Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да се среќаваат и пристапуваат кон групи и организации доколку ова не спречува други луѓе да ги уживаат своите права."
Член 16, Конвенција за правата на детето

ЈУНИ 2016 | ПОВИК ЗА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на 14та по ред интеркултурна размена во детското село Песталоци во  Троген, Швајцарија.

Коалиција СЕГА, во рамки на проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” спроведува Интеркултурни размени во детското село Песталоци кои се посебна програма на која учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Интеркултурната размена во детското село Песталоци-Троген, Швајцарија ќе се реализира во периодот од 16 јуни – 29 јуни 2016 година (исклучувајќи ги деновите за патување).  

По завршувањето на интеркултурната размена учесниците имаат одговорност задолжително да се вклучат во имплементација на активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.

Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2002/2003
  • Ученици од ОУ ”Димитар Влахов”-Штип, ОУ ”Братство Единство”-Охрид, ОУ ”Браќа Миладиновци”-Струга, ОУ ”Елпида Караманди”-Битола, или ОУ “Гоце Делчев”-Гостивар
  • Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 16.12.2016 година.
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
  • Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, припадници на различни етнички групи, деца од семејства со пониски приходи, итн.)

Коалиција на младински организации СЕГА ги поканува сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за учество да се пријават со пополнување на електронска пријава за учество на веб страната на Коалиција СЕГА www.sega.org.mk најдоцна до 04 мај 2016 година.

Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Оригиналните пријави заедно со копија од пасош да се носат за време на интервјуата, кои дополнително ќе бидат закажани од страна на СЕГА.

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на е-маил This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ОВАА РАЗМЕНА!


Koalicioni i organizatave rinore - SEGA shpall thirrje për pjesmarrje në shkëmbimin ndërkulturor në fshatin e fëimijëve pestaloci Trogen, Zvicër

Periudha e shkëmbimit :: 16.06. – 29.06.2016

Data e nisjes : 15.06.2016

Data e kthimit: 30.06.2016

Projekti:“Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“

Qëllimi:Pjesëmarrësit do të fitojnë njohuri dhe shkathtësi  në lidhje me të drejtat e fëmijëve, me parimet e dialogut dhe komunikimit ndërkulturor, anti-diskriminimit, mirëkuptimit të ndërsjellë, respektimin  dhe tolerancën në mes kulturave të ndryshme.

Përgjegjësitë pas shkëmbimit të realzuar: Përfshirje e obliguar e pjesmarrësve në implementimin e aktiviteteve nga planet akcionale të do të krijohen gjatë  shkëmbimit dhe të cilat janë drejtpërdrejtë të ndërlidhura me aktivitetet e projektit “Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“

Kriteret për pjesmarrje:

  • Datëlindja: 2002/2003
  • Përparësi do të kenë nxënësit të cilët janë përfshirë në në projektin “Implementimi i Konventës për të drejtat e fëmijës në Republikën e Maqedonisë“ (përfshirje në modeli Fëmija Avokat dhe /ose Organizatën e nxënësve)
  • Dokument të vlefshëm udhëtimi ( Pashaportë) me afat  vlefshmërie jo më  pare se data 16.12.2016
  • Kandidatë/e që më pare nuk kanë marrë pjesë në Shkëmbim kulturor në Fshatin e Fëmijëve Pestaloci
  • Përparësi gjatë përzgjedhjes do të kenë kadidatët/tet nga  kategoritë e nxënësve të rrezikuar (nxënës që jetojnë në mjediset rurale, pjesëtarët e grupeve të ndryshme etnike, fëmijë nga familjet me të ardhura të ulëta,  e tjerë.)

Koalicioni i organizatave rinore SEGA fton të gjitha palëve të interesuara kriteret e përshtatshmërisë të aplikojnë duke plotësuar një kërkesë elektronike për pjesëmarrje në faqen e internetit e SEGA www.sega.org.mk më vonë se 4 May, 2016.

Kandidatët potencialë do të kontaktohen dhe ftohen për intervistë.

Nëse keni pyetje ose keni nevojë për informata shtesë ju lutem kontaktoni email This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  

KLIKONI KËTU PËR TU IDENTIFIKUAR NË KËTË SHKËMBIM

Last Updated on Tuesday, 19 April 2016 10:42

 

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

Contact us

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

July 2017 August 2017 September 2017
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31