Македонски (Macedonian)English

    

 



Следете не:

Историјат

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Историјат и развој

Иницијативата за формирање на Коалиција на младински организации беше покрената од страна на Младински Совет - Прилеп и две партнер-организации за аплицирање и имплементација на проектот “Младински Национален Акционен План”. Како продолжение на започнатиот процес, Коалицијата на Младински организации “СЕГА” неформално е формирана на 20 Јануари 2004 год. со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на РМ и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 год. е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани.

Членството на Коалицијата (во овој момент) го сочинуваат 15 полноправни и 14 придружни организации-членки.

Управувачката структурата ја сочинуваат следниве органи:

  • Собрание - составено од сите членки;
  • Управен одбор - составен од 5 претставници од организации полноправни членки;
  • Надзорен одбор - составен од 3 членови.

Извршната структура е организирана во Централна канцеларија со седиште во Прилеп и 5 регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и 2 во Скопје.

 

SEGA in media broadcasting

Audio News


ComScore

Visit INFO SEGA's web portal

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

Слушајте го Младинското радио ПУЛС

Слуштајте го новото Пулс Радио