Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да кажат што мислат. Кога возрасните носат одлуки кои ги засегаат, децата имаат право нивните мислења да се земаат предвид."
Член 12, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Национална работилница за креирање на Документ со препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Во периодот од 06-09 декември 2017, во хотел Бисер, Струга во организација на Коалиција СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт се реализира „Национална работилница за креирање на документ со препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво“.

На оваа работилница учество зедоа вкупно 45 учесници (млади на возраст од 18 – 29 години и донесувачи на одлуки на возраст од 25 – 50 години).

Овој настан беше креиран со цел да се воспостави комуникација помеѓу младите и донесувачите на одлуки со цел подобрување на младинското информирање и младинското учество во Македонија преку воспоставување на систем за младинско информирање како дел од целите на тематската област Младинско информирање во рамките на Националната стратегија за млади 2016 – 2025 година. Како краен резултат на проектот ќе биде подготвен Позициски документ кој ќе содржи препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво, формални принципи на комуникација помеѓу младинските структури и општините и подобрување на младинското информирање и учество.

Настанот е дел од активностите на проектот „Младинското информирање како основа за младинско учество“, поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+, Клучна Акција 3, Структурен дијалог помеѓу младите и донесувачите на одлуки.

Целта на овој проект е поголема информиранот на младите како основа за зголемување на младинското учество во креирањето на јавното мислење, односно во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво како и поголема интегрираност на младите во општеството.

Досега Коалиција СЕГА има организирано пет настани од ваков тип, во рамките на програмата ЕРАЗМУС+, Клучна Акција 3 со цел поттикнување на дијалог помеѓу младите и донесувачите на одлуки на локално и национално ниво.

 

#365работничкиправазамлади

Национална Кампања 365 Работнички права за млади

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

December 2017 January 2018 February 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31