address: Blagoj Krstik бб - 1430 Kavadarci
telephone/fax: 043 417 799
E-mail:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Web: www.zonakavadarci.org.mk
Здружението на граѓани ЗОНА - Кавадарци е невладина, непрофитна и непартијска организација. Формирано е во 2003-та година на територијата на општина Кавадарци. Активно работи на програмите за Намалување на Штети од Употреба на Дроги на ниво на општина Кавадарци од 2005-та година.
ЦЕЛ
Работата и активностите на здружението се однесуваат на намалување на штетните последици од дроги и други психоактивни супстанции, работа и едукација со корисници на дроги, примарна превенција на ХИВ, вирусите на Хепатит Б и Ц, соработување со невладини организации, здравствени служби, социјалните центри со цел за подобрување на стандардите и односот кон корисниците на дроги, спроведување на истражувања за состојбата на користење на дроги, како и промовирање алтернативни правци во областа на културата и уметноста заради реализација на целите и задачите.
РАБОТА
Во моментов активно работи на програмите за Намалување на Штети, во чиј склоп спроведува и бесплатно доверливо и доброволно советување и тестирање за ХИВ и Хепатит Ц. Со коалицита СЕГА работи на спроведување на младински политики.
| < Prev | Next > |
|---|
Last Updated on Thursday, 26 January 2012 15:04













