Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да се среќаваат и пристапуваат кон групи и организации доколку ова не спречува други луѓе да ги уживаат своите права."
Член 16, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Гласај! Нека те слушнат!

КОАЛИЦИЈА СЕГА ГИ ПОВИКУВА МЛАДИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ НА ИЗБОРИ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Коалицијата на младински организации СЕГА е во завршна фаза од спроведувањето на кампањата „Гласај! Нека те слушнат!“. Во состав на кампањата се спроведоа ИНФО денови во Куманово, Скопје, Охрид, Кавадарци, Прилеп, Тетово и Штип. На 21 и 22 март ќе се организираат ИНФО денови и во Струмица. На овие настани се споделуваа мотивациони флаери за поттикнување на млади гласачи за претстојните локални избори на 24 март. Во состав на оваа кампања беше дизајниран видео спот кој се емитува на националните телевизии: МТВ 1 и МТВ 2, како и на ТВ АЛФА. Исто така видео спотот се емитува и на голем број локални телевизии низ целата територија на Македонија, како што се: ТВ Нова – Куманово, ТВ Визија - Прилеп, ТВМ – Охрид, ТВ Кисс – Тетово, ТВ Вис – Струмица, ТВ Боем – Кичево. Очекуваме кампањата позитивно да влијае врз излезноста на младите гласачи на самите избори.

   

   

   

  

 

 

Кампања: „Гласај! Нека те слушнат!“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во период од 01 октомври 2012 – 31 март 2013 година Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Поттикнување на младинското учество во политичките процеси“. Проектот е поддржан од Националниот Фонда за Демократија (National Endowment for Democracy). Со овој проект СЕГА ги промовира демократските вредности и работи на поттикнување на младинското учество на претстојните локални избори во март 2013.
На 27 февруари 2013 година Коалиција СЕГА лансираше Кампања за мотивација на младите гласачи да учествуваат на претстојните локални избори под мотото „Гласај! Нека те слушнат!“. За потребите на кампањата беше дизајниран креативен видео спот кој ќе биде емитуван на национални и локални медиуми како и на социјалните мрежи. Во рамките на кампањата ќе се реализираат и радио емисии со етаблирани личности од општествениот живот.
СЕГА подготви флаери за мотивација на млади гласачи кои ќе бидат споделени на млади луѓе во 8 градови во Македонија (Прилеп, Куманово, Скопје, Тетово, Охрид, Струмица, Штип и Кавадарци), преку локалните партнер организации во проектот.

Последно освежено на Четврток, 24 Јули 2014 11:59

 

ТОП 10 ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗЕШ И ДА ГЛАСАШ:

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

10.     Доколку не гласаш тоа е исто како и да кажеш „НЕ МИ Е ГАЈЛЕ“.

9.       Ако не гласаш на избори тогаш навистина НЕМАШ ПРАВО ДА СЕ ЖАЛИШ на одлуките кои власта ги носи а тебе не ти се допаѓаат или не ти одговараат.

8.       Нивните одлуки ТЕ ЗАСЕГАат и тебе!

7.       Да се гласа е ЧЕСТ но и ОБВРСКА!

6.       На избирачкото место можеш КОНЕЧНО да се запознаеш со слаткото момче/девојка кој/а секогаш го/ја гледаш во соседството. Smile

5.       Треба да гласаш затоа што ИМАШ ПРАВО и затоа што МОЖЕШ!

4.       Им даваш ДОБАР пример на твоите пријатели.

3.       Младите можат најмногу да добијат но и да изгубат на ИЗБОРите, затоа што тие најдолго треба да живеат со последиците.

2.       Изборниот Ден е ден кога сите луѓе кои живеат во Македонија се еднакви. ТВОЈОТ ГЛАС Е ПОДЕДНАКВО ВРЕДЕН колку и останатите гласови.

1.       Ако не сакаш да бидеш безгласна буква во општеството ГЛАСAЈ! НЕКА ТЕ СЛУШНАТ!

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30