Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да мислат и да веруваат во што сакаат, и да ја практикуваат својата вероисповест, доколку со тоа не спречуваат други луѓе да ги уживаат своите права. Родителите треба да им даваат насоки на своите деца по овие прашања."
Член 14, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на обука за обучувачи. Оваа обука се реализира како дел од програмата за децентрализирана соработка со регионот Долна Нормандија – Франција која Коалиција СЕГА ја спроведува во партнерство со организацијата Maison Pour Tous Leo Lagrange.

Целта на оваа обука е да се обучат 15 младински работници да испорачуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации и институции кои работат со млади.

Учество на обуката може да земат младински работници кои работат во полето на млади и младинско информирање.

Обуката ќе се реализира во периодот од 20 – 23 февруари 2018 година во Струга. Техничките детали за обуката околу сместувањето и патните трошоци ќе бидат споделени дополнително со селектирани учесници.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука треба да достават он-лајн апликација на следниот линк.

Краен рок за испраќање на апликации е 12 февруари 2018 година. Ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат. 

Селектираните учесници на обуката ќе бидат известени најдоцна до 14 февруари 2018 година. Предност при селекцијата на учесници ќе имаат кандидатите од организациите членки на Коалиција СЕГА.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте со:

Моника Илиоска Кантарџиоска

Програмски менаџер

Коалиција на младински организации СЕГА

Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Тел: +389 77 762 767; +389 48 429 390

 

„ИНФО СЕГА“ КАВАДАРЦИ ГИ ЈАКНЕ СВОИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО ИТАЛИЈА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Формиран во 2015 година, Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ од Кавадарци е резултат на долгогодишната соработка на Коалицијата на младински организации СЕГА во рамки на програмата за соработка помеѓу Нормандија/Македонија. Коалиција СЕГА, како координатор на Инфо центарот во Кавадарци работи на постојано јакнење на капацитетите на своите младински работници. Неколку размени на добри практики со младински информативни центри од Нормандија веќе беа спроведени.

Во таа насока, дел од тимот на ИНФО СЕГА Кавадарци беше на студиска посета во Казарца, Италија од 4 до 8 јули 2016 година.

Оваа студиска посета беше можност да се разменат добри практики и искуства и да се запознае работата на младинскиот информативен центар од Казарца. Тема на средбите беа младински локални политики, спроведување на младински проекти  и можности за развивање на заеднички проекти.

Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци е поддржан од програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија, и раководен од Коалиција СЕГА во партнерство со општина Кавадарци.

Оваа активнсот е спроведена во рамки на проектот PALE.DE, финансиски поддржан од италијанскиот регион Фриули Венеција Џулија, а спроведен од Општина Казарца, Конзорциум Леонардо, Организацијата Ноџе, АЛДА Скопје, Коалиција СЕГА и Општина Кавадарци. 

Последно освежено на Понеделник, 19 Септември 2016 13:36

 

ВОЛОНТИРАЊЕ ПРЕКУ ЕВРОПСКИОТ ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС ВО МАКЕДОНИЈА. „КЛУЧНА ГОДИНА“ ОД ЖИВОТОТ НА ЈОАН ШУМАХЕР

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

На 13 август 2015 година, Јоан Шумахер се упати кон Македонија да го започне своето едногодишно волонтирање во рамките на Европскиот волонтерски сервис. По неговото враќање, ова дваесетгодишно момче од Ла Ферте-Масе одлучи да го сподели неговото искуство.

„Кога заминав пред една година, имав на ум две идеи за мојата професионална кариера: да бидам дел од образовниот систем или да работам како графички и аудиовизуелен дизајнер. Мојата желба беше да ги поврзам двете сфери во рамките на мојот престој во Македонија“, ни се довери Јоан, роден во Оне-сир-Одон, но израснат во Ла Ферте.

По средното училиште за применета уметност и двeгодишните студии по дизајн и комуникација, ова младо момче од Ла Ферте се одлучи да одговори на повикот на Младинскиот културен центар на градот Флер кој се однесуваше на волонтирање во Македонија. Неговата апликација беше прифатена, и тој имаше малку време да се подготви за неговото заминување на пат од 2.600 километри од неговиот дом, во Прилеп, град со 70.000 жители во Централна Македонија.

Осамостојувањe...
„Јас не ја познавав земјата и не истражував навистина за неа, заминав без подготовка и открив се’ на самото место“. Јоан беше волонтер во нашата организацијата СЕГА, која ја има истата структура како Младинскиoт културен центар во Франција. Тој беше сместен со двајца млади волонтери при Европскиот волонтерски сервис: две девојки од Франција и Романија. „Тоа беше прв пат да заминам сам толку далеку од дома, но сепак имав желба да патувам. Бидејќи имав 24 дена одмор предвиден со мојот договор, имав можност да се вратам неколку пати во Ла Ферте. Исто така морав да научам да го организирам моето секојдневие, буџетот, животот во заедница“.

За време на престојот и средбите, Јоан  ја откриваше земјата. „Научив да зборувам македонски, кој е словенски јазик, но го користев многу англискиот. Градот во којшто престојував беше динамичен, со многу млади луѓе, многу свирки во баровите. Се работи за многу пријателски народ, никогаш не се почувствував како странец. Открив дека економијата на земјата е многу кревка и со висока стапка на невработеност, која достигнува до 50%-60% кај младите на моја возраст. Таму се живее со 250 до 300 евра месечно.” Се работи за ситуација која го принудила да ги разгледа фактите од друга перспектива, „Во споредба со Франција, сфатив дека нашата земја се’ уште има задоволувачки стандард на живот, со можности за иднината“. Викендите беа посветени на туристички прошетки со другите волонтери. „Имав и можност да свирам гитара на улица за да соберам малку пари“.

Самооценување.... 
За време на договорот од 12 месеци, неколку задачи му беа доверени на Јоан: промоција на волонтирање кај младите, графичка подготовка на документи за настани (брошури, флаери), фотографирање на настаните, поддршка на професорите по француски јазик за ученици од 10 до 18 години. „Со професорите организиравме концерт посветен на Едит Пјаф, исто така подготвивме хумористична театарска претстава која беше одиграна на националниот натпревар по франкофонски театар. Како победник на натпреварот, претставата потоа ја одигравме во Бугарија во присуство на учесници од целиот Балкан“. Јоан исто така организираше еколошка прошетка за чистење на една планина и средби во едно кафуле.

За Јоан, ова искуство беше можност за самооценување. „Согледав каде се чувствувам најудобно, кои се моите силни страни, моите слабости. Можев да ги тестирам моите способности пред учениците и сфатив дека сферата на образованието не е навистина за мене, посебно во однос на авторитетот“.

„Научив многу“....
По неговото враќање на 9 август 2016, Јоан позитивно го оценува искуството во секој поглед. „Овој вид на престој ги отвора сите можности. Научив многу за малку време. Многу напредував. Сигурно ќе се вратам во Македонија. Во моментов сум во контакт со млади од Португалија, Италија, Романија, Соединетите Американски Држави“.

На 6 септември, Јоан ќе ги продолжи своите студии на Институтот по технологија во Авр  по оваа „клучна година од мојот живот, која ме спречи да направам грешка во изборот на мојата професионална кариера“.

Последно освежено на Понеделник, 19 Септември 2016 12:50

 

ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ „ТВОЈОТ ПРВ ЧЕКОР ДА СТАНЕШ МЛАДИНСКИ РАБОТНИК“ (“ТHE FIRST STEP TO BECOME YOUTH WORKER”)

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалиција на младински организации СЕГА започна со имплементација на обуката за обучувачи со наслов „Твојот прв чекор да станеш младински работник“, која се одржува во периодот од 12 – 15 мај 2016 во хотел Амбиент, Струга.

Целта на обуката е да се обучат 15 младински работници да испорачуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации и институции кои работат со млади. Со оваа обука ќе бидат обучени младински работници кои работат во двата младински информативни центри во Македонија (ИНФО СЕГА во Кавадарци и Прилеп) како и претставници на младински организации, и еден претставник на Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија.

Оваа обука се реализира како дел од активностите на проектот „Признавање на младинската работа“ кој Коалиција СЕГА го спроведува во партнерство со организацијата Maison Pour Tous Leo Lagrange како дел од програмата за децентрализираната соработка со регионот Долна Нормандија – Франција.

  


 

РЕАЛИЗИРАНА СРЕДБА НА КОАЛИЦИЈА СЕГА И ОРГАНИЗАЦИИ ОД ДОЛНА НОРМАНДИЈА - ФРАНЦИЈА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Прилеп, 11 мај 2016 година) Денес, во канцелариите на Коалиција СЕГА и Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА се одржа средба помеѓу тимот на СЕГА и ИНФО СЕГА Прилеп и Кавадарци со претставници на организациите Avril и Maison Pour Tous Leo Lagrange од регионот на Долна Нормандија Франција.

На средбата се дискутираше за полето на работа на СЕГА во областа на младинско учество и младинско информирање, како и презентација на реализираните проекти и проектите кои се во тек. Воедно се разменија искуства помеѓу трите организации во полето на младинската работа и се разговараше за идни заеднички активности и проекти во насока на зајакнување на соработката.

Во рамките на воспоставената соработка од утре до недела ќе се реализира обука за обучувачи „Првиот чекор да станам младински работник“ во Струга, на која ќе се обучат 14 младински работници од Македонија и ќе се оспособат за мултиплицирање на модулот на други младински работници.

Коалиција СЕГА има долгогодишна соработка со организации од регионот Долна Нормандија – Франција и реализација на неколку досегашни успешни проекти.

Активностите се реализираат во рамките на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Регионот на Долна Нормандија – Франција и Република Македонија.

 

Страница 1 од 6

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30