Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Локални Младински Стратегии

ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА ВО ВЕЛЕС

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Велес, 07 ноември 2011) Во рамките на проектот “Локални Младински Стратегии“, кој се спроведува во градовите Неготино, Велес и Дебар во процес е финализирањето на Локалните Младински стратегии и Акциони Планови за ниво спроведување.

Советот на општина Велес на 7-ми ноември ја усвои Локалната младинска стратегија, а тоа се очекува да го направат и Советите на општините на Неготино и Дебар. Во наредниот период се очекува во овие градови да се организира и јавна расправа по однос на локалните младински стратегии.

Последно освежено на Вторник, 06 Декември 2011 12:53

 

Обука за креирање на Локални Младински Стратегии

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во периодот од 27 – 29 април 2011 година во хотел Бисер - Струга беше организирана обука за креирање  на Локални Младински Стратегии (ЛМС). На обуката присуствуваа претставници од Локални Самоуправи и здруженија на граѓани од следните општини: Неготино, Велес и Дебар.

Учесниците на оваа обука се стекнаа со знаења за чекорите за подготовка на ЛМС, улогата на локалната самоуправа и засегнатите страни во процесот, формат за подготовка на стратегијата, значење и подготовка на Акциони планови за реализација на стратегијата и следење на остварувањето на Акциониот план  и мерење на постигнувањата.

Оваа обука е дел од активностите од проектот „Креирање на Локални младински стратегии“, кој Коалиција СЕГА го спроведува во партнерство со Агенција за млади и спорт, а е финансиран со програмата CIVICA Mobilitas (имплементирана од ЦИРА а финансирана од Швајцарска агенција за соработка и развој) и 3 општини (Неготино, Велес и Дебар).

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:06

 

ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА - ПОТРЕБА И НУЖНОСТ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

 

 

(31.03.2011 Прилеп) По спроведениот проект на Коалицијата на младински организации СЕГА за креирање на Локални младински стратегии во општините, општините Дебар, Неготино, Велес и скопската општина Чаир, неодамна со обврзаа за креирање на локални младински стратегии во нивните општини. Станува збор за петгодишни стратегии кои ги лоцираa клучните приоритети за младите луѓе, а општините се обврзуваат да помогнат во нејзиното спроведување. Стратегијата е наменета со цел да го подобри животот на младите, но и им се овозможува младите да делуваат врз креирањето на политиката на локалната самоуправа, за прашања поврзани со потребите и живеењето на оваа популација граѓани.

Советите на општините Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Радовиш, Тетово и скопската општина Илинден минатата година ги усвоија локалните стратегии за млади, додека оваа година се очекува тоа да го направат и општините Битола, Свети Николе, Штип и скопската општина Кисела Вода.

Проектот опфаќа активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалните младински стратегии, односно што се приоритетите на младите, во секоја општина поединечно и кои се можните решенија. Преку анкети, интервјуа и дискусии, со младите на возраст од 15 до 29 годишна возраст проектот за донесување на локални младински стратегии покажа дека приоритетен проблем на младите во сите општини е невработеноста и слаба спортска и културна понуда на општините. Дел од младите во различни општини како приоритетен проблем ги наведоа и девијантните појави, слабата младинска активност и недостиг на неформално образование.

„За да се излезе во пресрет на младинските потреби потребна е координација помеѓу локалните институции, што е и целта за донесување на локална младинска стратегија во општините“, заклучуваат од Коалицијата на младински организации СЕГА и продолжуваат со спроведувањето на проектот и во останатите градови во Македонија.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:07

 

Општините ги прифатија Локалните младински стратегии

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(02 јануари 2011) Коалицијата на младински организации СЕГА во рамките на проектот „Креирање на локални младински стратегии“ успеа во 10-ет општини во Р. Македонија, да ја наметне потребата од донесување на локални младински стратегии, во насока на утврдување и реализирање на приоритетите на младите во општините.

Дел од општините вклучени во проектот: Гевгелија, Тетово, Илинден – Скопје, Радовиш, веќе во декември, минатата година ги прифатија и усвоија локалните младински стратегии, додека, пак, локалните самоуправи од општините Прилеп, Св. Николе, Кавадарци, Кисела Вода - Скопје, Битола и Штип, се очекува, локалните младински стратегии да ги усвојат на почетокот од оваа година.

Приоритетите на Локалните младински стратегии се базираат на истражувањето спроведено на 1040 млади во селектираните општини. Процесот на подготовка на ЛМС беше спроведен од формираните координативни тела и работни групи, кои ги сочинуваа претставници од различни институции и организации на локално ниво.

Проектот „Креирање на локални младински стратегии“ на Коалицијата на младински организации СЕГА е подржан со програмата CIVICA Mobilitas, како и од Агенцијата за млади и спорт и локалните самоуправи вклучени во проектот.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:08

 

Потребата од вклученост на младите во одлучувањето – НЕОПХОДНОСТ!

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

На седница на Советот на општина Гевгелија на 07 декември оваа година беше усвоена првата Локална Младинска Стратегија. До крајот на месецот се очекува Локални Младински Стратегии да бидат усвоени во уште 9 општини во Република Македонија: Прилеп, Битола, Тетово, Илинден, Кисела Вода, Свети Николе, Кавадарци, Радовиш и Штип. На овој начин младите ќе добијат повеќе можности за остварување на своите идеи со поддршка на Локалните Самоуправи, што е и долгорочна цел на Коалицијата СЕГА.

Проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“ Коалиција СЕГА го спроведува со поддршка од програмата Civica Mobilitas, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и десетте локални самоуправи кои беа вклучени во проектот.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:09

 

Страница 1 од 2

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30