Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Home

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКА ЗА СТРУКТУРЕН ДИЈАЛОГ И ПОДГОТОВКА НА ПОЗИЦИСКИ ДОКУМЕНТИ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Оспособување на младинските и граѓанските организации за примена на методот на структурен дијалог“, со поддршка на општина Гази Баба.

Основна цел на овој проект е да се зајакнат на капацитетите на младинските и граѓанските организации кои делуваат на територијата на општина Гази Баба кон подобрување на благосостојбата на младите во согласност со европските трендови и практики. Со проектот ќе се придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на граѓаните во Република Македонија.

Преку стратешки процес ќе бидат зајакнати капацитетите на младинските и граѓанските организации на подрачјето на општина Гази Баба за структурен дијалог и подготовка на позициски документи.

За таа цел Коалиција СЕГА објавува повик за учество на обука за Структурен дијалог и подготовка на Позициски документи, која ќе се реализира во периодот од 5-7 октомври 2018, во хотел Амбиент, Струга.

Повикот е отворен за претставници од граѓански и младински организации кои делуваат на територијата на општина Гази Баба, Скопје.

Заинтересираните може да аплицираат со пополнување на апликација на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScUJJV1LSaRBHCUQlSkCfkD3PfXiQzYv7LRAe0JjYcPwVsopw/viewform?usp=sf_link

Краен рок за доставување на апликациите е 28 септември 2018.

 

ИНСТИТУЦИИТЕ ДАДОА ПРЕПОРАКИ ЗА СООДВЕТНИ МЕРКИ ЗА ПОДОБРА ИНТЕГРАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА НА НЕЕТ ГРУПАТА НА МЛАДИ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

На 5ти септември 2018 година, во хотел Континентал, Скопје, Коалиција СЕГА организира Национална работилница за мерки за Интеграција на НЕЕТ групата на млади. Учесници на работилницата беа претставници, донесувачи на одлуки, од релевантни институции кои се засегнати со  овој проблем и кои се клучни во креирањето и спроведувањето на мерките за интеграција и превенција на НЕЕТ групата на млади.

На работилницата, преку дискусција во различни групи се дадоа препораки за соодветни мерки за превенција и подобра интеграција на НЕЕТ групата на млади.

Следна активност е деск истражување за состојбата на институциите во Македонија за процесот на интеграција на НЕЕТ, а главната активнот ќе се реализира во Струга, во периодот од 14 – 17 ноември 2018 година за време на која ќе се изготви Позициски документ со препораки за подобра интеграција на НЕЕТ групата на млади.

Овие активности се дел од проектот „Интеграција на НЕЕТ групата на млади со поддршка на Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус +, Клучна Акција 3.

Last Updated on Friday, 07 September 2018 10:28

 

АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ СЕ СРЕТНА СО МЛАДИ ОД ПРИЛЕП

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Денес, во рамки на официјална посета на Амбасадорот на САД во Р. Македонија, г-дин Џес Бејли, во просториите на Коалиција СЕГА се одржа средба помеѓу Амбасадорот и млади од општина Прилеп.

На средбата младите разговараа со Амбасадорот за нивните потреби на локално ниво. Воедно дискутираа и ги изразија своите гледишта и ставови за предизвиците и придобивките за Македонија од членство во НАТО. Амбасадорот беше отворен да одговори на прашањата кои ги имаа младите во однос на тоа што значи државата да биде дел од НАТО како и кои се придобивките за Македонија во однос на безбедноста, стабилноста и економијата.

 

Last Updated on Thursday, 30 August 2018 12:28

 

Page 2 of 69

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

SEGA in media broadcasting

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

August 2018 September 2018 October 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30