Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето

ЛОКАЛНА ДИСКУСИЈА ЗА МЛАДИНСКО ИНФОРМИРАЊЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, СКОПЈЕ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

09.11.2017, во општина Центар, Скопје се одржа Локална дискусија на тема „Информирани и вклучени млади“, како дел од активностите на проектот „Младинското информирање како основа за младинско учество“, поддржан од Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на Еразмус+програмата, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

На оваа работилница учество зедоа млади и тоа средношколци, претставници од младински организации, волонтери, невработени млади, студенти итн, како и донесувачи на одлуки на локално ниво. Целта на работилницата беше да се соберат мислењата на младите на тема младинско информирање, како и предлози од младите и донесувачите на одлуки за пронајдување на механизми за подобрување на младинското информирање на локално и национално ниво.

По завршувањето на локалните дискусии во сите 10 планирани општини вклучени во проектот (Прилеп, Штип, Битола, Струмица, Гевгелија, Кавадарци,Тетово, Кисела Вода, Гази Баба, Шуто Оризари) ќе биде подготвен сумарен извештај со препораки и заклучоци од локалните дискусии.

Сумарниот извештај ќе биде дискутиран за време на главната активност во проектот, а тоа е тридневна работилница која ќе се одржи во периодот од 06-09 декември 2017, во Струга, на која ќе биде подготвен „Позициски документ со препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво во Р.Македонија“.

Last Updated on Wednesday, 15 November 2017 15:45

 

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

Contact us

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

November 2017 December 2017 January 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31