Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Промовирање на меѓукултурен дијалог помеѓу младите

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ЛИКОВНА ТВОРБА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА во рамките на својата годишна програма за 2012 година го спроведува проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“. Проектот има за цел да се промовира меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во општините каде живеат млади од различна етничка припадност.

Во рамките на проектот СЕГА објавува конкурс за избор на најдобри ликовни творби на тема „Меѓукултурен Дијалог“.

I. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Ученици од I до IV година од сите средни училишта од општините: Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Теарце.

II. ПОСЕБНИ КРИТЕРИУМИ

Ликовните творби можат да бидат насликани во техника по слободен избор (молив, пастели, водени бои - акварел, масло, темпера, мастило - туш...).

Темата на ликовниот натпревар е „Меѓукултурен дијалог“ и истата може да вклучи цртежи кои го отсликуваат меѓукултурниот дијалог помеѓу младите, животот на младите во меѓукултурно општество и цртежи кои пренесуваат пораки за пријателство, соживот, почитување, традиција и сл. (игри, доживувања, традиции, народни обичаи итн.)

Секој ученик може да испрати максимум 3 цртежи на конкурсот. Ликовната творба што ќе биде испратена мора да биде оригинал и да не биде претходно испраќана на други натпревари.

III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Ликовните творби доставете ги до педагошко психолошката служба во вашето училиште најдоцна до 15 ноември 2012 година.

На позадината на секој цртеж залепете ливче на кое ќе бидат содржани следниве податоци:

Име и презиме:
Националност:
Клас:
Име на училиште:
Општина:

IV. НАЧИН НА ИЗБОР

За избор на најдобрите творби, Коалиција на младински организации СЕГА ќе формира независна комисија составена од три члена.

Комисијата за избор на Коалиција СЕГА ќе одбере по три најдобри творби од секој од наведените градови, кои ќе бидат објавени во електронски каталог „Јас и мојот пријател“.

На сите ученици чии творби ќе бидат објавени во каталогот ќе им бидат доделени дипломи. 

V. ПРОМОЦИЈА НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ КАТАЛОГ „ЈАС И МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ“

Електронскиот каталог „Јас и мојот пријател“ ќе биде објавен на веб страната на Коалиција на младински организации СЕГА – www.sega.org.mk, на веб страните на партнер организациите како и на социјалните медиуми.

Исто така, каталогот ќе биде испратен до сите училишта, младински организации, донатори и млади со цел да се испрати јасна порака од младите луѓе за важноста од негувањето на меѓукултурниот дијалог во Македонија.

Ќе бидат организирани локални промоции на електронскиот каталог „Јас и мојот пријател“ во Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Теарце. Промоциите ќе бидат организирани во декември 2012 година.

Коалиција на младински организации СЕГА
Иво Лола Рибар, 5
7500, Прилеп, Македонија

048/429-390

Последно освежено на Петок, 26 Октомври 2012 14:17

 

МЛАДИТЕ СЕ ЕДУЦИРААТ ЗА МЕЃУКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Започна циклусот на работилници во Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Теарце, во состав на проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“.

19 едукатори преку интерактивни работилници ќе им ги пренесуваат своите знаења, стекнати на Обуката за врснички едукатори, на средношколците од овие градови. На работилниците се обработуваат теми од меѓукултурен дијалог со цел подобрување на комуникацијата помеѓу младите кои живеат во мултиетничко општество, во насока на надминување на стереотипите и предрасудите кои ги имаат едни за други. Истовремено, преку работилниците ќе се придонесе кон надминување на културните разлики, нетолеранцијата помеѓу младите од различна етничка припадност и ќе се промовира пријателството и градењето на мултиетничкиот соживот.

Во рамките на овој проект предвидена е реализација на 80 работилници со кои ќе се опфатат минимум 1600 средношколци од овие пет градови.

Покрај работилници проектот предвидува и конкурс за избор на најдобри ликовни творби на тема „Меѓукултурен дијалог“. Најдобрите ликовни творби ќе бидат објавени во електронски каталог кој ќе биде промовиран во сите средни училишта вклучени во проектот.

Проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“, е дел од годишната програма на Коалиција СЕГА за 2012 година, финансирана со програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансирана од  SDC.

  

Последно освежено на Вторник, 23 Октомври 2012 14:16

 

ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКА „ЈАС И МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалицијата на младински организации СЕГА во Охрид, Скопје, Гостивар, Куманово, Дебар и Струга ја промовираа збирката на литературни творби „Јас и мојот пријател“, создадена од перото на младите луѓе од различна етничка припадност во градовите каде што се спроведуваше проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог меѓу младите во Македонија“. Збирката „Јас и мојот пријател“ содржи литературни творби напишани во проза и поезија со иста порака – меѓусебно почитување и прифаќање на разликите. Впрочем, целта беше младите луѓе  преку пишаниот збор да го развиваат меѓукултурниот дијалог.

„Со оваа збирка сакаме да го одбележиме времето во кое живееме, толеранцијата и меѓусебното почитувањето на младите. Токму тоа е отсликано и преку она што го напишаа младите кои што секојдневно се соочуваат со овој проблем, во книгата“ - истакна извршниот директор на  Коалиција СЕГА, Зоран Илиески. 

Книгата  е алатка на младите луѓе од која тие најпластично би учеле како можат заеднички да делуваат и творат, да се забавуваат и дружат, но и да ја користат како пример за едукација на останатите млади, бидјеќи токму „преку меѓукултурниот дијалог се развива почитта и толеранцијата спрема другите”. Коалиција СЕГА со ова литературно дело го заокружи проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“ за 2011 година.

Целта на проектот е поттикнување на соживотот меѓу младите луѓе во Р. Македонија за меѓусебна толеранција, соживот, без насилство, и за меѓусебно верско, културно  и национално почитување!

Овој проект е дел од годишната програма на Коалиција СЕГА за 2011 година, финансиран со програмата CIVICA Mobilitas,  имплементирана од ЦИРа, финансирана од SDC.

 

Последно освежено на Четврток, 22 Декември 2011 15:58

 

„ДРВО НА ТОЛЕРАНЦИЈА“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(16, ноември 2011) По повод  Меѓународниот Ден на Толеранција, 16-ти ноември, во организација на Коалиција СЕГА, т.н садници на толеранција беа засадени од страна на младите, во неколку градови во Македонија, со цел да потсетат на важноста од меѓусебна толеранција.

На меѓународниот Ден на Толеранцијата „Дрво на толеранцијата„ беше засадено во градовите: Прилеп, пред централната канцеларија на Коалиција на младински организации СЕГА, во Скопје, во СУГС „Орце Николов“, во дворот на училиштето (организатор, Волонтерски центар Скопје), во Охрид – пред хотел Денариус, на кејот на Охрид (организатор - Младински Совет Охрид), во Струмица, во гимназијата „Јане Сандански“ (организатор - Младински Совет Струмица), во Гостивар, во СОУ „Гостивар“, во општината Врапчиште, с.Зубовци, во паркот во селото, пред „Ѕунина чешма„  (организатор - Центар за едукација и развој, Теарце) и во Дебар, во дворот на Дом на култура (организатор – Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар).

„Меѓународниот ден на толеранција има за цел да ги поттикне младите да размислуваат за потребата од толеранција во едно општество. Со акцијата која ја организиравме во градовите каде што се спроведува проектотПромовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“ сакавме да испрати порака дека потребно е да се надминат разликите и да се започне со толеранција и меѓуетнички соживот, без разлика  на култура, вера или националност припаѓаме“ 


Коалиција СЕГА веќе две години активно работи на промовирање на меѓукултурниот рече Зоран Илиески, извршен директор на СЕГА.

дијалог помеѓу младите во средните училишта од неколку градови во Република Македонија каде што е најзастапен мешан етнички состав. Преку едукација, едукативни работилници, спортски активности, литературни творби, младите го искажаа својот интерес за развивање на меѓукултурниот дијалог помеѓу своите врсници.

Проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“, е дел од годишната програма на Коалиција СЕГА за 2011 година, финансирана со програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.

Целта на проектот е поттикнување на соживот меѓу младите луѓе во Македонија за меѓусебна толеранција, соживот, без насилство, и за меѓусебно верско и национално почитување! 

 

    

 


 

Последно освежено на Понеделник, 21 Ноември 2011 11:07

 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Меѓународниот ден на толеранција, 16-ти ноември, ќе биде одбележан со зазадување на садници на толеранција, во неколку градови во Македонија, а со тоа ќе остават белег, кој би потсетувал на важноста од меѓусебна човечка толеранција.

Денес, точно на пладне, во 12:00 часот, младите ќе засадат „Дрво на толеранција“ одбележувајќи го овој ден и поддржувајќи го проектот кој веќе две години го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА  - „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“.
„Дрво на толеранцијата„ ќе се засади во градовите:

ПРИЛЕП - пред централната  канцеларија на Коалиција на младински организации СЕГА  

СКОПЈЕ - во СУГС „Орце Николов“, во дворот на училиштето (организатор - Волонтерски центар Скопје)

ОХРИД – пред хотел Денариус ,на кејот на Охрид(организатор - Младински Совет Охрид)

СТРУМИЦА - во гимназијата „Јане Сандански“ (организатор - Младински Совет Струмица)

ГОСТИВАР – 13 ,оо часот, во СООУ „Гостивар“

ВРАПЧИШТЕ, с.Зубовци – во паркот во селото, пред „Ѕунина чешма“ (организатор - Центар за едукација и развој, Теарце)

ДЕБАР – во дворот на Дом на култура (организатор – Центар за одржлив развој на заедницата, Дебар)

Проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“, е дел од годишната програма на Коалиција СЕГА за 2011 година, финансирана со програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.

Целта на проектот е поттикнување на соживотот меѓу младите луѓе во Македонија за меѓусебна толеранција, без насилство, и за меѓусебно верско и национално почитување!

Последно освежено на Четврток, 17 Ноември 2011 15:03

 

Страница 1 од 3

ПРОМОВИРАЊЕ НА МЕЃУКУЛТУРНИОТ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30