Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да мислат и да веруваат во што сакаат, и да ја практикуваат својата вероисповест, доколку со тоа не спречуваат други луѓе да ги уживаат своите права. Родителите треба да им даваат насоки на своите деца по овие прашања."
Член 14, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Активности на СЕГА 2010

Конференција „Актуелните потреби на младите во Република Македонија“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

(Петок 12 ноември, Скопје)

 

Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како финална фаза на проектот „Истражување на младинските трендови во Република Македонија“ организираа Конференција во хотел Holiday Inn - Скопје на тема „Актуелните потреби на младите во Република Македонија“.

Целта на оваа конференција беше да се презентира истражувањето и да се генерираат препораки за подобрување на животот на младите во Република Македонија во согласност со податоците како и да се даде придонес кон креирањето и спроведувањето на политиките за млади во Република Македонија.

Податоците од истражувањето поврзани со образованието, вработувањето, култура, забава, спорт, волонтирање, девијантните појави и учество на младите во невладиниот сектор, беа интересни за многу релевантни државни институции, вклучувајќи ги тука невладините организации и медиумите.

- По осум години, ова е прво вакво темелно истражување за тоа кои се младинските трендови, и веруваме  дека тоа ќе биде основа за дискусија за донесување на Законот за млади – вели Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА.

- Истражувањето ќе помогне да ги таргетираме проблемите со кои се соочуваат младите, а оваа анализа дава конкретни податоци со какви проблеми се соочуваат младите во секојдневниот живот - рече на конференцијата Диме Спасов, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Проектот Истражување на младинските трендови е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas, која ја спроведува Центарот за Институционален Развој.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:35

 

Во петок - Конференција „Актуелните потреби на младите во Република Македонија“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалицијата на младински организации СЕГА во периодот април – ноември 2010 година го спроведува проектот: „Истражување на младинските трендови во Република Македонија“. Целта на проектот е да се даде придонес кон креирањето и спроведувањето на политиките за млади во Република Македонија.

Ова истражување беше спроведено во 13 општини во Република Македонија: Битола, Дебар, Кавадарци, Кисела Вода, Чаир, Куманово, Охрид, Прилеп, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип.

По тој повод, како финална фаза на проектот ќе биде организирана Конференција „Актуелните потреби на младите во Република Македонија“. Целта на оваа конференција е да се презентираат наодите од истражувањето и да се генерираат препораки за подобрување на животот на младите во Република Македонија во согласност со податоците од истражувањето.

Проектот е поддржан со програмата CIVICA Mobilitas, која ја спроведува Центарот за Институционален развој, како и од Агенцијата за млади и спорт и Коалиција на младински организации СЕГА.

Конференцијата ќе се одржи на 12 ноември (петок) 2010 година во 11:00 часот во хотел Holiday Inn во Скопје.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:36

 

Усвоена Локална Младинска Стратегија во областа на културата за општина Прилеп

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

На 04 јуни 2010 година на редовна Седница на Совет на Општина Прилеп Локалната младинска стратегија во областа на културата за општина Прилеп беше едногласно усвоена од страна на советниците. Со усвојувањето на овој документ општина Прилеп е прва општина во Република Македонија која има подготвена и усвоена младинска стратегија во областа на културата.

Проектот Локална младинска стратегија во областа на културата за општина Прилеп Коалиција СЕГА го имплементираше во периодот од 01 декември 2009 – 31 март 2010 година а беше финансиски поддржан од Министерството за култура при Владата на Република Македонија.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:17

 

Проект: Истражување на младинските трендови во Република Македонија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Од 01 април 2010 година Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот „Истражување на младинските трендови во Република Македонија“. Проектот ќе се имплементира во период од 6 месеци а е финансиски подржан од програмата CIVICA MOBILITAS која ја спроведува Центарот за Институционален Развој.

Целта на проектот е да се даде придонес кон креирањето и спроведувањето на политиките за млади во Република Македонија.

Во текот на имплементацијата на проектот ќе се спроведи истражување на репрезентативен примерок на млади, мапирање на локални организации и институции, ќе се организираат регионални фокус групи, ќе се спроведат интервјуа со претставници на национални институции и организации и ќе се организира национална дискусија по предметот на истражувањето.

Ова истражување ќе обезбеди ажурирани податоци за младинските трендови и потреби во државата. Истражувањето ќе се спроведи во 13 општини во Република Македонија: Битола, Дебар, Кавадарци, Кисела Вода, Куманово, Охрид, Прилеп, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Чаир и Штип.

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:41

 

Организирана Јавна расправа за Драфт Младинската Стратегија во културата на локално ниво

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

На 31 март 2010 година во големата сала на Локална Самоуправа Прилеп беше организирана Јавна  расправа за Драфт локалната младинска стратегија во областа на културата за Прилеп. Оваа активност беше организирана во состав на проектот “Локална младинска стратегија во областа на културата за општина Прилеп“ имплементиран од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, а финансиран од Министерството за култура.

Целта на организирањето на Јавната расправа беше да се обезбеди поголемо вклучување на јавноста, културните институции, а посебно младите во креирањето на политики.

На настанот присуствуваа претставници од Локалната Самоуправа, културните институции, средношколци и студенти и беа дадени неколку забелешки во однос на стратегијата. Забелешките ќе бидат доставени до работната група која што ќе одлучи кои од нив ќе ги прифати, а кои не.

 

Последно освежено на Петок, 14 Октомври 2011 12:18

 

Страница 1 од 3

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30