

По повод 17 април Европскиот ден на Младинско Информирање, Центарот за Демократски Развој и Иницијативи од Тетово, организација членка на Коалиција на младински организации СЕГА, организираше средба со Претседателот на Советот на општина Тетово, Ирфан Емини, со цел младите да се запознаат со начинот на донесување на одлуки на локално ниво. Оваа средба беше организирана во рамките на европската кампања „Право на младинско информирање - Отворено прашај!" – имплементирана од ERYICA (Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување) во партнерство со Советот на Европа.
- По повод 17 април, Европскиот ден на младинско информирање, група на млади луѓе се сретна со Претседателот на Советот на општина Тетово, Г-дин Ирфан Емини, како клучна институција во рамките на донесување на одлуки на локално ниво. Целта на оваа средба беше младите да се информираат за работата на Советот на општината, да се запознаат со функцијата на Претседателот на Советот како и со тоа која е неговата улога во процесите на донесување на одлуки, изјави Ненад Матески, локалниот координатор за Тетово.
Целта на кампањата „Право на младинско информирање - Отворено прашај!“ е да се подигне свеста кај младите луѓе, донесувачите на одлуки и медиумите за посебното право на младинско информирање со акцент на правото на младите за пристап до информации.
Објави во локални медиуми:
http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=15087
https://rapidshare.com/files/467422888/Mladinsko_Informiranje_SEGA_-_17.04.12.mpg

| < Пред | Следно > |
|---|
Последно освежено на Среда, 25 Април 2012 15:41















