
![]()

Во периодот од 11 – 13 јули 2012 година во хотел Глигоров – Струмица, Коалиција на младински организации СЕГА и Европска Куќа од Каен ќе организираат семинар на тема „Меѓуопштинска соработка за поттикнување на социјалната кохезија кај младите“. На семинарот предвидено е да учествуваат претставници на национални и локални институции од Република Македонија како и претставници од регионот на Долна Нормандија - Франција.
Семинарот има за цел да влијае на подобрување на социјалната кохезија на младите луѓе, преку институционална соработка на локалните и националните власти. Семинарот нуди можност за размена на искуства и добри пракси помеѓу учесниците од Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција.
За таа цел покануваме претставници на општини од Република Македонија да земат активно учество на семинарот „Меѓуопштинска соработка за поттикнување на социјалната кохезија кај младите“.
Крајниот рок за доставување на Апликации е 05 јули 2012 година на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , или по факс на 048 429 390.
Оваа активност е дел од Акцијата: Млади, Образование, Локално и Европско граѓанство во рамките на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија од Франција, раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (ALDA), имплементирана од страна на Коалиција на младински организации СЕГА – Македонија и Европска Куќа од Франција.
Трошоците поврзани со сместувањето, храната, работните материјали и патните трошоци се на товар на Коалиција СЕГА.
Преземете:
Апликација за учество на семинар
| < Prev | Next > |
|---|
Last Updated on Tuesday, 03 July 2012 10:44












