Учењето од искуствата од различни европски земји ќе биде од суштинска важност за доставување на иновативни резултати од овој проект.

Главна цел на проектот: Зголемување на квалитетот на младинската работа во решавањето на потребите на NEET во Европа. Преку работата со партнерите на проектот ќе се стремиме кон постигнување на специфичната цел на проектот: Воведување на иновативен прилагоден пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството.

Главниот резултат на проектот е да се ангажираат Младинските Информативни центри за подобрување на вработувањето, особено за младите во NEET ситуацијата и спречување на раното напуштање на образовниот систем, како и спречување на младите луѓе да станат NEETs. Сето ова ќе се постигне преку:

- Подобрен пристап до информации за младите во состојбата на NEET преку пилотирање на нов иновативен и индивидуално прилагоден пристап на младинско инфомрирање во Македонија, Хрватска и Полска;

- Идентификувани и адресирани потреби на младите луѓе во ситуација на NEET за нивно активно вклучување во општеството;

- Младинските работници ќе бидат обучени со знаења и вештини, преку специфична методологија за младинско информирање и информации за кариера.

Главни резултати од проектот со директно влијание врз примарна целна група би биле:

- Извештај за проценка на потребите за анализирање на потребите, ситуацијата и главните пречки за младите луѓе во ситуацијата на NEET, и испитување на различни модели за младинско информирање

- Методологија за иновативни и поединечно прилагодени младински информации за NEETs

- Методологија за спроведување на веб-обука за обучување на обучувачи за младинските работници како мултипликатори на иновативниот младински информативен пристап

- ToT Webinar како алатка за градење на капацитетите на младинските работници во Европа во обезбедувањето на информации и работа со младите во ситуација на NEET.

 Проектот е финансиран и поддржан од Национална агенција за образовни програми и мобилност во Република Македонија преку програмата Еразмус+ и се спроведува во периодот од 01 јули 2017 до 31 декември 2018 година. 

Последно освежено на Четврток, 18 Јануари 2018 15:35

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30