Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на приватност. Законот треба да ги заштити од напади на нивниот начин на живот, нивното име, нивните семејства и нивните домови."
Член 15, Конвенција за правата на детето

ПОВИК ЗА МЛАДИ: НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МЛАДИНСКОТО ИНФОРМИРАЊЕ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт објавува повик за учество на Национална Работилница за креирање на Документ со Препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво“. Овој настан е во состав на проектот „Младинското информирање како основа за младинско учество”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на овој проект е да се подобри младинското информирање придонесувајќи кон зголемување на младинското учество на локално и национално ниво.

Во првата фаза на проектот беше организирана Национална Конференција „Информирани и вклучени млади“ со носители на одлуки на национално ниво. Следуваа локални дискусии во 10 градови (Прилеп, Битола, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Кисела Вода, Гази Баба, Шуто Оризари) на кои се прибираа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции во однос на чекорите кон подобрување на младинското информирање.

Целта на оваа Национална работилница е да се работи на креирање на Документ (Policy paper) кој ќе содржи препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво, формални принципи на комуникација помеѓу младинските структури и општините и подобрување на младинското информирање и учество.

За учество на овој настан ќе бидат селектирани 35 млади и тоа претставници од средношколски, студентски и младински организации, млади волонтери, невработени млади како и 10 донесувачи на одлуки од локални самоуправи и релевантни институции во Р. Македонија.

Работилницата ќе се одржи во периодот од 06 09 декември 2017 година во хотел Бисер, во Струга. Техничките детали за работилницата околу сместувањето и патните трошоци ќе бидат споделени дополнително со  селектирани учесници.

Сите заинтересирани МЛАДИ за учество во оваа работилница треба да достават пополнета апликација која се наоѓа на следниот линк

Краен рок за испраќање на апликации е 25 ноември 2017 година. Непотполните и ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат.  

Селектираните учесници на работилницата ќе бидат известени најдоцна до 01 декември 2017 година.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте со:

Георгина Вељаноска

Административен асистент

Коалиција на младински организации СЕГА

Е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Контакт телефон: 077 935 544

Last Updated on Thursday, 09 November 2017 09:50

 

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

Contact us

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

October 2017 November 2017 December 2017
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30