Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Образованието треба целосно да го развие карактерот и талентите на детето. Тоа треба да ги поттикнува децата да ги почитуваат своите родители, својата култура како и другите култури."
Член 29, Конвенција за правата на детето

ЈАВЕН ПОВИК: КОАЛИЦИЈА СЕГА ИМА ПОТРЕБА ОД ПРАКТИКАНТ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

     

Коалиција на младински организации СЕГА објавува

ЈАВЕН ПОВИК за практиканство

Согласно со активните мерки од оперативниот план за вработување на Владата на Република Македонија во проектот “Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени” кој е имплементиран од АВРМ, во Поткомпонента 1.1 “Практиканство како поддршка за вработување на млади лица до 29 години”, Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за едно место за практиканство за времетраење од 3 месеци:

Работна позиција:

  • Помошник на ЕВС* координатор

Придобивки од практиканството за кандидатот:

  • Месечен надомест за практиканство во износ од 6.261,00 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и персонален данок на доход

Практикантот ќе се стекне со следните знаења и вештини:

  • Подобрување на комуникациски вештини
  • Подобрување на англискиот јазик (говорни и пишани вештини)
  • Подобрување на компјутерски вештини
  • Раководење со техничка опрема

Потребни квалификации:

  • Млади евидентирани невработени лица до 29 години, активни баратели на работа, кои претходно немаат работно искуство односно претходно немаат засновано работен однос, и кои досега немаат учествувано во програмата за практиканство
  • Минимум средно образование
  • Познавање на англиски јазик (напредно ниво) и компјутери
  • Напредни компјутерски вештини (дизајн, веб, социјални мрежи) ќе се сметаат за предност

Задачи и одговорности на практикантот:

Координација на ЕВС волонтери:

  • Да ги запознае волонтерите со културата, традицијата, начините на живот во Македонија; 
  • Да организира дневни состаноци за планирање на работата на волонтерите;
  • Помош и поддршка во реализацијата на активностите на волонтерите;
  • Административна и техничка поддршка за време на престојот на волонтерите;
  • Да го следи личниот и професионален развој на волонтерите;
  • Редовно да контактира со ЕВС координаторот;
  • Подготовка на дневни извештаи и доставување до ЕВС координаторот;
  • Минимум еднаш неделно да остварува индивидуални неформални средби со волонтерот за негова поддршка 

 

Поддршка на работата на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА:

  • Поддршка во спроведување на активности на локално ниво
  • Прибирање на информации корисни за младите луѓе од општина Прилеп
  • Помош во пишување на месечни извештаи  

Опционално (во зависност од способностите):

  • Дизајн на публикации, флаери и брошури
  • Администрирање на веб страни
  • Унапредување на примената на социјалните мрежи во информирање на младите.

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати за практиканти може да аплицираат најдоцна до 29.05.2017 (понеделник), до 12:00 часот преку испраќање на свое CVи мотивационо писмо на е-маилот:  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со назнака: APLIKACIJA ZA PRAKTIKANTSTVO.

*ЕВС - Европски Волонтерски Сервис

Last Updated on Friday, 26 May 2017 12:27

 

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

Contact us

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

May 2017 June 2017 July 2017
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30