Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да се среќаваат и пристапуваат кон групи и организации доколку ова не спречува други луѓе да ги уживаат своите права."
Член 16, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Активности на СЕГА 2009

Финансирани четири иницијативи во општините Ресен, Радовиш и Штип

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Проект: Совети на млади во општините

Во текот на месец ноември 2009 година преку проектот Совети на млади во Општините финансиран од ИТЗ/УСАИД, Коалицијата на младински организации СЕГА финансираше четири иницијативи во општините Ресен, Радовиш и Штип со вкупна вредност од 132 790,00 денари. Иницијативите имаа за цел решавање на конкретни проблеми на младите од овие општини.
Во Општина Ресен на предлог на координативното тело на Младинскиот парламент беа финансирани две иницијативи со вкупна вредности од 62 580,00 денари. Првата иницијатива „Јакнење на капацитетите на младите ракометарки во Ресен“ имаше за цел подигање на свеста кај младите за активно вклучување во спортот. Главни активности кои се презедоа кон остварување на истата беа набавката на дресови и топки за ЖРК Преспа и одржување на ракометен натпревар. Втората иницијатива „Културна олимпијада“ имаше за цел зголемување на интересот кај младите за посета на културните настани и привлекување за понатамошно активно работење во областа на уметноста. Преку оваа иницијатива беа организирани отворени денови за ликовна уметност, музичка уметност и литература.
Во Општина Радовиш на предлог на координативното тело на Младинскиот парламент беше финансирана иницијативата „Стоп за алкохолот“ со буџет од 28 090,00 денари. Оваа иницијатива имаше за цел да се даде придонес кон зголемувањето на свеста кај младите од 13 до 20 години за последиците од консумирањето на алкохол. Оваа цел се оствари преку делење на флаери, организирање на спортски натпревар и одржување на две едукативни работилници.
Во Општина Штип на предлог на координативното тело на Форумот на млади беше финансирана иницијативата „Културна веб страница за информирање на младите во Штип“ со 42 120,00 денари. Иницијативата имаше за цел  да се подигне нивото на култура и градење на критериуми за критичко консумирање на уметноста меѓу младите во Штип. За остварување на оваа цел членовите од Форумот на  млади собираа информации за културните случувања во општина Штип и креираа веб страна ( www.kultzon.mk ) на која треба да се објават истите.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 17:19

 

Проект: „Инвестирај во твоето образование“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 февруари 2010 година ќе започне да го имплементира проектот „Инвестирај во твоето образование“. Целта на овој проект е да ги насочи младите луѓе во изборот на соодветно високо образование во согласност со потребите на пазарот на трудот и економските потреби. Проектот исто така го тангира и бизнис секторот анализирајќи ги неговите услови и потреби за работен кадар во заедницата.

Предвидени активности се: организирање на состаноци на локално ниво; организирање на трибини на локално ниво, организирање на работилници за развој на критичко мислење на младите и изработка и дистрибуција на флаер. Директни корисници се 1000 млади на возраст од 17 – 18 години од општините: Прилеп, Охрид, Струга, Штип и Скопје од различна етничка и верска припадност. Индиректно ќе бидат опфатени околу 8550 млади луѓе кои го завршуваат средното образование во предвидените 5 градови. Проектот ќе се имплементира во период од 4 месеци, а е финансиран од Генерален Секретаријат на Владата на Република Македонија.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 17:59

 

Советниците од општините Тетово и Прилеп се информирани за состојбата со младинското учество

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во четврток на 24 декември 2009 година во Тетово и на 25 декември 2009 година во Прилеп се одржаа Седници на Советите на општина Тетово и општина Прилеп. Претставници од Коалиција СЕГА на советниците им поделија папки, пенкала и анализата од спроведеното мапирање за учество на младите и родовата еднаквост во процесите на креирање политики. Исто така и во Охрид на Седницата на Совет која ќе се одржи на 29 декември 2009 година на советниците ќе им бидат поделени материјали. Целта на оваа активност е да ги запознаеме советниците за состојбата со младинското учество.

Оваа активност се реализираше во состав на проектот „Учество на младите во процесите на креирање политики на локално ниво – Вклучете не СЕГА“.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 17:59

 

Организиран Тренинг за младинско учество

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во периодот од 18 – 20 Декември 2009 година во хотел Оаза Штип беше организиран тренинг младинско учество. Оваа активност е во состав на проектот „Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони“, финансиран од National Endowment for Democracy. На тренингот присуствуваа претставници од организации членки на Коалиција СЕГА вклучени во активностите од овој проект. Целта на овој тренинг беше учесниците да се запознаат со темата младинска партиципација, актуелните состојби и законската рамка во оваа област во РМ и ЕУ.

Учесниците на овој тренинг се стекнаа со теоретски и практични знаења и вештини за младинско учество. Исто така, учесниците беа запознаени со основните модели на младинска партиципација, карактеристики на лидерството и ефективноста во тим пред јавност.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:00

 

Организиран Тренинг за тренери

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Во периодот од 04 – 06 Декември 2009 година во хотел Оаза Штип беше организиран тренинг за тренери. Оваа активност е во состав на проектот „Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони“, финансиран од National Endowment for Democracy. На тренингот присуствуваа 10 учесници - претставници од организации членки на Коалиција СЕГА од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Скопје, Делчево, Свети Николе и Струмица. Целта на овој тренинг беше  учесниците да се запознаат со темата младинска партиципација, актуелните состојби и законската рамка во оваа област во РМ и ЕУ и да се оспособат самостојно да подготвуваат обука за младинска партиципација.
Учесниците на овој тренинг се стекнаа со теоретски и практични знаења и вештини потребни за организирање на обуки за младинско учество. Исто така, учесниците беа запознаени со основните модели на младинска партиципација, методи за работа и испорака како и со обучувачки вештини. На крајот на тренингот на учесниците им беа дадени инструкции за симулација преку која симулираа процес на испорака на обука за младинско учество.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:00

Повеќе...

 

Страница 1 од 10

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30