Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"На децата со било каков вид на пречки во развојот треба да им се пружи посебна грижа и подршка за да можат да водат независен живот."
Член 23, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Останати активности на СЕГА

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА ГОДИШНА ПРОГРАМА НА МИРР

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

На 14 – 15 септември, 2018 година во хотел Амбиент, Струга Коалиција СЕГА одржа Работилница за подготовка на годишна програма за организацијата Младинска Иницијатива за Регионален Развој - МИРР.

Преставниците на МИРР подготвија годишна програма за 2019 година со цел да спроведуваат активности за млади на локално ниво со утврдени стратешки цели и план за работа.

Оваа активност е во рамките на проектот „Застапување на ГО за активно младинско учество" финансиран од програмата за мали грантови на Преда Плус кој има за цел зголемување на дијалогот помеѓу граѓанските организации, младите и донесувачите на одлуки во општина Кривогаштани. Проектот се спроведува во  партнерство со Здружение за рурален развој, Локална акциона група - Агро Лидер и Младинска иницијатива за регионален развој - МИРР  од општина Кривогаштани.

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот "Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот е финансиран од Европска Унија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK

  

Последно освежено на Среда, 19 Септември 2018 10:40

 

АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ СЕ СРЕТНА СО МЛАДИ ОД ПРИЛЕП

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Денес, во рамки на официјална посета на Амбасадорот на САД во Р. Македонија, г-дин Џес Бејли, во просториите на Коалиција СЕГА се одржа средба помеѓу Амбасадорот и млади од општина Прилеп.

На средбата младите разговараа со Амбасадорот за нивните потреби на локално ниво. Воедно дискутираа и ги изразија своите гледишта и ставови за предизвиците и придобивките за Македонија од членство во НАТО. Амбасадорот беше отворен да одговори на прашањата кои ги имаа младите во однос на тоа што значи државата да биде дел од НАТО како и кои се придобивките за Македонија во однос на безбедноста, стабилноста и економијата.

 

Последно освежено на Четврток, 30 Август 2018 12:28

 

Реализирана конференција во Белгија за успешно менаџирање на млади таленти

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција СЕГА со свој претставник учествуваше на конференција за успешно менаџирање на младински перспективи и таленти , организирана од страна на институтот за знаење Antall Jozef во соработка со центарот за Европски студии Wilfred Martens кој се одржа на 19ти Јуни во Брисел, Белгија. Целта на настанот беше да се дискутира и да се добијат идеи како би можеле да се решат потешкотиите со младите претприемачи и самите иновации во Западен Балкан.

                                                                                   

Извршниот директор на СЕГА, Зоран Илиески, беше еден од панелистите на настанот на тема “Предизвици и постигнати резултати на граѓанските организации во регионот на Југо Источна Европа”. „Институционалниот и одржлив развој како и пасивноста на младите се двата главни предизвици со кои се соочуваат младинските организации во Македонија.“ истакна Илиески на сесијата. Понатаму тој посочи „Процентот од игрите на среќа е добра основа за финансиска поддршка и институционална одржливост на организациите.“

Говорејќи за постигнувањата тој го истакна развојот на Индексот за Младински Развој, кој со поддршка на УСАИД програмата, СЕГА го имплементира во Македонија. На настанот тој исто така истакна дека преку оваа алатка Македонија ќе биде првата земја во регионот на Западен Балкан во која националните и локалните власти ќе можат да го следат и поддржуваат напредокот на учеството на младите.

Последно освежено на Понеделник, 25 Јуни 2018 15:00

 

Отворен повик за младинска интеркултурна размена во Ужице - Србија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  


Отворен повик за младинска интеркултурна  размена во Ужице - Србија

Коалиција на младински организации СЕГА ви нуди можност за учество на МЛАДИНСКА РАЗМЕНА!

KАДЕ? – Во Ужице , Србија

КОГА? – Од 20 – 24 Август (исклучувајќи ги деновите за патување)

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ? – Проектот „Youth Agents of social change” е насочен кон објаснување на концептот за човекови/детски права , принципот на антидискриминација, вклучување  на млади со помалку можности, право на заштита од секаква форма на насилство со фокус на полово или етничко насилство.

ЗА КОГО? – Младинската размена е отворена за 15 млади луѓе (15-18 години) од општина Прилеп, Македонија.

Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, деца од семејства со пониски приходи, итн).

ТРОШОЦИ? – Сите трошоци за време на размената се покриени од страна на организаторите, како и патните трошоци.

АПЛИКАЦИЈА? – Рокот за аплицирање e до 29ти јуни, 23:59, со испраќање на апликација на следниот линк : https://goo.gl/forms/rXOr0idlhS55udsj1

ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ АКТИВНОСТИ- По завршувањето на размената секој учесник е задолжен да реализира една работилница во своето училиште за да го пренесе знаењето што ќе го стекне за време на размената.

ПРАШАЊА? – За сите дополнителни прашања слободно исконтактирајте нѐ на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Опис и цели на проектот:

Целите на проектот се :

  1. Зајакнување на способностите на младите луѓе за да можат да  придонесат кон позитивни промени во средината во која живеат, промовирајќи ги Европските вредности на квалитетен живот;
  2.  Промовирање на вредности како слобода, толеранција, прифаќање на различностите како и  почит кон детските и човековите права помеѓу младите во Македонија;
  3. Развивање на способност за препознавање на прекршок на правата на детето и како да се реагира во таква ситуација.

Проектот се спроведува поради потребата на вклученост на младите за прашања кои ги засегаат, подигнување на свеста за придобивките од нивно активно вклучување во заедницата, како и намалување на дискриминацијата , насилството и прекршување на правата на детето.

Последно освежено на Понеделник, 25 Јуни 2018 15:30

 

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА КОАЛИЦИЈА СЕГА (2017)

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Скопје, 07 јули 2017 година) Коалиција на младински организации СЕГА го одржа своето Годишно Собрание во хотел Континентал, Скопје.

Согласно дневниот ред беше усвоен записникот од претходната седница на Собранието, програмскиот и финансискиот извештај за работа за 2016 година како и Годишната програма на СЕГА за 2017 година. Исто така на Собранието се направи преглед на Нацрт Стратешки План на СЕГА за периодот од 2018 – 2022 година, како и презентација на новитети во работата на СЕГА за нареден период.

Следно, г-ѓа Сунчица Саздовска од канцеларија на ТАКСО во Р.Македонија ги презентира наодите од Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Македонија 2016.

Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон подржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми. 

 

Страница 1 од 12

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30