Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"На децата со било каков вид на пречки во развојот треба да им се пружи посебна грижа и подршка за да можат да водат независен живот."
Член 23, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

ИНФО СЕГА

ВО СТРУГА СЕ ОДРЖА ОБУКА ЗА МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во периодот од 20- 23 февруари 2018 година во Струга се одржа обука за обучувачи на тема “First step to become a youth worker” организирана од Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со организацијата Maison Pour Tous Leo Lagrange од Франција.

На оваа обука учествуваа претставници од Младинските Информативни Центри „ИНФО СЕГА“ Кавадарци и Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА и други младински организации од Македонија кои работат на полето на млади и младинско информирање. 

Целта на оваа обука е да се обучат младинските работници да испорачуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации и институции кои работат со млади. 

 

НЕОПХОДНО Е СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И ПОЧИТУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Денес, во ЕУ Инфо Центарот, во рамките на Националната Кампања „365 работнички права за младите“ се организираше панел дискусија на тема „Колку се почитуваат работничките права на младите?” На настанот претставници на институции, граѓански организации, бизнис сектор и млади дискутираа за моменталните состојби и текови за почитувањето на работничките права со фокус на младите работници. Воедно на панел дискусијата беа презентирани наодите од анкетата „Колку младите ги познаваат своите работнички права“.

– Состојбата во која се наоѓаат младите вработени во Македонија е загрижувачка, односно загрижува фактот на непочитување на нивните работнички права. Резултатите од онлајн истражувањето спроведено од 15 јануари досега укажува дека 75 проценти од вкупно анкетираните 1.239 испитаници сметаат дека работничките права се напишани само на хартија, а 57 проценти се плашат да пријават било какво прекршување од две причини – за да не бидат избркани од работа и поради тоа што сите останати вработени молчат. Овие факти покажуваат дека состојбата со вработените млади луѓе во Македонија е загрижувачка и она што треба да се направи е системско решение преку кое ќе се заштитат работничките права и работодавачите ќе бидат помотивирани да го отворат процесот и да ги едуцираат идните вработени во однос на нивните права кои им се загарантирани со законот, изјави извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески.

„Државниот Инспекторат за Труд врши над 30.000 инспекциски надзори на годишно ниво во врска со остварување на правата на работниците од работните односи, безбедност и здравје при работа. Инспекторатот во континуитет врши надзор на работата и придонесува кон подобрување на социјално економски паралели во државата. Преку оваа кампања Државниот Инспекторат за Труд ќе делува на информирање и запознавање на младите со честите случаи со кои се соочуваат младите работници.“.- Г-дин Алјадин Хавзиу, Директор на ДИТ.

„Правата на младите се кршат фрапантно од таа причина се залагавме за спроведување на кампањата 365 работнички права за млади во партнерство со невладиниот сектор и со институциите. Ги покануваме младите по активно да се вклучуваат во синдикатите со цел поголемо информирање и гарантирање на нивните работнички права“- изјави г-дин Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Панелисти на настанот беа г-дин Аљајдин Хавзиу, Директор на Државен инспекторат за труд; г-ѓа Александра Дичевска, претставник на Агенција за млади и спорт; г-дин Благоја Ралковски, Директор на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија; г-дин Емил Крстановски, Национален Координатор на Меѓународна организација на труд во Македонија; г-ѓа Анета Баснарков, Адвокат; г-дин Марјан Алексовски, Директор на Факултети.мк.

Од 01 јануари 2018 година, Коалиција на младински организации СЕГА, преку Младинските Информативни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, и во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија ја отпочнаа Националната кампања „365 работнички права за младите“. Целта на кампањата е да се подигне свеста кај младите за нивните работнички права кои им се загарантирани во согласност со Законот за работни односи.

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Државниот Инспекторат за Труд и Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Овој настан е поддржан од Mеѓународната организација на трудот (International Labor organization).


Последно освежено на Среда, 07 Февруари 2018 14:23

 

ЗАПОЧНА ОБУКАТА НА ТЕМА „ПРАВА НА МЛАДИТЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО – ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

На 31 јануари во Струмица започна обука на тема „Права на младите на работното место – пристојна работа за младите луѓе“ која ќе трае до 02 февруари и е организирана од Меѓународната организација на трудот (ILO) и Коалиција на младински организации СЕГА. 

Обуката ја спроведува Александар Ристовски, професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје кој е експерт од областа на работничките права.

Темите на оваа обука се: млади работници и пазар на труд, флексибилност и променливост на пазарот на труд, основни принципи и права на работа, пристојна работа, права и одговорности на работното место, договори за вработување, услови за работа и многу други кои имаат за цел подигнување на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место, односно информирање и запознавање на младите работници со нивните основни права на работното место. 

 Учество на оваа обука зедоа околу 25 млади, претставници на институции, претставници на синдикати и граѓански организации од цела Македонија.

Оваа обука е дел од Националната кампања „365 работнички права за млади“ која ја започнаа Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија.

Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права. Преку активностите на кампањата ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права на работното место на кој начин, каде и како да се информираат за нив.

Кампањата „365 работнички права за младите“ се спроведува до поддршка на програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Државниот Инспекторат за Труд.

Последно освежено на Четврток, 01 Февруари 2018 15:58

 

АНКЕТА: ДАЛИ СТЕ ЗАПОЗНАЕНИ СО ВАШИТЕ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Што сè „преџвакувате“ од шефот? Ја користите ли сопствената пауза за да му купите појадок, останувате ли прекувремено, а неплатено на работа, незгодно ли ви е да кажете дека законски имате право на повеќе денови одмор, а не 15, и тоа календарски? Накусо, колку сте свесни за сопствените работнички права? 

Ќе ни значат вашите искрени одговори на прашањата што следуваат.

Ви благодариме за вашиот придонес

Последно освежено на Среда, 17 Јануари 2018 13:56

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРИ / МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИТЕ!“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Од 01 јануари 2018 година, Коалиција СЕГА преку Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк, Агенција за млади и спорт официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите!“.

Целта на кампањата е да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права.

Ги покануваме младинските организации и организациите кои работат во полето на информирање на младите, или на темата за работнички права, активно да се вклучат во Кампањата.

Со вклучувањето во оваа кампања локалните партнери ќе имаат одговорност за реализирање на активности во согласност со своите можности и ресурси. Вклучувањето на локалните партнери во оваа кампања е на волонтерска основа. Локалните партнер организации ќе бидат промовирани континуирано во сите печатени и електронски материјали од кампањата „365 работнички права за младите!“.

Заинтересираните организации за вклучување во кампањата треба да испратат:

-           „Писмо со интерес за вклучување во кампањата „365 работнички права на младите“ кое ќе вклучува информации за Историјатот на работата на организација; 

-           Номинација со CV за контакт лице за кампањата/локален координатор на кампањата.

Информациите треба да се испратат на e-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 15 јануари 2018 година.

Избраните организации, локални партнери на кампањата, ќе бидат информирани на 18 јануари 2018 година.

 За дополнителни информации контактирајте на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  или на тел. 070 308 746.

Кампањата „365 работнички права за младите“ се реализира со поддршка од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Коалиција СЕГА. 

 

 

Страница 1 од 9

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30