Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да мислат и да веруваат во што сакаат, и да ја практикуваат својата вероисповест, доколку со тоа не спречуваат други луѓе да ги уживаат своите права. Родителите треба да им даваат насоки на своите деца по овие прашања."
Член 14, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Иницирање на Закон за Млади

НЕОПХОДНО ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МЛАДИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Скопје, 27 декември 2011) По иницијатива на Коалиција на младински организации СЕГА, денеска во хотел Холидеј Ин, беше организирана Национална јавна дискусија на тема „Закон за млади – да го вратиме во собраниска процедура“! Целта на националната јавна дискусија беше да се слушнат конкретни предлози, мислење и ставови на младите и институциите за добивање на поквалитетна содржина на предлог Законот за млади и нивно пошироко вклучување во процесите на креирање младински политики.

На јавната национална дискусија младите заклучија дека е неопходно враќање на предлог Законот за млади, но притоа да се вметнат забелешките и ставовите на младите од сите јавни локални дебати на СЕГА, со што би се подобрило младинското учество и организирање на локално и национално ниво, како и воспоставување на структуриран дијалог помеѓу младинските организации и локалните и националните власти. Предлог забелешките за измена на содржината на законот за млади, Коалиција СЕГА ќе ги достави до Министерство за правда и пратениците.

На Националната дискусија учество зедоа невладини и младински организации од Македонија, како и претставници од Министерство за правда, локални самоуправи, политички подмладоци, претставник од кабинетот на претседателот, пратеници од Собранието на Р.М. На Националната диксусија директорот на Коалиција СЕГА ги презентираше забелешките кои ги дадоа 100тина младински организации на 11-те локални јавни дебати кои се одржаа во Македонија.

Предлог Законот за млади на Република Македонија беше повлечен од собраниска процедура во октомври 2011, со одлука на Владата на Република Македонија, со цел да се обезбеди поширока консултација со младинските организации.

Бидејќи Коалиција на младински организации СЕГА, работи на развивање и примена на младинските политики во Република Македонија, поврзувајќи ги младите, смета дека иницијативата за враќање на предлог Законот за млади во собраниска процедура во изменета верзија е неопходен чекор за подобрување на состојбата на младите во Р.М.

  

Последно освежено на Четврток, 29 Декември 2011 10:20

 

СV ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(16 декември 2011 јавна дискусија во Струмица)

Коалицијата на младински организации СЕГА, во соработка со Младинскиот Совет Струмица ја организираа претпоследната јавна дискусија за „Законот за млади - да се врати во собраниска процедура“. Струмичани констатираа дека мандатот на членовите на Советот на млади и на Државниот совет, треба да се намали од четири на две години и предложија членовите на овие две тела да бидат избрани преку аплицирање со доставување на апликација и биографија со претходно работно искуство.

Ваквите предлози беа прифатени од неколкуте младински организации кои учествуваа на јавната дискусија која ја организираше Коалиција СЕГА, која имаше за цел да се чуе мислењето на младите за предлог Законот за млади кој во октомври беше повлечен од собраниска процедура со одлука на Владата на Република Македонија и тоа по реакција на граѓански организации, кои тврдеа дека предлог законот е донесен нетранспарентно и не ги брани интересите на младите во Р.М. 

Јавни дискусии се одржаа во десет општини во Македонија: Битола, Штип, Кавадарци, Охрид, Струга, Скопје (Кисела вода, Карпош) Тетово, Неготино, Струмица а последната ќе се одржи во Прилеп на 20 декември во 16 часот.

На 27-ми Декември е предвидена Национална дискусија во Скопје на која ќе бидат поканети сите релевантни фактори кои ја третираат оваа проблематика.

Последно освежено на Среда, 21 Декември 2011 14:19

 

БЕЗ ПАРИ НЕМА МЛАДИНСКИ АКТИВНОСТИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(16 декември 2011јавна дискусија во Неготино)

На јавната дискусија во Неготино за Предлог „Законот за млади- да се врати во собраниска процедура“, во организација  на Коалиција СЕГА, младите ја потенцираа потребата локалниот Младинскиот парламент да биде дел од законот за млади, како и потребата за задолжително финансирање на програмските активности на Советот на млади и Државниот Совет за млади.

Неготинчанци ја подржаа идејата на Коалиција СЕГА за ваквите јавни дискусии и зедоа активно учество. Јавната дискусија беше организирана во соработка со Граѓански Центар за Превентива и Ресоцијализација – Неготино, но зедоа учество и други младински организации и граѓански здруженија кои ја третираат оваа проблематика.

Последно освежено на Среда, 21 Декември 2011 14:16

 

ДРЖАВЕН И ЛОКАЛЕН БУЏЕТ ЗА МЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(15 декември 2011 јавна дискусија во Кисела Вода)

Младите од Општина Кисела Вода бараат да бидат дефинирани критериумите на Советот на млади, да постои родова застапеност во Советот на млади и Државниот совет за млади.

Тие, како и останатите млади од другите градови во Македонија каде се водеше јавната дискусија, побараа да има утврден буџет за млади, со цел да бидат функционални, а не да бидат формални и тоа Советите на млади на локално ниво, а  Државниот Совет на млади на државно ниво, како и промена на мандатот на членовите, наместо четири години како што стои во досегашниот Предлог на Законот за млади, мандатот  на членовите да не биде подолг од две години. Државниот Совет на млади извештаите од своето работење да му ги доставува на Собранието на Р. Македонија.

Ова беа дел од забелешките на младите од општина Кисела Вода на  јавната дискусија на тема која ја наметна Коалицијата на младински организации СЕГА насловена како „Законот за млади – да го вратиме во собраниска процедура!“ со цел предлог Законот за млади да се врати во собраниска процедура, а со забелешките и ставовите на младите да се подобри неговата содржина. 

Последно освежено на Среда, 21 Декември 2011 14:11

 

ПРИМЕНА НА БАДЕНТЕРОВОТО МНОЗИНСТВО

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(15 декември 2011 јавна дискусија во Тетово)

Коалицијата на младински организации СЕГА, во соработка со Институтот за развој на заедницата, Центарот за едукација и развој – Теарце, Центарот за демократски развој и интеграција, Мултикултура и Центарот за развој и унапредување на јавниот живот од Тетово, беа организатори на јавната дискусија на тема „Законот за млади – да го вратиме во собраниска процедура!“

Младите Тетовци сметаат дека е потребно да се примени бадентерово мнозинство при определување на членовите во Советот на млади и Државниот Совет за млади, да постојат критериуми за избор на членовите, како и да се направат разлики помеѓу Националните младински организации и Коалициите на младински организации.

„Дискусиите во Тетово беа конструктивни и беа во насока на подобрување на предлог законот за млади“ – истакна и директорот на Коалиција СЕГА Зоран Илиоски, задоволен од текот на јавните дискусии.

Последно освежено на Среда, 21 Декември 2011 14:22

 

Страница 1 од 4

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30