Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Home

Успешна соработка на Коалиција СЕГА со компанијата WIK

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Во рамки на заедничката сорботка помеѓу германската компанија WIK и Коалиција на младински организации СЕГА, на 08 јуни - Меѓународниот ден на океаните, во Мариово се одржа обука за заштита на водите, која воедно беше и team building обука за компанијата, а во рамките на истата се организираше и чистење на речното корито на Црна Река. Оваа година "Денот на океаните" помина во знакот на заштитата на океаните од пластика и креирање решенија за заштита на истите. Компанијата WIK акцијата ја спроведе под мотото: "A team that creates values: for society, for our customers, for future generations, for our planet, for consumers, for our employees...for the Oceans".

Обуката ја спроведуваа двајца претставници на Коалиција СЕГА, кои со помош на интерактивни игри, комуникација, работа во групи, презентации и документарни видеа им пренесоа значајни информации поврзани со заштитата на водата, рационално користење на водата, менаџирањето со отпадот и рециклирањето на отпадот кој е штетен за водите, а воедно за луѓето и целокупната животна средина. После едукативниот дел, настанот продолжи во натпреварувачки дух со чистење на брегот на Црна Река, собирање и селектирање на отпадот во три групи: метал, пластика и хартија.

Коалиција СЕГА се надева на понатамошна успешна соработа со Компанијата WIK и понатаму ќе биде дел и ќе спроведува проекти за заштита на животната средина, вклучувајќи ги и младите.

 

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ, СТРУКТУРЕН ДИЈАЛОГ И ПОДГОТОВКА НА ПОЗИЦИСКИ ДОКУМЕНТ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 Во рамки на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“ Коалиција на младински организации СЕГА во период од 31.05.2018 година до 03.06.2018 година ја реализира обуката на тема „Застапување и лобирање и Обука за Структурен Дијалог и подготовка на позициски документи“ во хотел Амбиент во Струга. 
На обуката присуствуваа 12 учесници, преставници на партнер организациите на проектот МИРР и ЛАГ АГРО Лидер од Кривогаштани,  двајца преставници на општина Кривогаштани и преставници на Коалиција СЕГА. Учесниците се стекнаа со основно знаење за темите и ќе дејствуваат за зајакнување на дијалогот помеѓу ГО, младите и донесувачите на одлуки на локално ниво.

На обуката се користеа интерактивни методи, игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците се стекнаа со вештини и различни техники за практикување на стекнатото знаење за лобирање и застапување и Структурен дијалог.
Земајќи ги во предвид постојните капацитети на младите и важноста на улогата на ГО, неопходно е да се обезбеди дополнителна поддршка тие да се запознаат со методот на Структурен Дијалог и неговата практична примена но воедно и да се развијат нивните капацитети за подготовка на позициски документи. 

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот "Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот е финансиран од Европска Унија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK.

 

Last Updated on Wednesday, 06 June 2018 11:59

 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТЕН КАМП ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ-ТРОГЕН, ШВАЈЦАРИЈА

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА, во соработка со детското село Песталоци во Троген, Швајцарија, објавува повик за учество на летен камп во Троген, Швајцарија.

Целта на проектот е учесниците да се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Период на размена: 09.07.2018– 21.07.2018

Датум на поаѓање: 07.07.2018

Датум на враќање: 22.07.2018

Финансиско учество на учесниците на Летниот камп - 7270 денари

Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на активности од акционите планови креирани за време на размената, а се директно поврзани со активностите во текот на Неделата на детето во периодот на месец октомври 2018 година.

Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2001/2002
  • Ученици од средни училишта на територијата на општина Прилеп
  • Ученици од училиштата вклучени во проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Р.Македонија“.
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 08.01.2019 година
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци.

Коалиција на младински организации СЕГА ги поканува сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за учество да се пријават со пополнување на електронска пријава за учество која се наоѓа на веб страната на Коалиција СЕГА www.sega.org.mk, најдоцна до 06.06.2018.

Потенцијалните кандидати ќе бидат повикани на интервју на 08.06.2018.

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на следната е-маил адреса This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТНИОТ КАМП!

Last Updated on Wednesday, 30 May 2018 10:32

 

Page 8 of 69

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

SEGA in media broadcasting

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

August 2018 September 2018 October 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30