Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Совети на Млади

Обука за застапување и лобирање - Совет на Млади на Град Скопје

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА организира дводневна обука на тема „Застапување и Лобирање“во периодот од 24-26 ноември 2017 година во хотел Амбиент Струга. На обуката членовите на Советот на Млади имаа можност да се стекнат со техники и вештини за застапување и лобирање придонесувајќи за подобрување на нивните способности да делуваат во текот на  работата на Советот на Град Скопје. На обуката се користеа различни методи како: игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците се стекнаа со вештини и различни техники за практикување стекнатото знаење.

Земајќи ги во предвид постојните капацитети на младите, и важноста на улогата на членовите на Советот на Млади која ја имаат во работата на Советот на Град Скопје, неопходно е да се обезбеди дополнителна поддршка за овие групи да ги развијат своите вештини и способности за застапување.

Оваа обука е дел од активностите на проектот „ОСПОСОБУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ДА ИМААТ АКТИВНА УЛОГА ВО ПРОЦЕСИТЕ НА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ“, со поддршка на Град Скопје.

 

ОБУКА „ПЛАНИРАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ НА КАМПАЊИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во периодот од 22-24 септември 2017, во хотел Амбиент, Струга се одржа „Обука за планирање и раководење на Кампањи за застапување“ која беше наменета за членовите на Советот на Млади на општина Гази Баба.

Учесниците на оваа обука имаа можност да се стекнат со техники и вештини за подготовка и спроведување на кампањи за застапување и лобирање придонесувајќи за подобрување на нивните способности да делуваат во текот на  работата на Советот на општина Гази Баба.

На обуката се користеа различни методи како: игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците ќе се стекнат со вештини и различни техники за практикување на стекнатото знаење.

Вториот дел од обуката беше посветен на подготовка на Кампањи за застапување согласно Акциониот план за спроведување на Стратегијата за млади на о. Гази Баба. Членовите се поделија во тимови и работеа во подготовка на различни кампањи за застапување.

Оваа обука е дел од проектот „Оспособување и промоција на Советот на Млади на општина Гази Баба, поддржан од општина Гази Баба, Скопје.

 

СОВЕТИТЕ НА МЛАДИ ОБУЧЕНИ НА ТЕМА „ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Струга, 08 – 10 ноември 2013 година) Коалиција на младински организации СЕГА викендов организираше обука на тема „Застапување и Лобирање“ во хотел Амбиент – Струга. На обуката учествуваа членовите на советите на млади на општина Теарце и општина Свети Николе.

Младите советници преку оваа обука имаа можност да се стекнат со знаења и вештини во областа на застапување и лобирање кои им се неопходни во извршувањето на нивните функции во Советот на Млади.

Формирањето на Советот на Млади во општините е чекор кон зголемување на учеството на младите во процесите на донесување на одлуки како и кон зајакнување на улогата на младите во општествениот живот. Со Советите на Млади на младите им дадена можност да започнат дијалог со општината и отворено да дискутираат за младинските прашања со општинските власти. Тоа е долгорочен процес кој бара вложување како од страна на општината така и од младите и младинските организации.

Обуката „Застапување и Лобирање“ се организираше во рамките на проектот „Формирање на Совети на млади“ со финансиска поддршка од Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија, во партнерство со Центарот за Едукација и Развој – Теарце а во соработка со локалните самоуправи на Теарце и Свети Николе.

  

Последно освежено на Вторник, 12 Ноември 2013 15:01

 

МЛАДИНСКИ ПАРЛАМЕНТ НА ОПШТИНА ТЕАРЦЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Центарот за едукација и развој (ЦЕД) и во соработка со Општина Теарце го спроведува проектот „Формирање на Совет на Млади во општина Теарце“. Проектот е финансиран од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Македонија. 

Целта на проектот е зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и креирање политики преку воспоставување на функционални институционални механизми во составот на Локалната Самоуправа на Општина Теарце. Со формирањето на Советот на млади и Младинскиот Парламент во општините во Македонија се прави прв чекор кон зголемувањето на младинското учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Ваквиот модел на учество на младите во работата на Локалната Самоуправа им дава чувство на припадност на младите, чувствувајќи се корисни во локалната заедница како дел од општеството обезбедувајќи услови за активно граѓанство.

Во изминатиот период го формиравме Советот на Млади и Младинскиот Парламент во општина Теарце. Преку овие два механизми се очекува да се примени младинското учество во работењето на локалната самоуправа и да се посочат приоритетите на младите во општините.

Во понеделник, 11 ноември 2013 година, со почеток во 17 часот во салата на Општина Теарце ќе се одржи свечената седница на Младинскиот Парламент на Општина Теарце.

 

ФОРМИРАЊЕ НА СОВЕТ НА МЛАДИ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Општина Свети Николе започна да го фасилитира процесот за воспоставување на Совет на млади на Општина Свети Николе. Советот на млади претставува формално тело во рамките на Локалната Самоуправа и има советодавна улога на советот на општината. Во тек е јавниот повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на Општина Свети Николе. За избраните членови на Советот на млади, Коалиција СЕГА ќе биде организирана дводневна обука на тема „Застапување и лобирање“. Исто така ќе бидат организирани и следниве работилници: „Младинска политика и младинско учество“ и „Процес на децентрализација и надлежност на Локалната Самоуправа“.

Jавниот повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади може да го превземете на следниот ЛИНК

Последно освежено на Вторник, 22 Октомври 2013 11:09

 

Страница 1 од 4

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30