Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Образованието треба целосно да го развие карактерот и талентите на детето. Тоа треба да ги поттикнува децата да ги почитуваат своите родители, својата култура како и другите култури."
Член 29, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Зајакнување на капацитетите на МО

МЛАДИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА ОБУКА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

 

- ОД ПОИМ ДО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТ -

(25 - 27 март, Струга) Коалиција на младински организации СЕГА во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на постојните младински организации во нивното делување“, организираше обука за Раководење со проектен циклус

Учесници на оваа обука беа претставници од 16 младински организации од Македонија, од: Скопје, Тетово, Струга, Кавадарци, Прилеп, Штип, Свети Николе, Кичево, Струмица и Битола.

Поимот проект и проектен циклус, фази на проектниот циклус, идентификување на проблем, дефинирање на проблем, дефинирање на цели, идентификување и дефинирање засегнати страни и целни групи, методологија и проектни активности, дефинирање очекувани резултати и систем за мониторинг и оценка, структура за спроведување на проектот и проектен тим, одржливост на проектот, беа фазите за кои учеа младинските организации.

Наредната обука од циклусот за зајакнување на капацитетите на постојните младински организации во нивното делување на тема „Финансиско работење“, ќе биде организира во мај, оваа година.

Проектот „Зајакнување на капацитетите на постојните младински организации во своето делување“ се спроведува во рамките на годишната програма на Коалиција СЕГА за 2011 година, која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas, имплементиран од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:20

 

КОАЛИЦИЈАТА СЕГА ПОДДРЖА ФОРМИРАЊЕ НОВИ МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(24 декември 2010) Во рамките на проектот „Поддршка на младински активизам во Република Македонија“, кој се спроведе од јуни до декември оваа година, но пред се поради довербата кон Коалицијата СЕГА, како единствена невладина и непрофитна организација која ги поддржува младите и младинските организации во РМ, четири неформални групи од Кичево, Велес, Кратово и општина Илинден – Скопје беа регистрирани во младински организации.

Здружението за младински активизам НАШЕ ВРЕМЕ од Кичево, Здружението за културна соработка ЧЕКОРИ НА МЛАДИТЕ од Велес, Здружението за младински активизам КРАТЕР од Кратово, Здружението МЛАДИНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ПРИЗМА од општина Илинден – Скопје се новите регистрирани младински организации.

Коалицијата на младински организации СЕГА обезбеди правна и финансиска поддршка при регистрирањето на организациите во Централниот регистар. Вакви активности за формирање на младински организации во оние градови каде што сеуште нема, ќе продолжат и во иднина, потенцира Извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески.

Во ноември Коалицијата СЕГА организира ориентациона средба со цел да се утврдат приоритетите и потребите на новите младински организации, за нивна функционалност, одржливост и јакнење.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:21

 

Одржани средби со неформални младински групи и организации

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

На 21ви Јули во Велес и Кратово се одржаа средби со веќе постоечки неформални младински групи и организации, во насока на зајакнување на капацитетите и нивна регистрација како здруженија на граѓани. Целта на овие средби беше да им се објаснат можностите, предностите и придобивките на младинските групи од нивното регистрирање како здружение на граѓани. На младинските групи кои ќе покажат заинтересираност Коалиција СЕГА ќе им обезбеди правна и финансиска поддршка за отпочнување на процес на регистрација.

Оваа активност е во рамките на проектот :“Поддршка на младински активизам во Република Македонија кој започна со имплементација од 1ви јуни 2010 година од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, а ќе се спроведува во пет градови од Република Македонија.

Проектот се спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА за 2010 год која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:22

 

Проект: „Поддршка на младинскиот активизам во Република Македонија“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Од 01 јуни 2010 година, Коалиција СЕГА започна да го имплементира проектот „Поддршка на младинскиот активизам во Република Македонија“. Проектот ќе се спроведува во пет градови од Република Македонија (Струга, Демир Хисар, Велес, Гостивар и Кратово) во период од седум месеци.

Целта на овој проект е да се зајакне младинскиот активизам во Република Македонија.

Преку овој проект ќе се поддржуваат веќе постоечки неформални младински групи и организации, во насока на нивна регистрација како здруженија на граѓани, ќе се зајакнуваат капацитетите на постојните младински организации во своето делување и ќе се креираат фондови за поддршка на младинските организации за третирање на проблеми со кои се соочуваат младите.

Овој проект се спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА за 2010 година која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:22

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30