Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето

ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИ НА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт започна со имплементација на проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“. Проектот се спроведува со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). Целта на овој проект е да се подобри функцијата и улогата на Советите на Млади и на тој начин да се влијае на подобрување на младинското учество во демократскиот живот.

Во првата фаза на проектот беше организирана Национална работилница „Како до зголемување на младинското учество преку зајакнување на функцијата на Советите на млади“ со носители на одлуки на национално ниво. Следуваа локални дискусии во 10 општини на кои се прибираа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции во однос на чекорите.

Во периодот од 11 - 14 мај 2017 година, во хотел Бисер, Струга ќе се одржи Национална Работилница „Подобрување на функцијата на Советите на млади“ на која ќе учествуваат членови на Совети на Млади и донесувачи на одлуки на локално ниво. Работилницата има за цел да се развијат препораки за зајакнување на функцијата, улогата и капацитетите на Советите на млади, како и за нивно вмрежување како на регионално така и на национално ниво.

Се покануваат членовите на Совети на Млади од различните општини во Р. Македонија, да достават апликација за учество на Националната Работилница. За да се пријавите кликнете на овој ЛИНК и пополнете го формуларот со бараните информации.

Краен рок за доставување на апликации е 05 мај 2017 година.

Само селектираните апликанти за учество на работилницата ќе бидат контактирани, за деталиите за сместување и патните трошоци.

* Бројот на членови на еден Совет на млади кои можат да аплицираат на овој повик не е ограничен.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте со:

Георгина Вељаноска
Административен асистент
Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Контакт телефон: 077 935 544; 048 429 390

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА

 

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

Contact us

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

September 2017 October 2017 November 2017
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31