Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Активности на СЕГА 2008

Работилница за Организациска самопроценка

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта


На 20 Декември 2008 година во Хотел Оаза – Штип се одржа Организациска самопроценка. Организациската самопроценка беше составен дел од активностите од проектот “Младите во процесите на застапување на локално ниво“ финансиран од Balkan Trust for Democracy (BTD).
На работилницата учествуваа  18 претставници од седум здруженија на граѓани и две неформални групи од следниве градови: Берово (ЗГ “ГАМА“ и НГ Културно движење на младите “Постмодерна“ – Берово), Делчево (ХДЗР “КХАМ“ и ЗГ “Гласот на младите“), Радовиш (ЗГ “Развој – Иднина“) , Свети Николе (ЗГ “Организација на жените на Општина Свети Николе“ и НГ “Визија Нова“) и Виница (ЗГ Иницијатива на невработени интелектуалци и ЗГ Млади Ентузијасти).
На почетокот на организациската самопроценка беа презентирани активностите од проектот со цел учесниците да се запознаат со тековните активности и идните активности во кои што тие ќе земат активно учество, а потоа се работеше на проценка на капацитетите на секоја организација. Со цел да се направи организациска проценка на секоја организација беа користени три алатки:

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:17

Повеќе...

 

СОВЕТИ НА МЛАДИ ВО ОПШТИНИТЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Проект:

СОВЕТИ НА МЛАДИ ВО ОПШТИНИТЕ

Посебна чест ни е да Ве известиме за започнување со имплементација на проектот СОВЕТИ НА МЛАДИ ВО ОПШТИНИТЕ.

Овој проект, којшто ќе се имплементира во периодот декември 2008 – ноември 2009 година има за цел да се воспостават и институционализираат механизми за младинско учество во работата на локалните самоуправи како и воспоставување на практика на идентификување и решавање на локални младински проблеми со вклученост на сите засегнати страни во општините.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:17

Повеќе...

 

Тридневна обука на локални едукатори за идните млади гласачи

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта
 Лого кампaња СЕГА E МОМЕНТОТ

Дваесет и шест учесници од 13 градови на Република Македонија учествуваа на тридневната обука за локални едукатори, што се одржа во Охрид (21-23 ноември 2008 год.) како дел од активностите на проектот Поттикнување на младинското учество во политичките процеси – ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИ ГЛАСАЧИ.

Идните едукатори своите стекнати искуства на работилницата ќе треба да им ги пренесат на идните матуранти, а во врска со нивното стекнато право да гласаат веќе на претстојните локални и претседателски избори закажани за март идната година.

Целта на овој проект е да се запознаат младите луѓе во Република Македонија со изборните модели, како и да се едуцирааат и мотивирааат активно да се вклучат во изборните процеси и на тој начин да придонесат кон развојот на демократските принципи.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:18

Повеќе...

 

Известување од комисијата за евалуација–проект “Младите во процесите на застапување на локално нивo"

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

На 20 Ноември 2008 година Комисијата за евалуација на апликациите за приклучување кон активностите од проектот “Младите во процесите на застапување на локално ниво“ ги разгледа пристигнатите осумнаесет апликации.

Комисијата имаше задача да ги оцени апликациите и најдобрите организации да ги приклучи кон активностите од проектот. За таа цел однапред беа дефинирани критериуми (година на регистрирање на здружението, број на реализирани проекти во изминатите три години, мотивацијата на организацијата), според кои се направи изборот на организациите.

Од секој од петте селектирани градови комисијата ги прифати следниве организации да се приклучат кон активностите од проектот:

1. Организација на жени на Општина Свети Николе“ – Свети Николе;

2. “Иницијатива на невработени интелектуалци“ – Виница

3. “Граѓанска асоцијација на Македонија“ – Берово

4. “ХДЗР – КХАМ“ – Делчево

5. “Развој – Иднина“ – Радовиш

Согласно предвидените активности од проектот во тек е креирањето на e-mail листа преку која што сите организации кои што аплицираа на овој повик редовно ќе бидат информирани за сите проектни активности кои што ќе се реализираат како и за сите активности кои ги реализира Коалиција СЕГА.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:18

 

ЕВРОПСКА МЛАДИНСКА НЕДЕЛА 2008

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Централните настани од Европската младинска недела се одржаа во периодот од 01 – 09 ноември во Брисел.

Меѓу најзначајните беа циклус на работилници и други настани во рамки на дебатата за структуриран дијалог помеѓу ЕУ и младите луѓе, насловена како „Идните предизвици на младите луѓе“ во периодот од 02 – 06 ноември, од каде потекнаа препораките коишто младите луѓе ги презентираа пред европските институции, а се однесуваат на иднината на ЕУ политиките за млади.

Фокусот на дебатата беше ставен на евалуација и ревизија на рамката за европска соработка на полето на младински прашања, а учесници беа околу 200 млади, претставници од Националните Младински Совети од 27 ЕУ земји членки, како и од меѓународни младински невладини организации.

Претставник од Коалицијата на младински организации СЕГА, и единствен претставник од Р. Македонија беше Драгана – Дина Митровиќ којашто зеде активно учество во Работната група што ја опфати областа „волонтирање“.



Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:17

Повеќе...

 

Страница 1 од 3

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30